Ииииии бре Таче бре чоек наш. Да ти кажам искрено Таче со својата изјава и својата решителност ме намовна. Абре со борина да го бараш ќе се изгориш, ќе се запалиш ама немат да го најш. Ме потсети да ти кажам на решителноста и храброста на Милошевиќ. Тогаш се испрај тој српски маж среде Газеместан и порача дека гарантират дека на ниеден Србин во Косово нема да му фалит ниту едно влакно на глата арно ама за глата не гарантираше. И би така.

Сега и Таче се испрај на говорница, стегна тупајнца и ја крена десна рака, ја упрај прав прав пругоре вуспич (бичим Ленин) и порача нема да дозволит и дека ниеден профитер немат да заработвит на сметка на грбот на народот, арно ама дан испаднит да ни ја скршит кичмата ко тој на брат му.

Јок бре брате. Ќе засукат ракај ак требит тој сам ќе месит и ние ќе си купвиме лебче за 30 денарчиња. Тој ќе месит , печит, а Пешевски ќе пазит на грамажата. Све шо е над 310 грама Пеше – Меше ќе касвит и ќе пуштат во продажба.

Значи нашиот мил премиер ќе станит пекар. Ама јас да сум му советник би му рекол да станит месар. Ти бре бато намали месото нас око немат да ни клепнит за лебот. Ќе ни требит само за ајвар парти наесен. Неморат сите месни производи да ги намалиш. Да речиме меленото месо да се намалит за троа з`ш сега со парите за кило од ова месо мојме зејме 3 кила бакалар, 2 кила свежа туна и заден лев батак од бела ајкула.

Или пак стани Робин Худ. Не ради хеланки шо би ти стоеле убо туку од тие 120 зевзеци шо ги имаш во парламентот кини патните трошоци ем станојте ем одвоен живот и доста е да го субвненционираш брашното. Ем ти не брашносан во косата ем немат да месиш, а Пеше немат да имат големо меше.

Морат тој да е нашиот спасител. Или не. Мицале “предвременион“ да е спасител. Никако да се одлучам. Еве Мицко пред два дена рече дека не го интерисират средба на лидерите туку барат предвремени избори за да Македонецот се ослободит, тој како шо викат, од оваа криминална влада. Ќе се одлучев за Мицета ако ми текнеше неговата влада каква беше. Ама пусто не можам да се сетам. Дал беше криминална дан не беше.

И сега како да ја мокаме вака? Како да одлучиме кој сме и за шо сме. Тука најмногу ми прават збунка Таче и Мице. Ак не сум за Русија сум ЕУаш. Ак сум за Русија “предвремен“ сум. Ак јадам скап леб сум “предвремен“. Ако си го сакам матичниот ЕУаш сум. Ако пукнит канализација “предвремен“. Ак… “предвремен“…ак…. ЕУаш….ак “предвремен“….ак….акнале да би пукнале. Мозокот шашма. Не туку ми мафтајте со превремените засукај то рацете дајте му на ова народ да јајт, да дишит, леб да јајт, месо да јајт, плата дајте.

Бидите како полицајци во западон. Бидете со нас и за нас ама никош да не ве гледаме. З`ш не само шо излегвите од фрижидер и не палите да се колиме, туку една недела не сум помочан з`ш страв ми е ко ќе го кренам капакон од шољана очеквам……..предвремениииииииии или ЕУУУУУУУУ. Оти вид виделина не ќе се видите двајцата.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите