Абе пред некој ден бев кај…..бев кај….од разбирливи причини како шо е во тренд сега идентитетот на мојот домаќин ќе останит неоткриен…..значи бев кај К.Н. шо живејт на Ванчо Питошевски бр.6б 3/5, да појаснам спрат 3 стан број 5, чоекот работит како таксиста и имат кола Ш.Октав. регистрација OH-4176 – AB, мајка му се викат Мица, татко му Сандре, висок е 170 сантими, тежок 65 кила, секогаш носит портокалева јакна, жена му е Јоца работит во трафикана на ќошон кај автoбуска, плава е со долги коси…
Е си седам со овај анонимниов и славиме се радвиме шо Охрид е назначен за домаќин за саемот за туризам во Скопје. Викам во Скопје. Славевме зш имаме умој во државава од кој болит глата, на кој јас мислев дека ушине им се полни со коломаст, а то да им течел мозок низ уши од вишак.
Па види и логично е да е така како шо е логично да се оддржат струшки вечери на поезијата во Неготино, кавадаречки гроздобер во Дебар, штипска пастрмајлијада во Охрид…..додуша ова последново и логично, заради Мики полицаецон. Тој мојт да организират. Зато ептем, препоептемнајголемо благодарам на директорката на Скопски саем Валентина Димитрова шо не прими да сме домаќини во Скопје зш кој ќе одеше во Берово. А и немат логика.
Абе саемот кај и да се оддржит туризмот морат да го развиваме. Еве сега како топ тема е дали охридското блато ќе го сушат или еколошки ќе го заштитиме па да ни е покрај друго атракција како Моноспитово.
Зато издржана беше изјавата на секретатор на Локална самоуправа на Охрид г-динот Д. Нејќам сега со имиња да се расфрлам. Се крена прашина за неговата стручност околу таа проблематика и зш тој да дават такви изјави. Јас не се сложвам. Од мало го памтам (санким сега е поголемо) ко си играше и ко праеше колачи од кал.
На тој начин се запознават и составот на блатото и неговата колоидност, лепливост и така наваму. Е пример ако додека ние праевме држава тој играше со мадето в песок како појќе деца тогаш да…..немаше право да зборвит за охридските калојни.
Јас се чудам како не му истекна уште поуба идеја. Пример да го искористиме, блатото мислам, во медицински туризам. Да се мачакме со кал например. Ај шо ќе ни помогвит здравствено туку ќе им помогнит на некој од политичариве да го скријат суратот зш мене лично веќе ми се гадит ко ќе ги видам, з`ш стигнаа до таму и ѓонот во однос на нивното лице е како газе од бебе.
Како и да е добар став. Ме бендисвит многу ко ќе имат некој цврст и јасен став. Како ДУИ. Јасно и гласно кажаа после конгресот дека слобода на медиуми нема, дека судството не е независно, дека државните институции се партизирани, нема политички дијалог дека све е ојдено јабана…..така викет борците за човекови права. Се со ВМРО, Амети немат против Зајко да објавит све, па и негови разговори, за да се откриело у ком зецу лежи грм и да се дознаела вистината.
Плус сакале да учествувет и тие во Брисел на преговорите помеѓу СДСМ и ВМРО, ги сакет ВМРО, а ги почитувет СДС. А никако да се откажет од власта нити од вистината поготово од вистината за Смилковско езеро. Незнам дали и кај албанците важит она “од кол на кол поголемиот кај Амети в гас“.
И појќе да не слушнам дека НСМР не одела напред во ништо. В чера ојдовме еден сат понапред. Значи тргнавме. Само да му се прднам во животов во ова држава и ко ќе ојш напред е заебано. Туркање на сатот за еден час понапред значит помалку еден час ќе спијаме шо значит појќе срања ќе слушаме по вести и пресој. Судбина.
ЏИМИ
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.