Ах како сум љут на татета. Ах ми идат….а бре шо се преселвеше од Дебрца бре аман да би…как не ме остај во то лепешките селски да се прпелам, да станам сељак тежок, а ко ќе пораснев малку ќе одев на нива да работам и можда баш мене ќе ме одбереше да бидам спасител, месија на Македонија, не го зеде онега…..ах леле. Од сељак ќе станев спасител.
Бидна. Иначе за малку ќе останeвме и овај понеделник без колумна. Ко ти викам. Се нешто ме спречвеше, ме кочеше. Реков ај ќе ја пишам кај брачеда ми и тргвам ама морав да поминам по Питу Гули. То ти е она улицана кај шо Баки најави дека итно ќе се реновират и коловозот и тротоарите, море ако требит и дворојте, све со цел за арно на охриѓани, а богами и на цел народ од НСРМ.
И едвај стигнав. Зш ко шо најави Бакрачон уште неодржан говорот ко му писнаа машините да работет, да реновирет, то чудо едно. Па можда имаше негде над 100 машини шо баботет. Ако те лажам да дајт Господ 3000 еври плата да земам.Абе то се копат, се равнит, пак се копат, па цевки се редат, хеликоптери одозгора чакал фрлет, па се равнит…и шо најмногу се зачудив одма позади се редит асфалт. Абе не се ни гледат дека тука е работено. Зато денојве јадет лајна зли језици дека ко си ошол Бакрач одма заминале машините. Само да се зборвело. Па Баки не е ко другине политичари да лажит…не така ?
Нејсе. Поминав и продолжив прво да средам да одблокирам сметката зш ми ја имаја блокирано не сум платил две кесиња сода бикарбона и едно црн бибер во зрнца. Немат мрдање. Морат да се платит. Одам во мојата банка и ми викет дека сум блокиран од друга банка. Ојдов во другата и ми кажаа дека е блокирано од извршител, ама не знаеа од кој. За да дознам од кој, одам во централата на банката, ми кажаа и му ја писнав кај извршителот. Не бил ден за прием на странки и сакаше да ме вратит ама го замолив со 10 евреи и ме прими. Ми објасна фино чоекот дека требит да донесам доказ дека сум вработен, ојдов на работа, зедов, се вратив и ми рече да уживам за 3-4 дена ќе ме одблокирет. И ете….дур речиш оториноларингологија за само 4 сати свршив. Експресно. Ам ние бадијала не воведовме едношалтерски систем. Само пред да почнам си купив мој шалтер и со него одев сегде. Со едниот.
Нејсе. Конечно тргнав кај брачеда ми и ја гледам та пиздит. Нервозна. Ја чистела септичката јама. Да да. Со септичка се расправет. И пцујат, викат ебати државата ова она…..алооооо кочи. Шо ти е крива државава. Нормално е да имаш септичка јама чим живејш во Охрид а уште не е дојден 22 век.
Имат поприоритетни работи во нашава оаза да се напрает. Како на пример шо рече Тодоров во Струга. Од ептен битно значење се магистралните патни правци да не речам аутобаној како што се реконструкција на регионалниот пат Струга-Драслајца-Биџево, рехабилитација на патниот правец Октиси-Белица, како и реконструкција на патот од Струга до Радожда. Зш преку Радожда, Драслајца, Биџево, па стигвиш Октиси и одма зад Белица е главната трансверзала Белград – Доха – Сиднеј преку која сите туристи ќе се втурнет во двата правци до и од НСРМ.
И да. И помогнав да ја исчистиме јамата, мада морав в лице да и кажам. Не дека државава не сакат да напрајт канализација туку и то е дел од проектите за развој на НСРМ. Делми сакаме да сме оаза, а во оазата е полно зеленило ова она, и зато е здраво да се пуштат гомната во македонската почва сето то да се наѓубрит.
А ко шо сме во државава полни со гомна нашава оаза ќе е оаза и пол. Можда и две. Види сега не дека не мојме да најдиме гној или вештачко ѓубре. Мојме. Посебно гној. Зш кај да се свртиш во Македонија е гној до гној.
И не успеавме да ја исчистиме јамата. Ни дојдоа многу луѓе на помош ама ништо. Мада јас мислам дека цел македонски народ да се собереше пак немат да успејме да ги исчистиме сите гомна шо се напраени во НСРМ.
Џими
[email protected]
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.