Абе алал да му е. Абе јас мислев полни му се ушите а то мозок му течел од вишок шо го имат. Ајнштајн мојт вода да му носит, а се викат Зијадин Села. Им порача на организаторите на “Струшките вечери на поезијата“ да зборват албански за да покажат колку нив, албанците, ги респектирет.
И фала му шо ме просветли и ми кажа дека поезијата ти била универзална, а не локално лудило. Бар така пишит на билбордите. Само не разбрав со ова реченица дал сакаше да кажит ако не зборвиш албански си локален лудак или шо?
Реков ме просветли Села. Ама некако тој малку да се просветлеше или пак да се најдит некој во државава да го просветлит, осветлит или пак освестит да му кажит дека живејт во Македонија, во држава кај шо си имат службен јазик на кој јас би сакал Зијадин да зборвит за да докажит дека ме почитуват.
Како е тргнато во нашава држава ќе почниме да молиме да ни прозборит некој на македонски. Ќе скокнев јас до Струга да му кажам ама неможам да го речам она шо го имат напишано на билбордон ….“saytungjatjeta“.. Некој ќе речит дека не одам зш сум охриѓанец па за инет од стружаниве…
Как да е. Се израдвивме сите во државата за акцијата за отпишвење неплатени долгој. Се израдви и владата на НСРМ. Секој ден се зголемвел бројот на тие шо барале да им се отпишат борчојте. Кизнајт до кај ќе стигнит ова бројка. Значи држава ко нашава немам сретнато. Да си се радвит некој на сиромаштијата. А како е последниве 20-тина години ќе почвиме да се задолжвиме и за кифла и месен нарезак. Па после ќе имат акција за да ни го отпишат нарезакот.
Кај шо спомнав погоре за охридскиот инает. Ние охриѓани имаме инает ама не таков. Позитивен инает. Еве се заинативме и заинет од грциштана кејот на Охридско Езеро од “Маршал Тито“ го крстивме “Македонија“. Ај сега да ги видам нека поминат грциштана и нека речат…..шетам низ Скопја. Мада ни објаснаја дека морале да сме го менеле името зш Тито бил тиранин, диктатор, дек многу лажел, дек пиво пијал и по плевни спијал. Јас фатив дела од неговата тиранија и не се сеќавам нити некој ми кажал дека тогаш имало акции за отпишвење на долгој нити дека се посервеле од радост шо се зголемвела сиромаштијата. Незнам.
Ама еве сега читам таја радост мојт да ни ја заебит СДСМ кој на централниот одбор едногласно ја усвој “Стратетигајата за идно делување на СДСМ“. Кизнајт колку им е уба. Можда и поуба од она ко беа на власт. Та не дека не беше уба ама ова мојт да е уште поуба. И со то да ја намалет сиромаштијата во НСРМ и да ни ја скинат радоста. Мада каква е ситуацијава во држава, аку не кажвет, гарант го имет ангажирано Худини. А и друго. На централниот одбор ги исклучија од партијата Солза Грчева и Љубица Буралиева заради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата. Им летна глата. И нека им летнит ко не мислет како шо мислит Зајко. Зш ова е повеќе партиски систем , а не повеќе мозочен. Ако не мислиш како него “saytungjatjeta“.
Абе ко ќе тргнит на арно ела застаниго. Денојве добивме информации од следниот карактер: Охрид е преполн со туристи од многу земји, Скопје постојано ги урива своите рекорди по посетеност, Преспа се враќа на голема врата со по десетина илјади гости преку викендите, а Дојран е хит подолго време…..
Аферим…браво. И надлежните рекоа дека ќе се продолжело со ваков тренд зш намалена е стапката на ДДВ на туристички услуги како и то дека ќе се продолжело со субвенционирање на странските гости. Пак браво. Нормално требит да се доработа некои работи пред се да се намалит ДДВ на следните артикли: Кифли, бурек со месо и сирење, гевреци, охридскот да е без ДДВ, на јогурт во чаша и јогурт од кило, пинерли и козињак за да можат холанѓаниве сега шо ни идат уште појќе да намалет од парите шо ни ги оставет сега по рестораниве од кој умот ни се сврти. Ако не го сториме то за туристиве шо се болук “saytungjatjeta“.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.