Се изначитав све, како: да дајт Господ во аптека да се раниш, да би пролив на раскрсница те фатил, да прдниш на родителска кај ќерка ти, да дајт Господ да имаш сто кондоми, а со рок на употреба до утре, децата да те сакет колку ти хеморидити шо ги сакаш, да би чир на плештите ти се напрајл голем ко мадињана на букефала…..абе шо не. Шо не. Незнаев дека олку сочен речник сме имале. И меѓусебна љубов.
Се заклавме, а и ние и скопјанине сме од НСРМ. Море како не нападнаа на социјалниве мрежи. Додуша кај да не нападнат ко сите во државава сме социјалци. Се постираа ценовници од охридски ресторани се споредвеа со грчки, се кажвеше колку охриѓаниве сме катили, па овие назад ак не ви убо нејдајте, па нејдаме, па да нејдате.
А морам да бидам искрен, рака на нога, јас пресреќен бев. И уште сум. Абре така требит море сами да истребиме. Еден да не останиме. Как не ни дает по еден штрафцигер специјален очите да си ги истераме и да си ги испијаме. Да бе. Ама ете, зато јас бев среќен, зш видиш имало многу, ептем многу, препоептемнајмногу понајважен проблем од то шо немаме пари ни в гас да се дупниме. Шо ни требет две плати за една сметка за струја, шо земвиме кредити за патики од кај Џемо да им купиме на децана, шо се запишвиме по дуќанине и за пола леб и пакетче сода бикарбона, шо…..абре прдни му се на све то.
Најбитно во моментов е то шо скопјанишчана во езероно ни се мочет, шо ние требит колите да им ги изгребиме шо…..шо грам мозок немаме ни едните ни другите. Абре ова енергија шо ја исфрливме деновје мразејќи се еден со друг, бар пола да ја потрошевме према Бранко и према Љубчо и према Колета колку толку, ако не за два, за еден леб ќе имавме дневно да купвиме, а ич око да не клепвит.
Со ваква ревност да им кажевме на сите СДСМ-овци и ВМРО-овци како не дупат, кај не дупат колку не болит и то да им го кажевме од пред 20 години не ќе да беа сега толку високи цените во Охрид и не ќе се собереше толку моч кај скопјаните да ни мочет во езероно. Не така?
Јас знаев ….ама искрено не до толку, дека ова македончево ти било бетер од автоимуна болест. Море автодеструктивни луѓишта. Никакви. Да сум имал желба од дното на душата сам мене да го убијам???? А пази какани сме и едните и другите. Да бе. И охриѓани и скопјани. И сите НРСМ-овци. Еве и јас сум какан морам да признам. Прам грешка во пишењево. Ко ќе пишам СДСМ-овци, ВМРО-овци, НРСМ-овци, наставката овци требит да ја тргнам од првите две кратенки, а од последната требит да ја тргнам кратенката, а да останит само наставката и то со големи букви – ОВЦИ.
Дека цените во Охрид се ајфелова кула се. Дека Охрид освен она шо го дала природата, тука спадвит и воздухот, ништо друго не нудит знам и то. Е само незнам зш е така. Зш ги избркавме туристите и то незнам. Можда знајт Аце, зш тој беше последниве години татко на сите нас, а тој не остај сирачиња, пак сите нас. А шо ќе напрајт Бакрач рано е да кажиме. Можда преголеми гоменејци му остај Ацемура, можда…..не знам и не ме интересират. Зш тој дојде да е татко на македонскиот Ерусалем и тој нека ја мислит. Јас знам само дека сакам Охрид да е преполн како некогаш……само не да ги намалит цените. Ценит се бомбона. Ние сме скинати. Платите да ни се кренат. Ете как да е едвај дочекавме, ако то беше проблем, имаме и локална и централна власт од иста политичка провиненција па ајде мажи засукајте и ракај и мустаци и извајте не од говнава , шо ич, ама ич не ме болит биииипп кој не пикна во тие говна. Зато сте тука.
Приметивте дека не прам анализа и немам намера да прам зш, шо и како, зш не е то моја работа. Оние шо се нафатирвет то нека го прает. Јас само ќе ви кажам дека пред појќе од двајсет години кога сите заокруживме ( и јас ) ЗА за осамостујавање на РМ сега НСРМ, се јавив во една контактна радио емисија која ја водеше мојот драг пријател Милчо Јовановски на радио Охрид. Можда ја чуват снимката нека ви ја пуштит. Се јавувет луѓе пресреќни сите како пред оргазам и кажвеа дека тек сега ќе е све розево, ќе сме се наполнеле со пари, дека и од чмарот ќе ни излегвеле каранфили, лалиња…..а јас се јавив и само реков: Ова е најмалку шо можевме да напрајме за РМ ( сега НСРМ), тек сега требит да докажиме колку сме способни то ЗА да го материјализираме.
И да ви кажам шо беше после мене? Србофилов шо се јави….југоносталгичаров, ојси кај Милошевиќ….комуњару….Стварно го јадов стапот шо тогаш се јавив. Аме ете, поминаа 20 години и сите дојдоа на мојов. Сите го јадовме стапот. Ќе да се високи цените во Охрид или мали платите ради стапот?А? Или не? Вас ве прашвам НСРМ-овци, пардон – ОВЦИ.
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.