Е значи алал да му е на шок Адеми. Абре она добар чоек со нерви да трпит некои мрсулковци шо не знает шо барет и да не се изнервират и да не ги отерат у шесто, ни се родил, ни ќе се родит. Или евентуално ак се родит ќе требит еден да опериме з`ш за двајца толку интелигeнтни немат место на планетава. Ќе се туркет.
Море деца знајте вие дека си имате работа со најголемиот познавач на образованието или не? Аман бре деца свестетe се дека пред вас стојт Анјштајн за образование, а можда и наука. Алооооо кој мојт појќе да ја разбират оваа работа од инжинер по металургија? А? Плус то и то шо го имат завршено ептен го имат простудирано. Наместо за четири години, осум се акал по клупите. Па то бре брате е простудирано и прочачкано како ориз требење.
Абре немојте да го нервирате шок Адемчо. Јас искрено да сум ко него одма ќе ве спашкам. Па немојте така. Па тој шо го клал на то соодветното место за него и то по струка не е зеленко. И не само за образование, чоекот многу знајт и за ова и за ОНА, ама едно изгледа не знајт. Заебават, ги игнорират и се понашат како шериф спрема идните гласачи и требит да знајт дека кожата баш од нив му зависит.
Само то ми е замерка кон него. Друго нека терат. Ак знајт кај терат. Мада тој не е како шок Али Амети. Е овај чоек колку го сакам, значит бетер од сестра. Уште појќе…како сесра. Све шо прајт, прајт за доброто на НСРМ. Ете ојде во Косово да се сретнит со Асим Тачи во својство на….чекај во својство на шо беше….знам дека званично не го пратија ама мислам дека на патниот налог му напишаја дека е во својство на зет за две сестри од прва брачеда, на тетин на стрико му од тетка му на Тачи. Така нешто.
И виде. Одма му предаде на Тачи список од 50 борци за права кои учествувале во нападот на караулата. Мада одма кажа дека тој немат појма и врска со тој напад. Е сега малку, нагласвам малку ова ми изгледат дека овде во државава некој некому прајт нешто од областа на сексот во здрав мозок, да не речам го дупит во здрав мозок зш не е културно. Не така?
Батали то. Тук јас сум прерадвен шо конечно ќе имаме медитеранска плажа во Охрид и то прва на Балканов. Во Лагадин. Преубо. Да молевме на то место да ни напрает плажа ќе не откачеа. Зш сите поволности ги имат. Преполно е со медитерански растенија, како пиперки, патлиџани, кромид, та млад, та стар, крастајци, компири, пашканат и др. Последно време како да разбрав дека почнале да садат и ендемичен вид на медитерански тикви.
Шо значит дека шо се однесвит до природните услови и пејсажните вредности се тука и не требит ништо да се вложвит. А и гостите шо одат Лагадин рекоа дека им фалит ваков вид на плажа и забава. Знајме дека пред се се фамилијарни и луѓе малку, ептем малку повозрасни негде околу 80-тина години, таман во цутот на младоста.
И баш то им фалит. Како можело баби со секси купачи, оние шо се со врвца во газот горе само по едно парталче, да немет такви забави како пена парти, џускање, рум дум дум ритам, техно, рок, хардрок и други за нив интересни забави до 4 сабајле.
Јас на пример кај шо сум бил, а имат така постари луѓе, немам сретнато досега баби да не скокет од скокалници како ластојци во вода. Па прает триста салта па скокање клопче. Абе убајна. Остават количката долу, маж и го ваѓат вештачкиот колк, се качвет на трамбулина и тој на ен два три ја летвит. А? Убајна.
И друго. Ќе может бебињата и децата мали да си ги клает на вуферите ко ќе ги заспивет за да се јачет малку од мали на гласна музика, на штрецање, да плачат малку да ги развијат градите. Или пак да го викнет Зајко да им фрлит некоја бомба и кое ќе преживејт ќе е надежно Македонче.
Мада ко ќе се родет доста е да им кажиш дека им паднало да се родет во Македонија и ко ќе ја рикнет со плачење, цел живот ќе се мрсулает на судбината.
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.