И не се решават така само со уа. Си имат ред то. Ако си жртва на транзиција се земат прво транспаренти и се пишит културно , дистоинствено и суштествено како : “ Бранко – ишчелај се“, “ Ен два три , во ниви ти се скри“, “ Спушти се ти долу“, “ Не ми вратија кусур во лебара пред 15 години-срам да тие“, “ Не за кинеските кондоми “ и друго. Достоинствено само. И неојт само со транспаренти. Па ќе земиш магаре гладно, исушено, некоја кокошка шо имат капс..Нешо со шо ќе аргументираш з`ш си незадоволен.
А ако пак си жртва на преродбата: “ Стоп за симсон фризури“, “ Пуши ти на тераса“, “Неидај на нива- ни газиш по два трапа“, “ Ендендини саваракатини саварака тика така – од букефала чешај му ги со рака“, “ Да би тебе како нас низ подрум ти шетале и низ нозе ти се плеткале…“ ( ова ак си пештанец)“, “ Ај да те видам речи- Трактор, ора, крај два бора јас си седам згора, згора, трт, трт.“ И друго. Со јасна порака да е.
Све во свое време. Све ќе се решит. Одговорни луѓе се. Е сега претервет во карајнциве ама све е то за добро на нас. Народов. Македонскиов. Едно ќе решит Бранко, Коле друго , Џорџе ништо. Така си ојт. Ете вчера ми се заеба казанчето од шољана. Течит. Ако го видит Аце ќе речит: ојде фира клозетон. Коле ќе речит: така т`ебит. Ама нема љутиш. Тие двајца ќе си имет пет различни става. Како викет: 1000 луѓе 1000 умој – 1000 жени 2000….Арно ама ти ќе си најш некое решение. Не одма уааааа. Цап од оние влошкине, ќе упијат све и уживај си. Е сега да не се појавит од негде Момирон мојт да сликат и да дрнтат…влошките се полни со ова, со она и да ја заебит работата. Зашо цела бела ја прает оние ко Момирон и колегине негови, Росица, Симе, Соња, Нина…Мада се жалет дека се уморени. Ам кој им е крив. То им е работа. Морат да забележет све шо овие политичари им велет дека ќе имат. Многу важно. Коле ги викат: Дојте во Пештани ќе кивнам во 10 сатот како никој досега. Бане: Идајте во 11 на парцела број 12, КО Лакочереј ќе се почешам на левиот бут со деснава рака. Панде: Во еден Радожда ќе застанам на ветар без капа и ќе се чешлам обратно од ветров….Море све е то важно. Е сега новинариве се жалет дека овие ги викале насекаде, ги расалиле а ништо важно не им кажале. Еми како? И да киваш и да се чешаш и да се чешлаш и да зборвиш? Ам не се Цицерони овие. Ај се село да горит и така и така…Ама вака. Мада и да горит. Данк на тебе зеленион елек, опаа апаратон од две кила и гаси..гаси..гаси..
Зато сине само трпение. Слушај го ти тато. Голем е све знајт. Све ќе се средит. Ако не овај петок другата среда. Како викет: Трпение спасение. Ако немавме таквко трпение не оти ќе имавме држава денес. Не оти ќе имаше кај нас булук имиња како: Трпе, Трајче, Нада, Сотренко, Мирко….Прадедоти, дедоти еве и јас сега, уште чекаме саглам политичар . Ам уште го немат. Ам го немат. Трпение синко. И ти ќе се изначекаш…можда и син ти, можда и…
“Чек тато сега. Ти ептем ми забега. Имам предлог. Како и да е. И ти си прав и мене ми требет појќе пари. А да најдевме јас и ти разумен компромис……?????“.
[email protected]