Све си јасно ко ден. Незнам как не разбираш. Или си глуп или нозете ти смрдет. Ќе ти објаснам ама не ти откривам идентитет во интерес на истрагата и молим те не љути се. Значи: Се појавил од негде со џипот допол. министе. во министерството за труд и социјала, висок 180 цм, ја чешлат косата на десно и имат кафеави очи, се одзива на името Диме, лицето Д.С.. Вака ти кажвам реков зш. Многу многу податоци не се потребни.Трајт истрагата.

Со него била и долгокосата, со плави очи, црвен минич, штикла 12 цм, член на УМСМ на ВМРО, лицката Т.К. која седела на д.седиште од џипот Туар. шо значит била со возач, шо значит не воз. Ко шо возел Д.С. седејќи до Т.К. поминал – овде можам отворено- Џон Вејн со пиштол и Д.С. се уплашиш се посрал и ошол на задно седиште да си менит памперсите.
Ко се префлал мавнал во некоја кола, а во меѓувреме на сцена стапвит М.Т. кој се реинкарират во Д.С. седејќи до Т.К. и продолжвит да возит. За кратко Д.С. ги менвит пелените седвит на местото на М.Т. , М.Т. се префрлат кај Т.К. , а Т.К седвит позади ама зад Д.С. не зад М.Т. Е сега овде незнам како наеднаш го снемвит М.Т., а Т.К се телепортират до возачот Д.С. кој всушност не возел зш возел М.Т. така рече Т.К. која вусшност рече дека не рече дека рекла дека возел М.Т. туку Д.С. Јасно ти е сега? Е како ти го смелив умов. Мене све ми е јасно. И знам дека институцииве во НСРМ имет големи М или голем Г па ќе го решат случајов жими К. Ам како. Аааааа….е то дал на крајот ќе се земат Д.С. и Т.К. зависит од режисерите на сапујнцава.

Тук нивни проблем. Кажи ти шо прајме со ова криминалциве во НСРМ. Абре се множат ко иселенициве наши. И то окорени, озлогласени, немилосрдни бре бре бре. Јас разбирам да крадиш, ама кради со усул. Еве сега абре се дрзнал Н.С од Крива П. алооооооо да фукнит 8 ејјјј и со зборој осууууууммм тегли ајвар и три , абре цели три шишиња сок. Замисли. И ко секоја правна држава џанк казна од три месеци, ама исприштев од нервоза се херпесосав шо казната му е условна. И плус квалификована како тешка кражба зш нормално 8 тегли ајвар не се брбушки од офца. Тежат.

Абре земи го не три месеци, абре три децении одма на извршвење. Абре ако требеше чинаров наш ќе му го однесев во К.Паланка само да го обесеја. Зш види, државава наша е средена, имат 30 години праено бомбона бизниси, така да и НСМР е бомбона, а овај тикваров ти зел да крадит. Ај да речиме дека бил гладен и имат крадено за јадење ќе намачкаше едно парче леб со ајвар. Пак згора на то и три сока. А никој немот да ме убедит дека ги зел за пиење. Ам да испиет цели 3 шишиња море ќе се надујат ко слон и ќе пукнит ко балон.
Абре гарант ќе ги шверцоваше во Домониканска република за да ги шитнит. А таму ајварот ојт ко мачкан на леб. Се тепет. Ич малку ич малку ќе ги продаеше ако не појќе и ајварот и сокојте бар за 150 евраа. Алооооо абре то ти е скоро просечно македонска две плати. И после прчиго К цел скоро два месеи. Е зато неојт напред НСРМ, само ради овие крвници.
Пак и тој глуп. Ако ти е за шверц шо туку крадиш бесценети работи и ја оштетвиш државава за 3-4 споменици? Абре оди ко чоект ко шо прает сите, шверцувај, кради, препродавај марихуана, хероин и друго прокурори. Нит те бркат некој нит те смрдит. И ако случајно се сопниш на некоја иснтитуција задолжена за то немат шанса да те осудет. Глуп.

Как не ќе те мавнело срцето. Све шо кажав е нормално за нас не туку палрдисви сега и ти. А и да те акнит срчката ич да не се секираш. Виде шо кажа Н.Т. ? Проектот за развивање на Државната Кардиохирургија на клиничкиот кампус “Мајка Тереза“ е успешен и се појќе се модернизират и појќе луќе се спасвеле од мавање на срчката. Баш вака рече: “Бројот на хоспитализирани пациенти оваа година е дупло поголем од минатата година“ – рече тој и не само тој и јас се посрав од радост. Замо незнам зш се посравме од радост , малку бев збунат. Први си реков како мојме да се радвиме зш се зголемил дупло бројот на инфаркташи. После си викам, дал дупло е зголемен бројот зш нешто се модернизира? Или пак можда од година во година се зголемвит бројот на срцево-причинителни-инфарктовни причини? Она како стрес, немаштија, неплатен кредит, хипотека, висока сметка и други глупости шо го имат во оние земјине од третион свет.

А кај нас како развиена земја од четвртион го немат. Зато ми е чудно.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите