“О комшииииии….тебе на глата те исчкртaа, шо си така ко индијанец….аааа се перна во вратана од гаражана, јас мислев наместо на ноктот на челото дан ти акнаа фломастер“.
Тиииии бре кај му текна на Заев ова, да би зајци го помочале, вака да не означвет на гласањето, санќим сите шо гласавме ореј имаме кафтено, ко на менгеме некој да ни го стегнал палецот. Абре цела недела сум по столари, металостругари. Не бре не излегвит и не излегвит. Какви влажни марамици каков ацетон.
Море со шлајферица пробав…..шлајфај шлајфај никако. Ај реков на дребонг да пробам. Крастајци. Пробав и со брусилица и то со циркон – корунд не бре и не. Ојдов кај Ничета забарон реков ај да пробаме со оние шилцине шо стружит заби…јок. Пробав и со цинцилајзер, дизенштуфна, ортинг, кескинг…море ни со оберштундерфирер не свршив работа. На крај реков дај да пробам во варикина….абре цел палец ојде јабана само коскава и ноктов избоен останаа. Страшна работа.
И шо да прам сега ако не излезит ова. Ми дојде едно време да му манам гној на ноктов за побргу да израстит за да го исечам овај белегов, ама си викам за две недели не оти толку бргу ќе израстит за да го сечам. Дури и оригинален македонски гној да клам, а имат многу врсти на гнојој во НСРМ, не вервам дека ќе успеам. Гној до гној….ак ми вервиш. А нормално и разни други квалитетни џубриња.
И сега шо да се прајт во втор круг за председател и за парламентарните? На левиов. На крај на краиштата пак имам десет прсти и да се прегласвит до десет пати топ не ме бијат. Не дека е до толку лоша идејава ама можеа друго да измислет и уште можат. На пример ако намерно одбраа да не чкртет како боенки да не се ваѓат ова катранишчево само да се знајт и да се гледат јавно кој гласал ….тогаш арно. Пример да ни скинеа по едно уше и кај да ојш сите ќе знаеа кој гласал а кој не. Оп ми текна уште нешто. Тој шо гласал за ВМРО да му скинет десно уше тој шо гласал за СДСМ лево. А?
Еве јас на пример за вториов круг ќе си побарам да ми нацртет крст на чело. Шо викаш? И види. Уште поубав предлог имам. Вака. Да имат да избираш боја од фломастерот. Да си имат со портокалова, сина и зелена боја и ак си православен да имаш крст на чело, а за муслиманите полумесечина. Виш како се сетив. И тогаш ќе ојш чаршија и глеш некој НСРМ-овец дека имат син крст одма си знајш: гласал, православен е и гласал за СДСМ. Кажи….а? Супер. Така да ќе бидат означени сите НСРМ-овци, значи прајме муабет за овци од НСРМ, ќе бидат означени за век и веков. И она со ушине додуша не е лоша идеја ама не ќе знајш од која вероисповед е.
Кај шо реков овци…ми ојде умот на стока, гојда и такви работи. И се сетив дека можит пример жиг да ни редат на газојве. И то пак со сите шартој да сме тетовирани. Жигосани. Да имат и различна боја и крст и полумесечина и све. И нормално страна. Ако си СДСМ на левиот полугаз ако си ВМРО на десниот полугаз. Е овде имаме и можност и за трета опција. Тие шо се трета опција можат нешто да им банат меѓу двата полугазој. Мада како е тргната работата последниве 25 години и како не третирет испадвит дека сите сме трета опција и дека сите сме гојда и дека сите сме дозволине како овци на НСРМ да не онадет на сТреде, помеѓу левиот е десниот полугаз. А? Шо мислиш ти ? Или немаш со шо да мислиш? А?
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.