Де бре пак ти. Ништо спектакуларно. Кај мојт во НСРМ да се случит нешто спектакуларно. Ај Господ да чуват и да бранит како си запнал. Шо да ти кажам море. Еве вака ај ко си запнал. Ама немој да си пријавил на УЈП или некоја друга инспекција. Чек чек. Ај заколни се во Катица спецон. Е сега ти вервам.
Ам влегов и купов пиво “Крали Марко“. Во цел град 80 денари во дуќанов кај шо бев 100 денари. Прашав з`ш и ми рекоа: “ам море абре ти како сакаш да пијаш пиво во 2 на полноќ“. Се опулив во сатов, се опулив надвор дења. Абе реков јас не е 2 по полноќ ами е на пладне. И велам на лепотицата, мада втикачена беше во фрижидерот и само газот преку фармерки и го гледав, викам: “ам како давате пиво после 19 сатот и ради то го матинате по 20 денари појќе преку цел ден?“.
Море чоек ко се испрај, ко ми се с`сна, нервозна, санќим и дојде менструација дур е низ Југославија на екскуразија, а околу нејзе све пастуви. Си платив 100 денари и си ојдов.
Е сега не претерви не ти кажвам во кој дуќан беше зш мојш да пријавиш, а жал ми е. Зш да не не’ репет зш кој стигна ни го пикна. Абе не запви. Не ти кажвам кој дуќан. Не не никако. Знам как се викат ама не кажвам. Еве да ме остајш на мира завиено ептем ќе ти кажам за никош да не ти текнит кој дуќан е. Кај шо застанвеа порано многу автобуси и….толку. Не досадви појќе. Ако се сетиш пријави ги, а стап ќе се сетиш зш ништо не ти открив.
Знајш како се нервирам. Тук луѓево немет шо да прает и све нешто сензации од све да напрает. Еве ко случајов со тој некој. Слетал Белград со пиштол во торбата и ајдееее мајкааа кренаја џева, ова напрај она….Мирни бре. Ви кажа тој. Ја ф`тнал торбата. Зш јас колку шо знам тој си имат една соба само за торби, спремни, спакована и на нив си пишит на ливче со селотејп која да ја земит во зависност кај ојт. Чоекот тргнал на пат не расонет, набрзина и наместо да ја чапнит она за Србија, не сакајќи, не видел, зш уште со гурелки на очите, ја чапнал она за пат во Сирија. И шо сега имат овде сензација жити леб и пиво “Крали Марко“ од 100 денари наместо 80 денари?
Пак се појавија некој гласини дека Латас го паковал и не приметил која торба му ја дал. Глупости. Наводно Латас ко ќе го видел него од шо бил заљубен во него се в црвенвел целиот и незнаел шопрајт од возбудак ко шипарица и не приметил која торба ја фатил и му ја подал. Така велет луѓево злобни неуки никакви. А искрено јас во ова не вервам, зш се виде пред некоја вечер кој во кого е заљубен.
Бар така видов на “Јади Бурек“. Мене така ми гледаше. Можно е Латас и Јанко да се заљубени. Зш едно-едно овај му ојт на гости кај вториов. И се виде јасно во емисијата како милно Јанко го гледаше. А овај првиов имаше блажена фаца санќим бурекон го фелационират ко да се на прва брачна ноќ . И уште еден факт. Ако Латас беше фелационистер ќе беше со секој шо е на власт. А јас лично и искрено тврдам дека по политички недеформиран и недоопредел немат.
Уште една квази сензација. Ај жити све кажи шо сензационално имат шо Зајко ошол Израел. Те бил заради прислушните материјали, те го пречекале како премиер те…..абе глупости. Чоекот ојде, како она шо е најпознат на Балканот, беше пречекан и мисијата ја реализира единствено како земједолец, производител на крастајци илити по нашки ко шо викаме како крастајчар.
Мораше чоекот да го проширит пазарат за неговиот ендемичен производ. Кратајцата. Ете во НСРМ чоекот се трудеше години да го пласират својот производ и искрено многу македонци задоволи со крастајците. Години им ги продаваше ама ете овај пазар се засити од Зајковата крастајца. Зш колку и да ти се убај сепак се исти, а народот сакат промени во некој работи. Веќе не врвет во Македонија Зајковите крастајци. Требит или да го менит производот или да се менит прозводителот.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив