“Не мамо нејдај. Веќе сме седнати в кафана. Амор мамо веќе сме четворица з`ш да морам да те убијам за да мојме да сејме ние попрви шо дојдовме. Не не е тато седнат з`ш е сам, а рекоа четворица и ене го дремит барат уште тројца. Ај чао“.

Мама, ама шо да ѝ прам. Правила си се правила. Чек дечко полека де не се нервирај зборвев со мајка ми. Дај мени. Абре види го. Фамилија сме ко ти викам. Да бе од една. Еве ги личните карти. Еми сега сите сме со различни презимиња. Жена ми ко се венчавме го задржа од стрико ѝ. Така де, а јас пак го менав ко пораснав и го зедов од тетин. Е тој шо сејт на другата маса. Да бе овај е син ми. Ам не му се бендиса ниедно од нашиве и зато те бунит и мислиш дека е од Арачиново. Си го одбра од телефонски именик. Така си сакаше.

Е та ми е ќерка. Мажена е зато не е ко моево презиме. Ааа….то презиме не, не е од зет ми. Туку од негов зет за две сестри од прва брачеда. Ам шо знам заш тој е Австралија одавна и го мена. Поубо звучело БредОвски. Со нагласок на О. Иначе дур живееше Рача беше Пешликовски.

Абре носам сите документи ги носам. Сите докази. Имам и ДНК тест, од децава карточиња од вакцини, од мене книшка војничка, еве ти од жена ми пап тест , мокрача од четворицава…..како…..аку де терајте си вие проверетеја ќе почекаме. Ваљда си имате лабораторија? Знаев дек имате ама си реков….Дур ја провервите дај…..шо???? Ар се зезаш? Прв пат слушам дека отисок од чмар бил поголем доказ за крвна врска од ДНК. Свашта. Шо ти прајт ова 5 ЏИ. Аку де шо требит ќе напрајме. Еден по еден да се наденвиме на чмаро – идентификаторот или сите заедно? Е ај јас последен ко така.

Е да ти кажам се претервит со ова меркиве. Мислиш јас не знам дека све лажат? Абе јасно ми е ко ден. Еве сега келнеров види го. Џо чмаро-стисок ќе земат на цела фамилија ќе не провервит дал си го напикавме чипот. Да бе со г`с папир тој се вметвит. Во бришење. Зато беше она кампањана за купвење на г`с папир во големи количини за да се чипираме. Абе и Ставрејца не вервела ам Ставре…

Мада и јас не вервев. Ама ко видов на “Пинк“ како ударна вест дека и Миле Китиќ купвит е тогаш си реков морам и јас да земам. Зш тој ми е месија. И Лукас и сите. Па зато прво нив ги даваа за да не убедет. И си го напикавме. Е пак и ти зш таму. Не знаев дека си толку глуп. Шо мислиш ти зш докторине викет појќе да користиш чепче да си го напикаш наместо апче да пијаш? Па бре преку дебело црево ко ќе ти влезит одма делуват. Уште не до чипиран одма кај Благоја Гејтс, да бе каков Бил, Благоја е тој од Дербца е. Ар сите големи луѓе од Дебрца се, како на пример, Бранко Црвенкоски, како…и да не бројам и појќе не ме прекинви.

Значи кај Балета одма во Америка светвит сијаличе со име и презиме и тој не командат. Не бе не е комплицирано нити многу трајт како процес. Ко ќе светнит тој имат две копчиња: СДСМ или ВМРО. Кое ќе сакат тој, ќе ти го стегнит од ко си сме го стегнале ние сами. Абре све излезе на виделина. Све се откри. Како ам.

Абре научивме и ние да се носиме со проблеми и да се европеизираме. А мораме само така. Мораме. Ете ме охрабри и онај европратеникот со муаеботот за НСРСМ за влез во ЕУ. Процесот е забрзан веќе. Кажа самиот дека сега ќе имат состанок на ЕК на кој ќе се зборвит дал да почнат да зборват за да започнат да зборват за почетокот на преговори, а после 3-4 месеци ќе почнат да зборват за дал да почнат да зборват. Од ко ќе почнат да зборват, зборвењето ќе си потрајт па ќе ни кажат кога ќе е почетокот на преговори. Под услов да се смират Зајко и Мицко и да почнат да зборват. Ако тие не почнат да зборват и овие немат да почнат да зборват за дал да почнат да зборват за почеток не преговите.

Како ам. Абре НСРСМ срљат во прогрес. Ние станавме лидери на Балканот уште во времето на Груја, а еве вчера потврдивме дека од курс не свртвиме. Цел Балкан 45 заразени од корона ние 90. Дупло. Лидери.

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите