Абре будала чоек. Не ме видел одавна. Ам кај да ме видиш море окапав во Скопје. Саботата поручек ојдов, сношти си дојдов. Како ам. Абе за одење и така и така, ама за враќање едвај се вратив. Да бе гужви па па па санќим главна трансвезала сме  Њу Делхи – Св.Наум. Да бе. Абе прво сам се заебав. Само шо излегов од Скопје на автопат застанав да се помочам з`ш знам дека сите мочет тука. А да влезам застанаа едни млади германци брачен пар. Праеле златна свадба и тргнале да се расешетет.

Му викам ела овде мочај си уживај. “Најн. Ду бис дојдензи Мацедонише виден еуропен турустише атракцион“ Семафорензи ун дер аутобанен штрасе“. Семафорензи штрасе.“  Ар море Адолфе ти си со сите шо лупаш ил чoрапите те стегет. Каков семарфорензи штрасе бре ашлок еден. Кај си видел ти на автопат семафори бре немец низаеден. “Ун дер Мацедониен“.  Ева ева си среков. Јас чисто крвен македонец, плус НСРМ-овец  да не сум си ја знаел татковината?

Тргнав по него тој да ме носит и ми текна дур ко стигнаве. Абре овај ти мислел на семафорине два на Стража и кај Ново Село Охридско. “Ја ја. Нојхет Дорфен охридаше“. Море луѓе она го немам видено. Онолку народ, од каде не беа дојдени. Море селфи , мелфи, па цели фамилии, па носеа баби пред умирање како последна желба пред риквење да видет семафорензи.

Посебно кај Ново Село штрасено шо да ти кажам. Ете ти судбина. Гради ти споменици, коњски мадиња, наколни градој, а со ова не сакајќи збуфна Македонија, се рашири ко гајда. Јас не оти знам кај ќе ги примиме. Е зато ние си ги чуваме долго време. Е зато ние кладовме уште еден на Стража. Е зато ќе си ги држиме уште сто години. Да ти се пљукнам на езерата и други природни и историски споменици. Семафор му е мајката. Све е до математиката.

Ама пуста метематика заебана е. Или не е заебана ами некој не ја сваќат или трескат зелени. Еден Брус Ли, каратист, шо го сјеба образованието, па го префрлија да го до сјебит здравството, не ми теквит на името, рече дека една предходна влада избркала од работа 200 000 луѓиња. Еми бате личен два и два се четири. Ако твојата влада вработвеше како шо рече газдата 600 луѓиња на ден, а вие …ај пола мандат нека е 6 години, то е 2190 доној, односно 1 300 000 вработени. Значит бате лично паметно то ти било ефективно 1 100 000 нови вработвења.

И сега не разбирам кај е проблемот? Според тебе имавме недостаток од луѓе за вработвење. Јас искрено сакав во пресрет да ми ти излезам и ја замолив баба да се матинат со некој комшија да природит некој дете за да се исполнит твојот план за вработвење по проектите. Баба беше расположена, дури пустата купи и подвезици и јапански кугли ама в село кај нејзе освен чојсани волина ништо не пркна да ја онадит.

Мада злато мило немој да се секираш. Не ти е само кај тебе проблемот со сметањево. Мислам рачунвењево. А за сметање не да ми сметаш тук трн в око ми си. Туку и Грујо пусти се испомеша нешто. Кажа дека 25 000 студенти не плаќале за превоз, а во превод то значело дека родителите заштедиле 42 000 еври. Ашколсум Коле. Фала ти премногу. И јас сум еден од тие родители. Арно пуста математика ко да те кинит.

Е не прајсе бре брате наудрен. Напрај математика ќе виш дека јас лично како родител сум заштедитл 1.68 еври. И да ти кажам. Фала ми ти гение мој златен. Со заштетдата ко му писнав ко му р`снав, ги трошам тие едни еври, па пола ми останаа и за пост дипломски. И ќе го  запишам детото на пост дипломски з`ш ќе заштедам уште евро и пол, па ожда две ако поскапит картата. А ако трчат по автубост наместо да зе возит и сите 3.

И после јас тиквар тикваросан, не ти, се чудам з`ш ова НСРМ-овскиов народ му писна на прошетки, на викенди, на мезалаци……а то ти било како причина на последицата на еден од твојте феноменални проекти. Ашколсум Коленце. Аферим.

Благодарен сум многу. Ама не се замарам многу зш го чекам Зајко, з`ш пустиов батали и фамилија и крастајци и Муртински пиперки само да ја опрајт државава и чекам да средит со тие 500-тини еври за секого во НСРМ, мада шо потреба з`ш ти со картиве за студентиве шо немет да платет ни перница а не кревет, зш родителиве останаа беа работа, да те барам. Ак заебит муртинецов. Ам бате не лути се шо викам така. Морам да изберам од две, едно шо помалку мирисат. Од вас зависит. Без љутење. Ова е смо фраза.

Џими

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите