Леле леле убајна за празников. Пооооо како бев весел како се спремав за прославување, како прославив и како бев горд. И то горд гордосан Mакедонец, самостален независен и суверен. Ај шо бев суверен ами и самоуверен бев. И то 26 години. Пред то си бев никој и никаде, смажураен потиснат да не речам ко маде од буф.
Си се дотерав ко бебе за на вакцина. Црвени сандали, жолти чорапи, црвени пантоли, жолта кошула и залижан. Бликав во душава и срцево ко мал за Велигден ко одев в село. И морат да се прославит на тој начин денот на самосталност на НСРМ. Ееееејјјј 26 години. Абе не е мала работа да прославиш 26 години самосталност, самокрадење, самораспарчвење на нашата мила држава.
Абе слобода си е слобода. Таа, слободана мислам, ти развиват и самосвесност и мислење, делување како самостална личност. Мислам логички….самостална држава – самостална личност. Не така? Ете детето…..виде како самостално си падна на прес конференција без никој да му речит падни? Виде? Виде како самостално си стана? Виде како самостално никој не го дупеше од другарите? Интересно. Баш ме интересират како ќе бидит на некој политички прес со деца од претшколска возраст.А?
Останавме цврсти, непокорни не остајвме никој да ни се мешат. Сами си ја посравме државава, сами си ја распродадовме, сами си ја ограбивме и сами си се раскаравме меѓу себе. Послободно крадење амин. Пресреќен да ни е празникот дај Боже вака да си самопрајме за многу години.
Среќен веќе веќе пресреќен. Ама не само ради то. Туку з`ш пак се заљубив во попојве. Додуша јас од секогаш сум бил заљубен и за малку ќе сакав попаѓа да станам ама се запишав на факултет. Значи се презаљубив. Агатангел ме натера да ги сакам. Леле каков говор оддржа чоеков во Велес при осветвење на црквата “Св. Кирил и Методи“. Па па па.
Ко му писна да зборвит за опозоција за позиција, за СДСМ за ВМРО, алал да му е. Јас имам читано библија ама галиба имам прескокнато некое Евангелије за сведителстото на политичките говори на Господовиот Син. Ама пусти овај да би пуст не кукал Агатангел на све се сешчат. Можда пак и ова е негово, ново евангелије? Не знам.
Едвај сега чекам да одам на некоја свадба да се венчавет по Евангалието на пресветлиот, препаметниот Агатангел, ангелосан тој: “Го венчавам ова СДСМ-овско чедо со чедото од ВМРО, во името на двете партии, за цел живот да бидат тие и само тие, да му слуажат на шефот да бидат покорни на неговите мегаломански желби и беспрекорно да му ги остварувет и да гинаааат за негоооооо и на истиот да му се помолу-у-у-ваааат. Во спротивно јавно да им се искинат партиски книшки и да бидат поплуканиииии оооооооддддд партискитееееее усти со партиски пљукајнци и р`кајнциииииии“. Се наежив. Абе народ со вакви апостоли не требит да се плашит за своето битисвење. Битисан е одавна. Самостално далдисан.
Зато ме чудит како им се деси на тие унгарците да битисет во ѕидојте кај автопатот Демир Хисар Смоквица. Ме чудит како одма во ова самостална држава се дрзна некој да ги нападнит од ЈП државни патишта? Ете луѓето излегоа и јасно и гласно, самостално и суверено кажаа дека за то не е крива сигнализацијата на патот ами ГПС-от да му се прднам во него. Оние од Гармин, од Оне Мап, од Мапс, од Џајка се криви, неажурни тиквари тие едни.
На ГПС-от не било означено дека патот е во изградба, па зато странците залутвеле, праеле бељи з`ш не ја прателе самосталната совршена македонска сигнализација туку возеле по ГПС- како секој глуп западњачки народ.
Алооооо изработувачи на ГПС созејте се. Сакате со сув газ риба да фатите? Малу морген. Абре ќе си клајте по еден Јапонец, Германец или Американец, ќе си му дајте еден параглајдер и нека летат над НСРМ и нека ги внесвит промените низ сите патишта низ државава. Џанум не оти ќе имет многу работа ќе морат секој ден само да додавет нови дупки или пак да го зголемвет дијаметарот на постојните.
Без мотика немат леб акмаци едни. Ќе си внесите и на кој места имат крави на патот, кај се пострале…..да да и то….зш кравјана лепешка знајт да е поопасна од голомразица, да да…..па ако некој застанит на сам автопат да мочат и да внесите акмаци едни. Па прднал не прднал, односно имат бочен ветар немат…..абре све шо мојт да влијат на промените на условите за возење. Како ам.
Дан заборам. Не умирајте во Охрид. Крадет накит.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите