Епа вака да се разбериме. Чим дојде во мода да се оддржвет прес конференции на кој се барат некој некому да му се извинит еве и јас барам јавно, незнам прес дал ќе оддржам, ама барам да ми се извинат некои луѓе и то преку мојот адвокат.  Нека ми се извинит јавно тетка Вера шо ко имав 10 години ме потури со вода од тераса. Да ми се извинит дедо Коле шо ко мочав во ходникон од подрумине ме шврсна со прачка по г`с и ми сецна мочањето. Да ми се извинит една госпожа во Скопје во автобус еднуш шо и смрдеа мишките.  

Да ми се извинит Трајко тезгаџијана шо ко ми вагаше крастајци го копаше носот. Да ми се извинит Бранко шо рече дека ќе ги скинит краците од октоподот, додуша ги скина ама си ги импутира на телоно негово. Истиот џек да ми се извинит шо ми викаше ко беше на власт дека мене ми е убо ама јас не осеќам тогаш , ќе осетам покасно, а еве јас уште чекам и чекам и чекам…..Имам уште многу ама доста е да ми се извинат за овие тешки трауми кој ми го менаа текот на живтот или да ми платат милјон евреи. Готово. Дециден сум.

Зш ако не ми се извинат не ќе можам спремен да излезам на референдумот за нуклеарката шо би требало да се градит во НСРМ. Како ам. Сакам релаксиран да одам и да заокружам ЗА. Зш знам дека за да се изградит нуклеарка за држава како нашава која е во голем просперитетен засил  то е вагинален дим.

Само види ….дај пред то да оддржиме едно неколку референдуми, например….викам на пример….дали сакаме низ улицине од шахтине како до сега кафеавине видри да ни шетет прудолу или пругоре. Дали ко ќе врнит дожд сакаме да се шетаме по улици со кајчина или со кади…..така некој неважни работи да се решат зш без рефередум ќе се решат ако не овај петок другата среда.

Зш види море морат во нашава НСРМ да е све јасно и гласно кажано. Ете Ваит Ајро како ни го плесна во очи на сите. Си опна спомен плоча за борците, само албанци, зш македонците шо се бореле, всушност не се бореле ама ги крпеле дупките од кошулите на изрешетаните и рече дека не требит да се имат дозвола  зш дозвола требело само за споменици.

Шо значит не е битно шо градиш битно е да речиш то е спомен плоча. На пример мојш да си изградиш спомен плоча- зграда од осум спрата кај шо ќе живеет стотина луѓе. Сомен плоча-маркет од 10 000 квадрати…..она зграда, маркет не е бидно зш напред стојт спомена и плоча. И ме бендиса шок Ваит колку беше практичен. Го прашаа шо пишит  на плочата на која пишеше на албански, зш ете по некоја случајност, а незнам како, имаше новинари македонци, им рече сликајте ја да не згрешам некоја буква па ќе ви преведит некој. Не ме инзервира тој. Ами новинариве. Кој онакво македонски новинари се изродија во Струга, а градов е во македонска држава.

Е сега малку ме исфрли од расположение за референдумот  зш Собранието на 72. седница не ја донесе одлуката за пристапување кон измена на  Уставот на Република Македонија во делот на дефинирањето на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена. Зш само меѓу маж и жена???  Зш заинет мнозинството беше против СДСМ-овциве??? Можда луѓето кои се во СДС имет баш потреба од таков закон за да си ги решат брачните статуси? Од кај знајш.  

И убо им рече Игор Ивановски од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ со своите лоши економски и социјални политики го уништувала македонското семејство и многу детството. Зш замисли да се дозволит брак помеѓу два мажи…тииииии…..ко ќе распрскет па  раѓање на деца то ќе ни се потребни појќе породилишта од споменицине во  Скопје.

Само едно ме бунит. Пример да земам, брачед  ми да се решит на таков брак. Прво не ќе знам дал ќе се женит или мажит. Ако се женит тој ќе ми дојт дома са мојот снаа. Ако се мажит таа, брачед ми, ќе ми дојт со тој, зет ми таа. Некако мие…..плус сестра му, брачеда ми, мојт да се избунит. Ако детето шо ќе го родет е женско брачеда ми ќе е тетка, а ко е машко тетин. Незнам све ова ме бунит.

Можда пак и ова е одговор зш НСРМ била меѓу првите држави во кој најмалку се користеле кондоми. Зш види требит да се размислит логички. Ако врската е меѓу двајца дечковци кондомот имат на шо да клајш ама бадијала ќе го редиш во то шо требит да го клајш со си она на шо ќе го клаш. А ако е врската помеѓу две женски немат на шо да го клајш едино на носот ама од таму паѓат одма . Имам пробано за не трескам зелени.

А пред псхички да се спремам за референдумите, ќе забораев. Едно време пишав дека не ме бендисвит шо спортска сала доби име на председател на држава и то единствениот кој сите го сакавме и бев нападнат од некои. И тогаш а и сега не коментирам многу зш не сакам, само еве ви го насловот шо го сретнав вчера: ПСЖ “изгоре“ во пеколниот “Борис Трајковски“ …..значи пеколниот Борис Трајковски….пеколниот….

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.