Ајдееееее машалааааааа. Дојдоа првите гости во Охрид. Тргна работата, ни се насмејаа охридските муцки. Да бе. Се оџвргаливме ко кромиди во очиве. А и ги пречекавме онака како шо требит да се пречекат гостин да му остајш впечаток за да искинит чмарот пак да дојт. Како ами. Ете воведовме и друг начин, модернизиран, за добре дојде. Немат појќе она старинсконо со народни носии момиња мали, па комадишта, ѓомлезишта, локуми ова она…оди таму бе. Одма вечерта им напрајве забава да ги запалиме.

Пет-шест луѓе беа задолжени за забавата, скокаа, се тепаа, фрлаја шишиња чаши, се ранвеа меѓу себе, пукаа во чест на гостите и како шо е ред при крајот завршија в болница, а на крајот и в затвор. Абре колку сме паметни како го трефнавме тајмингот кога да се распердашиме меѓу нас како прст в лајно.

Памет наша и охридска гостопримливост. Страв ми е дека не само шо до година ќе се зголемат турстите од Данска туку и годинава дан се призапишат. Абе види. Ние можевме и да им убиеме некој нивни, ама ќе почнеа да се преселвет во Охрид та кај ќе им најдевме станој. А ко ќе раскажет на другите или ко ќе прочитет шо се десило……ехехееее…гости …џуба џуба.

Ме радвит то ама пак помеѓу ова со малечкава невеста во серии од Зајко и пучот на Никола како се израдвив со една вест ми се чинит се исприштив од радост. Ејјјј алооооо Хорхе ти станала почесен граѓанин на општина Пустец. Абре луѓе знајте шо значит то? Па некој море користит два мандати три и немојт то да го напрајт. Почесен граѓанин на Пустец. Па па па..

Зш лесно е ти да станиш такво нешто во Њујорк, Париз или во било која друга вукојебина. Зш кој не станал таму. Е ајде да видам наброј ми колку имат почесно граѓани на Пустец да те видам. Стап. Ниеден. Пардон. Еве сега. Еден. 

Зш то се заслужвит преку својата активност, дарба за говор, влијание во светот Пустец да се подобрит да би пуст не останал. А сите овие квалитети Хорхе наш ги поседвит и е многу ценет во светот, а за Пустец да не прајме муабет. Алал да му е. Сега уште да прочитам дека е почесен пријател на кметот во Свирипичино, срчка ќе ме акнит од радост.

А да ти кажам ова недела шо помина саде радости сум. Све некој вести да немојш да се соземиш од радост. Еве ко прочитав дека Куманово клале светло кај клучката и то замисли, цели шестооо метрииииии….па па па. То кажвит колку е сме како држава напредна. Замисли море уште не е дојден ни 22 век, а се посравне од радвење за светло. И то ај шо било поставено, ами било клаено и во функција. Ц, ц, ц, ….

Ај можда и ние во Охрид ќе доживејме светла да ни клает по улициве. Ама тогаш не ќе мојме да мочаме по тротоариве, ќе морат да се клает ќенефи за да не не гледет. И замисли да клает уште и казанчиња, она по филмојне шо гледаме…..тргаш конец од ко ќе се истотолиш и водата сама течит.

Тииииии, космос. Само не ко онај од Фијата. Зш ќе се најт некој ќе ни го рушит, а кај даваме ние државичка наша некој да ни ја рушит.

Кај шо спомнав рушење држава, пту пту скраја да е , ми текна на Зајко со ова бомбиве, да не речам “Малечката невеста“. Режисерот на ова серија ја напуштат екипата му се придружвит на Зајко заедно да ја продолжат серијата “Бомба“. Ќе даел предлог како главните јунаци на “Бомба“ да ги омекнат во глумењето зш народот многу се палел со вакво сценарио. Зш според досегашниве епизоди испадвит главните ликој на “Бомба“ дека ја си го дупет својот народ и го ограбвет. А то не е десено ни во турското. Требит помеко сценарио. Морат чоекот да помогнит зш се очеквеше сценариото да е од Бане познатиот сценарист за убајна во државав.

Абе требит да се омеквит работата. Еве како Коле ја омекна…..најави бум вработвење во Тетово од 2500 души и то не заради Али Амети да останит во коалиција. Онака ради подобро продолжување на серијата “Бомба“. Само страв ми е дан испаднит “Збогум Румелија“.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.