Ај ич да не ти е гајле. Пи кафе и глеј си работа. А јас маскава ја носам и во спиење, а не домати. Абре какво ваѓање каков бутур. Како сум навикнат на неа санќим срасната ми е за носов. И друга работа. Без маска ми се чинит ко бес гашчи да сум. Ко дисаѓиве ачик да ми се гледет. Дури и казни да воведет јас не ја ваѓам. Абре знам дека Путин го прогласи за умрено коронава, ама не можам без нејзе. Е како? Да не беше ова со Украина кизнајт колку сојој ќе беа поминати. Цела грчка азбука.
Цел свет се занимават со спасвење на ситуацијата таму и Зеленески и немет време да се просеравет со ковид 19. Остајме не ја ваѓам. Абре јас ти сум бетер од oној. Тој ко се уплаши од сидата нон стоп си шеташе со кондом на алатката. Едино го ваѓаше за време на секс.
Тук ова ќе ти велев. Цела вечер не сум спан од думање. Не можам да се сетам дал некогаш сум се сликал со Зајко или не. Е како з`ш. Со него се имат сликано Бокица 13, Рашкоски, Катица, Јанева, Зекирчо….и кај се сега сите овие ?А? Е шуќур шо се сети. Да не ти кажев ќе се залеташе можда и селфи да напрајш со Зоката.
Абре ова ти е проклетство ко работно место генерален секретар на Влада на НСРСМ. Е ај сега да те видам прифати? Сега маката е да се најт газник нов да се клајт на ова функција. Ова ти е ко со Мара од Сарамзалино. Кај кој забар одеше пустиот починвеше. После никој не сакаше да и редит пломби. Е шо напрај. Држава и кладе беспари фондовски кљови да не морат појќе да редит пломби з`ш имаше уште 9 расипани заби.
Шо? Не бре не се секирам јас за админстрацијава. Море каков штрајк. И тој ден како и сите други нивни работни деној си беше. Ете четвртокот и петокот примети ти некоја разлика? Јок. Како и секој ден 2 сати си беа на пазар се вратија со кесите полни и пак странките не си завршија работа како секогаш. Сега не сакам некој да сфатит дека викам дека не работет арно ама…
Е јас за друго сум насекиран. Не знам дал сретна дека пак продолжи најголемиот случај на екс СЈО “Титаник“ за изборните измами. Да да. После четири години. Па напраја пауза з`ш еден од протниците си ојде пензија, а чистачката заборалја да клајт резерви протници. Да да. Чистачката. Абре знам дека судот одредвит поротници, ама според Закон за судство таа одлука и е доделена на најдобрата чистачка. Е та да ти заборајт. РСМ и све е можно.
Не не. Не во редовна пензија. Пред времена. Оглуве чоекот. А шо да прајт. Преслуша милион прислушкувани разговор и ојде зфдравјето на чоекот.
А на новиот шо го одбраа е зет за две сетри од прва брачеда на тетин и му имаа ветено дека ќе е протник. Арно ама овие 4 години не исполнвеше услови. Е сега ги исполна. Пред 4 години имаше 59, ова година наполна 63 и до година ќе ојт пензија и пак 5-6 години пауза за друг поротник. Види не мислев дека со непотизам влезе новиов. Разбрав дека бил јак науши.
Не ми се секирај ти. Гарантирам дека ќе му се видит крајот на овај “Титаник“. Ех и ти. Ко го снема онај британскиот Титаник со 269 метри должина овај е вагинален дим за нашево судзтво. Ќе бидит. Ако не овај петок другата среда.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите