Прв ме одблуди Валентин Николоски. Еј замисли ти постоела солена сол. И то ситна. Јас цел живот оди по то дуќаните и како ајван прочитај СОЛ и купија, а никош не прашвев дали е солена. Ни ситна. Јас да ти купвам цел живот блага сол, а то да ти постојт солена. И ситна. Виш како мојот една обична реклама или ајншајнот шо ја измислил да те упатит во прав правец во понатамошниот тек на животот. Замалку ќе умрев цел живот користејќи блага сол, а не знаев дека постоела солена сол. Ситна. Аферим Валентине.
Ми ги отвори очиве и РКЕ. Е де…Регулаторната Комисија за Енергита. И то бате отворање наааааа. Сега сум ко кромид сум во очиве. Ќе имало поскапување на струјата за 9.83 проценти. Јас искрено да речам се посрав од страв да не е 10 проценти. Не оти знам шо ќе праев тогаш. Каменот на врат и кај жабине шо прает журка во тревишчана онде на кејон на Охридско Езеро заштитено од Унеско. Во ова опулвење на очи многу ми помогна и председателот на РКЕ, Петров. Рече дека наплатата на струја била 93 %, а 7% ние ќе си ги надополниме со повисока цена.
Аферим. Само незнам од кај ги извај овие 93. Мене ми ги отвори очиве ама галиба нему му се полни со гурелки и немојт да видит или не сакат да кажит дека во западна Македонија е обратно. Ни 7% дал имет платено. Еве и јас да пробам да му ги отворам очите и да му помогнам. Наместо да ни ја креват цената да напрајме ко порано шо праевме нашколо со збратимените градој од СФРЈ. Сите од не западна Македонија да си зејме по едно другарче од западна ако не друго бар на зима и нек се капит кај нас нек се топлит нек кршит глата сигурно немат да ми потрошит појќе од 10 посто колку шо сега РКЕ ни го закачи. И на крај ептем ме воодушеви председателот ко рече дека компаниите барале уште поголемо поскапување но РКЕ не дозволила. Е го засакав ко сестра.
Ме одблуди и Грујо. Абре како можев да мислам дека во Независна Самостална Република Македонија или НСРМ ( немој некој да му текнало вака да го менит името на држава, ќе барам авторски права) не ни требит автопат. Море шо тиквар сум бил јас. И навистина е како шо рече. Ја ќе го користиме ја не 5-6 пати годишно. Да бевме држава која се борит, пример, да носит туристи, пеки, да градиме автопатишта…пример… Ама вака кој онакво ние потребен автопат.Е сега покрај одблудвењето и малку ме заблуди, ама ич не се секирам ќе дојт и момент ко ќе ме реодблудит. Рече дека 380 проекти се реализирани, а уште 470 требеле да се реализирет. Аман бате не ме брани. Со 380 реализирани едвај купвиме леб, а ако се рализирет и останатите 470 не ќе имаме ни за сол. Солена. Ситна.
Само малку не ми е јасно како после толку реализирани проекти НСРМ ти била држава во групата на 25 држави со најмногу иселени лица во светот и то сме ти биле во група со Западен Брег и Газа, Гранада, Самоа, Сао Томе и Принципе. Све познати држави. Е сега дали тие резлизирвет проекти како нас или не, не ми е јасно. Исто не ми е јасно шо ѓаол ги терат и нашиве да бегет од благодетиве шо ги имаме во НСРМ. Еве струјата ќе е само 9.83 посто поскапа. Не 10. Не вервам дека назима ќе плаќаме појќе од 250 евра. Шо би се рекло ќе ти стигнит платата за струјата да си платиш. Тука негде отприлика идет и просечната плата во НСРМ. Дури мислам и дека оние шо ќе користет јамболии дур гледет ТВ и ќе им останвит нешто за џепарац.
Јас например како охриѓанец не бегам. Еве денојве се препуцавет во Охрид и од ДПМНЕ и од СДСМ дека едни од други појќе праеле за градов. Ние напрајве појќе како централна власт, е не ние како локална. Ние ова, ние она. Јас например ич не му ја врзвам глава кој појќе напрајл. Мене ми е важно дека и едните и другите прает, како браќа се, за градов за кој испадвит и според едните и според другите Охрид е среден како секоја туристичка метропола. Как да е. Само нека продолжет и ВМРО-овцине и СДСМ-овцене вака како до сега и не само Охрид ами и цела НСРМ ќе ја напрет како Бразил. Ќе шетаме со голи газој.
Е сега само една работа не ми се разјасна. Тука не се одблудив. Морам да признам. Цела недела Тодор Петров и Љубчо Георгиевски се препуцавет по медиуми. Љубчо викат ко разговарале за амадманите некош Тодор го пречеквел гол, ко ненормален. Тодор викат ак сум бил гол шо мајка Љубчо барал да ми идат дома и зато тој е ненормален. Во целава ова ситуација не ми е јасно кој на кого му го свирна. Можда пак Љубчо ќе откриет во некоја негова песна. Незнам.
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.