Оооооо па да брате даааа. Ќе се сликаш и пет ќе речиш. Иначе ќе гласаш само в шоља ак се напијаш ракиште. Да. Ќе си се сликаш ќе си ја доставиш сликата до ДИК…..не лупај…дик на македонски….ќе си ја доставиш и ко ќе стигниш на гласачко место ќе те проверет и така ќе гласаш, ќе заокружиш некој. Ам сега јас неможам да ти кажам за кого. Ти шо мислиш дека имаш доверба во него, ќе му ја дајш твојата доверба на тој шо мислиш дека помалку ќе те болит ко ќе те дупит следниве четири години. А така арслан. Абре ти си веома врло много паметнима.

Е сега за селфи незнам како ќе ојт та работа. Знам само дека требит да пазиш како шо ти е селфито така и ти требит да се наместиш ко ќе гласаш. Мада малку ми е глупо со селфи. Зш пола жени ќе требит да одет на гласање напучени во муцкине како гас од кокошка. Плус то заебано е да одет на гласање по бикини, со разголени цицишча и со гашчите напикани в гас. Мојт во изборната комисија да имат некој пристар и да се запенит. Па после ајде одложено гласање, па сите прв круг овде втор….

Незнам как ќе се решит ова. Друго…шо прајме ако на селфито си на пример залапан со бившата кај шо отпозади ја месиш за газот? Не е проблем бре то. Ти ко си можел да објавиш манијачка слика на ФБ ќе ја застегаш и пред изборната. Ама бивша е пуста беља. Мојт сегашниот да ти ги скршит муцунките.

Е сега уште една заштита на идентитетот се воведвит. Пусто кај ојде наукава со фото шоп мојш шо сакаш да напрајш на секоја слика. Сакаш си го зголемвиш сакаш си го кропираш и одма друг чоек си. Не бре будала еден. Кого го интересират за тој, за носот мислев. Е зато ќе се земат и отисок од чмарот. Прочита во новиот изборен законик? Од 1-ви август сите ојме на давање чмаров отисок на лакмусов папир и тој си влегвит во избирачкиот список под селфито како портфолио.

А така. Абре реков ти си врло….Значи ојш, застанвиш пред комисијата…..да да како на селфито….пучиш то муцките, ги збрцвиш нанапред цициките, купачиот в гас, те разгледвет и ако си океј се префлет на контрола на твојата чмаровина. Е како? Лесно. Се слеквиш, ќе се расчаталиш тро, мрцкаш со тотолникот во мастило и на А4 формат матинаш печат. И го споредвет отисокот. Толку. Како? Да бре да. Тие те забришвет зш мојш да го оштетиш чмарот и следно гласање стап.

Е без да ме прашаше ќе ти објаснев. Значи политичариве зш едно едно се просеравет, дал на телевизија, дал во собрание, кај нив зе земат два отисоци од чмарот. Пред и потоа. Абе за секој случај. Дан дошло до некое равчалвење или друга чмаративна девијација од толку многу какање во нивната кариера. Јок бре. Се знајт. Равчален чмар не гласат. Како ам.

Остај то имат за то време. Тук виде море овие се договрија. Да бе. Падна договор. Абе читав ама многу не разбрав. Важно знам дека цврсто се договрија да се чујат на 31 август, за да се договорат кога ќе се чујат, за ко ќе се чујат да се договорет да се чујат. Е после то ќе се чујат, ко се договориле да се чујат, за да се договарат да се чујат за кога да се чујат. Абре ќути тргна работава.

Сега имат да се засилиме да фатиме развој вуспич прав прав пругоре ела нека не` застанит некој. Само со дикат да не аздисвиме ко ќе се опрајме скроз. Еве читам пред некој ден просечната нето платаво НСРМ да ти изнесвит 22 324 денари!!! Ехеехееј дури во однос ( или во одуше незнам) да rи бидит повисока за едно цели запирка еден позади запирката ( еве и со зборој 1,1 %).

Абе види. Засилот си е засил. Рака на нога се трудат да ни погодат. Пример, викам пример, ако лани ова време си земвел 10 000…..пример викам зш ваква посрано ниска плата не оту вервам некој во нашава Швајцарија да земвит…..си земвел 10 000 денари сега земаш 10 110 денари. Шо би се рекло 110 денари фазла. Е со фазлата мојме комотно да си купиме по едно пакетче кондоми за да не прајме деца да ги осудвиме да живеет во ова вукојебина. Да да кондоми. Зш глупо е да си го кропирам.

ЏИМИ
[email protected]

П.С. Због поради причинско последични летно одморателни причини следното издание на колумната ќе бидит на 05.09 2016 година. Дотогаш во постојаниот термин (понеделник) ќе се потсетвиме на некој постари колумни. Се читаме.

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив