Ева ева….ти реков јас тешко се добиват ти не. Една недела вртиме. Абе барани се интересни си и зато……шшшшшшшш јес, ѕвонит. Абре затни то муцката таман ги добивме: “ го добивте +389 бројот за забава и поддупнување на државниците на Република Северна Македонија… за да го прцате премиерот притиснете 1, притиснете 2 ако сакате председателот да ви рече ЉУБАВИ или било кој друг „ескплицитен“ збор, ако сакате Димитров да ви говори пинаку до премиерот притиснете 3, 4-ката ќе ви донесе задоволство да се згазите од смеење со Мицковата амнезија каде ќе ви каже за друга партија дека е криминална, притиснете 5 за….

Ваууууу . Убајна. Лелелеле. Абре алал да им е. Ово нема ни у “Жикину шареницу“ на РТС-у. Ееее да ти кажам ова се викат демократија. А не од онега шо носит тупе на црпкана. Дури да ти кажам ми се чинит ова нашево во позитивна граница го проби лимотот на демократија. Ако Лондон го имат Пикадили, ние цела држава, цела НСРСМ сме Пикадили парк.

Абе кај го имат ова, во која шареница од држава, да мојш ко ќе ти прднит да му се јавиш на премиерот и да го прцаш, да му зборвиш, тој да се просерават…..абе убо вака шо напраја. Алал да име. Покрај шо се докажавме како демократи, ќе пукневме од досада зш летово немат ни “Фчерашни“ ни “Зевзекаманија“ ни …..ама кажи искрено….се врвит без зевзеци, без смеење а? Не така?

Мада види вака. Јас сум да се воведит уште една типка горе во службана +389 кај шо ќе может да се јављет љуѓе кај Гоца и нека е рубриката ….“Забремени…не оди затвор“.А? Не вервам ама можда Сеад Кочан ќе се спасит од апсаана и не само тој. Ги искинаа докторите од земање потврди. Од све се разболеa да им се прднам ги исцедија сите дијагнози. Му остана на Сеад да пишит ЦИН1, ЦИН2, циста на јајник….а то не е малку гупо а?

Мада си викам јас за Кочанон и да се јавит на служба +389 шо бил научил? Ќе свртит Кочанкава и Гоца: прво бидете сигурни во плодните денови…ќе зејт Кочан мал календар и ќе шкртат и ќе пратит значит то мојт ќе пратит....обавезно да сте бричени……ска проблем…….ослободете го вашето тело од облека и легнете на грб…Кочан спремен мојт и ова….вашата положба треба да озбезбеди примањето.…. е овде шо прајме.А? Ќе мојт Кочан? Незнам медицински дал ќе мојт но според мене ќе мојт. Ко мојше да го товорит џоџола да фукат толку многу пари, сега нека му кркат џоџола зш мислам за да пофукаш толку пари џоџола уште не му е затворен. Е нек го примит сега.

А пусто шо прајме со ЧЕ? И тој пусти се поболи. Незнајме дијагнозата, мојме да нагаѓаме. Јали е воспаление на грлото на матката, јали полип на матката, јали појачано бело прање или пак појачано прање на пари не смејме да тврдиме. Мојт свашта да е и кај него и кај Кочанон и кај сите пусици шо акаа акаа акаа од народов и од акање им се намали имунутетот и сега све нешто ги фаќат.

Мада незнам зш се поболвет. Зш едноставно не се извинет за делата шо ги напрај ја, а ние како народ со си комплетното судство сме широкогази и ќе ги разбериме и нека пичет на слобода. Не така?

Само едно ме јајт мене јанѕа. Се извина Ивона, мислам дека и тангата ја испра, се извини Латас , овие двеве, Кочан и Миле нек се извинат, зш ионака шо прает, преет зш им теквит од гулаш шо јадет и све нека бучит на слобода. А јанѕата е дан му станит навика на ова широкогазново и секому да му прошчат.

Зато имам апел до суствово на НСРСМ: аман никако, ама за ништо да не му проствит на онај шо украде 20 кебапи шо го исудија….не сум сигурен ама мислам дека на смртна казна шо е нормално за вакво грозоморно кражбено дело. Ама никако. Та штета немојт да се мерит со она од спомнативе пусици. А пак ако се осмелит онај батецон со 5-те марули да се извинит, да се лигајт да не ви текнало….за него одма сабјата и џанг вратот.

Абе да се разбериме…ова правна држава е или шо е ? Како? Ам знам дека е ИЛИ ШО Е, ама ми е незгодно да пишам така во колумна.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите