Ама ништо посебно докторке. Ма каква нервоза. Од радосен шок мислам дека беше. Не, не, не гледав Сител. Не лажам ко ти викам дека со никого не се карав. Не се изнервирав. Не ме изнервираа ни оние во Општинана шо матат со бор машинине од 6 сабајле до 9 навечер. Нити со оние шо ми паркирет вдневна. Не ме изнервирива ни она шо ќе отпуштеле 35 работници од “Нова“. Нивни проблем. Тие се напучија и сега нека им го закачат.

Ти кажвам дека беше од радост. Еве уште се тресам. Како? А не. Навикнав на то дека сме лидери во регионот. Порано се радвев. Све беше од ко јавија дека поевтинвит струјава за 0.25 %. Не те лажам. Зато молимте покрај Деметрин дај ми и Линекс. Зш збеснав и истовремено се посрав од радост и еве уште какам неможам да се созезам, а неможам и да се затнам.

Абе ова е среќа невидена. А замалку ќе си се заебев самиот, ќе земев бугарски пасош и ќе одев во некоја европска пустелија. А како да не се радвам ко и јас доживеав во НСРМ крај на сиромаштијава. Еве одма за пример. Јас плаќам просечно по 3000 денари месечно. Шо значит од овај месец ќе заштедам цели 7.5 денари. По 12 месеци то ти идат 90 денари годишно. По 150 години 13,500 денари. Алооо кој ти ги дават. Како? Ти докторке плаќаш по 6 000? Аууууу па кај тебе се удвостручуват заштедата, 27 000. Алоооо, мирна докторке и јас така се радвев и види до кое дереџе дојдов. Матни и ти Линекс. Ојде јабана и докторкова ко мене. Шо ти е македонец. Ни ја поевтинијва струјава и сите се посравме.

Е сега морам да ти признам……уф…..ај оди в клозет и врати се да ти докажам. Да. Уште едно нешто ме израдви. Конечно се асфалтира аутострадана Рача – Кромидишта. Ехееее цел пола километар се кладе асфалт и сега све потаман е во Охрид и Охридско. Да да. Години жителите на Кромидишта, негде околу дестина, беа отцепени од светот без овај асвалтен аутобан.

Сега ќе можат и леб да си купат, еве и кај тебе на преглед да дојдат и бензин да турват. Да, да, виш како си паметна. Баш така. Додатна финансиска ињекција ќе бидат за Охрид пред се за НСРМ Кромидаштани. После оваа трансверзала директно се поврзвит со трнасверзалата Белград, Атина, Доминиканска Република и Бали. Ете. Ако си посрана од радост се сети. Така е. Развој на туризам. Ам зато ги кладоа неопходнине семафори кај Рача.

Види да ти кажам докторке…..пак ќе ојш в ќенев? Ај те чекам…. Во една држава која е будна, ревносна, како НСРМ све е испланирано. Сите шо ни мислет арно на нас обичниов, простиов народ, не спијат на уше. Будно ги пратат сите настани и ни ја штитат државава.

Земи ја ти една Франција, една Турција….не се способно да се одбранат од тероризам. А виде нашиве сега како се справија со злокобоните терористи, само наречени студенти, инфилтрирани во спорите на државниот поредок, во темелите на демократијата, кои под закрила на обични протести, сакаа да ги поткопет темелите на нашиот уставен поредок? Виде?

Кизнајт колку невини жртви ќе имаше ако не им се натопороше ЕБР со возила со топој, митралези, минофрлачи, тенкој, дури моравме да активираме и авијација. Да, да. Море малку беше она шо ги велечеа како песој чојсани. Малку беше со пендраци шо ги матинаја в гла. Требеше, земи го акни го со весло в тил, топниго неколку пати од асфалт, не онај новион за Кримидишта. И послем стрелај го, па да го видам дал уште еднаш ќе му текнит да викат уааа СПУКИМ. Е уа СПУКИМ и ете ги спукај ја. Море за нив само спуквење.

Незнам дал ти виде, ама јас ги анализирав снимките убо. Примети какви им…..пак вклозет????….аман бре докторке го искина чмарот. Амор знам јас шо е радост ама ова твоево…Значи примети какви им беа ноктите на тие злокобни терористи, квази студенти? Е какви им беа. Некако ко подебели ко чудни ко оштри. И ај сега кажи ми зш беа такви? А така да ми си здрава жива. Да им ги копет очите на невините наши сожители. Терористички нокти за терористички акции. Пак уште женските фарбани во ноктите да не се приметвит крвта од очите ко ќе ги копет.

Ама ете нашиве контраобавештајци ја сумија ова злокобна, душманска, терористичка банда. Е….уште ова да ти кажам. Аман жити све докторке не оди пак в клозет, потпрдни малку, да му се посерам да му се изнасерам, доизнапосерам, да ти докажам после оди купари се. Значи немат заебанција со НСРМ. Зш НСРМ ти е докторке моја ВЕЛЕ сила…дааааа, дааааа. Море шо ВЕЛЕ, ПЕРЕ сила , САНДРЕ сила, море, море…

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив