Море како не ми се родит уште едно дете. Одма ќе го крстев Љамбе. Да бе…во чест на “ОДВ Електрик“. Ми текна. Неморат ново да ми се родит, овие шо ги имам ќе ги прекрстам во Љамбе и Љамбислава. Па шо.

Абре готово е со кризата, мислам економска, во Охрид. Ете си дојдоа, не марсовци ко шо траскавте зелени ами дојде “ОДВ Електрик“ и почнаа на ангро вработувањата во Охрида Града од Самоила. Како ами. Во прв момент ќе се вработат ….еееееејјј алооооо 25 луѓе, еве и со зборој ( со зборој ) а после то ко ќе рснат вработувања то ќе бидит економски бум, не на гла, ами нормален бум во НСМР.

После то следвит вработвење на, ми тресет нозеве да кажам, уф…..1000 алоооо 1000 луѓе. Е. Само да ги помолиме уште 500 да вработат и тогаш сите млади во НСРМ ќе се вработени зш толку останаа сите други у свет фатија, останаа само бебињата до 6 месеци цицалчина, посебно од Охрид. И дури извршниот директор на “ОДВ Електрик“ Цубалески рече вработените како плата ќе примале огромни цели 200 еври и то пази со си хранарина, водарина, мочарина, крпарина, и патарина, ако одат по асфалт на работа или пак прашарина ако одат на работа по земјен пат, сега и каларина да да …. 200 еври не се заебанција.

Дури Цубалески нагласи дека оваа плата е претаман зш не сме можеле да очеквиме македонска продуктивност, а германски плати. Пустиот рече дека оваа плата од 200 еври ти биле над македонскиот просек. Тој рече јас исповратив. Зш види, некој овдека некому му прајт нешто од областа на сексот во здрав мозок. Пошто пред некој ден поточно на 26 септември заводот за статистика рече дека просечна НСМР-овска нето – плата е 21 350 денари. Ко ќе ги претворам оние 200 еври во денари никако не ми идат над 21 350 денари. Незнам.

Е зато пак појќе жена ми не ќе мојт да ми прајт секс во здрав мозок дур ја возам в кола. А забрба нешто, а ми досадвит, штикли, микли, фустани, плочки, мочки, полека не претицви…..џанк првата полициска станица и нека ја втикачет 50 еври. Како ам.

Со новата казнена политика ќе ни цутит сообраќајот. Мене ме бендисвит шо големи мислители го имет составено казнениот ценовник и то реципроцитетно со наголемување наплатите. Октомвриската плата се креват за огромни 4% а казните за 400000 %. Е сега на видум не е исто, ама математички ко ќе ти текнит дека по декартовиот систем нулата немат значење то ти е исто. 4 си е 4. Само не ми теквит убо за нулите дал не важеа ак ти ги закачет одпозади или однпаред не важеа. Од негде знам болеше ак ти ги закачет.

И не само то. Со новите законски одредби во сообраќајот ќе се намалит швалерајот во НСМР со то ќе се спасат многу бракој и ќе имаме многудетни семејства. Зш види според законот со гнасни колца, ако имет кал, немојш да излезиш на асвалт. Зш ти не ќе се матаниш со мануката на некој асфалтиран осветлен паркинг, ами ќе се впуриш негде по грмушкине и есевна ко шо врнит, лајно гумите.

Така да ќе си и кажиш на швалерката наместо танги да носит, да си облечит шалвари да ги забришите гумите. Зш излегвиш на асфалт ти ги провервит гумите, опаааа не се бришани данк 100 еври. Е сега незнам дал тебе и швалерката ќе ве провервит дал сте забришани ама за калта знам. Можда да и напрајт екстерно незнам.

И друго. Алал да му е на ајншајнот шо смисли шо опрема требит да имат еден велосипед. Еве да спомнам меѓу другото требит да имат клинести подлошки, кочници, циклокомпјутер и пилсиметар пумпа, алат и прибор, бидони и држачи за бидони, седиште за деца, алки, закачалки, ластици, мотушу, котуши, чешел, игла и уште некој работи. Само овде заборај ја уште три работи. Прво приколица двотонска за све да клајт. Второ лопата, метла и кеса, зш ако повредиш некој а не му помогниш кркаш 250 еври. И колонска вода. Ова е најбитно. Зш ко ќе поминит покрај мене ќе паднам во несвест и одма да ме прснит со колонската ко Али Риза.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.