Абе ксмет голем сум имал. Ме спаси мајка ми. Морееее колку сакав да бидам медицинска сестра и то во Штип.  Ко ти викам. Ама не само шо не даде да бидам медикалка туку и не даде да се мажам во Штип. Да бев така ќе ме здрвеше сега Коле. Или ќе ме подфатеше на спијање или на пушење. Морееее шо им напрај чоекот.

Ам и тие, сестрите, глупи ко тезгериња. Знајш дека спајдермен е во Штип знајш дека ќе те контролират и пак. Јас да бев не казни, вид виделина ќе се невидеа. Абре море како можело ти да му спијаш или пак да му пишиш на министерот. Ај да си сам подзапали ама вака не ја биват. Или пред некој друг неважен како директорот на центaрот, како главната сестра, како …. ам на министееееррр алооооооо. Кочи.

Ете дојде спајдо и живи ги фати. И ги казна. И нека ги казнит. Ај сега да ги видам нека пушат со 15% цап на платата три месеци. Ан де де. Ама пак се среди све. Тодорчо со вакви посети среди се. И требит вака да ојт. Како прво, кој да контролират каква е дисциплината, хигиената и сите тие работи во медицинава ни наша насушна? Директорот????? Инспекторот???? Министерот ами како. Ете, како прво и прво им пуштија парно свечено дур беше тој таму. На медицинските браќа мадињата котки им беа, а на сестрите мантилите ко шатори од пупките.

Само не ми е јасно зш ги казна за спиење. Сестрите. Ај  за то шо пушеле разбирам. Прво со закон е забрането после пак не е културно да пушиш, а министерот да те гледат. Не така? Ам пак за спиењето……Незнам. Абре жените се уморвет алооо. И како да не легнат. Не е лесно од ко ќе дојш на смена да седниш пред телевизор и да ги заредиш “Љубов и казна“, “Плачот на виолината“, која беше друга….“Лале“…пример…“Кај ми е ќерка ми“….

И знајш шо е зезнато. Анџак Јасмин се сретна со Саваша, дур Чичек го пријави Ахмета, а Назан му фрли јадица на Бора и таман ќе му кажеше за Омер малиот…..зввврррррррррр. Абе у шесто све да ојт. Кај најде тогаш да му слошит на некој си дојден на врата. Или сега ко шо е сезона пресекол пола рака со секира во цепењето. Ам нек завршит Јасмин со мубаетот и ѕвони да би ѕвона на гла ти штракале и ак сакаш двете пресечи ги. Трите. Гојдо. Ја прекина сестрата. Абре јас нерви кинам. На такви да дајт Господ море пролив на раскрсница да го фатит…..пример….или да му се испуштит, да прднит на родителска кај ќерка му. Свињи.

Абре ваков министер ни требеше. Да ојт на контрола и све да проверит. Да влезит и во нужници, да видит дали е скинат синџирот од она за казанчено  за пуштање вода. Да видит дали чучањацон имат рецки кај стопалата или мојш да склизниш во купојте. Па да се проверит дали бубашвите јадет бајат леб или пак им се пикет вкревет и ко ќе им донесет на болните помија од неа им крадет. Ак е како ова второво да ги нападит. Како ам. Зошо е министер. 

Абе зборви шо ќе зборвиш ама чоеков ќе ја средит медицинава. Рака на нога за мене тој е Полат во медицинава во самостојна, независна, Република Македонија. Ам како. Абре ќе ја спасит. Пример….со то шо ги заштрафи да не спијат и да не пушат ќе се зголемит бројот на лекој на позитивна листа. Друго…..ќе се створат услови пензионерите полесно да размислат и одлучат дали им е поисплатливо да умрат или да се пензионери. Плус то ќе се унифицират бојата на конците за операција шо си ги носиме од дома, да се одредит тип на креветот шо ќе си го носиш ако лежиш на болница. А не шаренило. Некој со дормео некој со сламарица. Не така?

И да ти кажам искрено, ама нај искрено , не ти го зборвам ова ко некој политичар, едвај чекам да дојт во Охрид. Да бе. Ам јас охриѓанец сум, кај шо е Аце татко на градов да му се прднам и во него. И одма да ги средит овде сестриве. Прво да ги репнит зш носат елеци. Да бе. Шо ако е минус 2 и шо ако не се пуштат парно. Кој се тие да носат елеци да им e  потопло кога на сите контроли Полат ојше со тенко сако?А? Додуша не дека ќе имат кизнајт шо да контролират  во Охрид , зш пола болница ја немат ама пак колку толку сега како шо организира сегашниот директор на медицински центар во Охрид све му е на едно место.

Ко ќе влезит во кожно ќе ги исконтролират ушно. Да бе. Ако сакат да ги затегнит на хирургија ќе си влезит на нерво. Ова само навидум е збунивачки иначе си е организирано потаман. Е зш? Зш ако некој фатит алергија на кожана ќе спиздит ќе се дерит, ушите ќе му се растртушет и одма го префрлет на ушно…пример…Е сега. Ако ојш на нервно, за пет минути ќе завршиш работа кај докторот, а ко ќе ојш кај сестриве, со новата реформа во медицинава, пишат 37 минути, па ојш до Подмоље да платиш, па се враќаш и ќе ти текнит дека сето ова е зш Република Македонија е слепо црево на балканот.  А? Ти теквит? Да бе. Одма на хиругија и ти го ваѓет слепото. Како ам.

Зато јас уверен сум дека медицинскиов Полат прајт како шо требит. Така да…..уф….Ај ќе ти докажам следниот понеделник зш ми се јави Влатко Симјан имал напраено баклава со вишни…морал сам да прајт….Рени од пред една недела чекат ред на ехо….а јас морам да ја пробам. И то намерно. Зш алергичен сум на вишни, сакам да каснам да се нафрлам цел во кожава за да морам да одам ушно.

ЏИМИ
[email protected]

*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите
и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.