Добро бре да те прашам нешто. Кој тиквар го пишеше извештајот на Европската Комисија? Кој токмак изнатресе онолку зелени во извештајот? Кој? Кој си ја изгнаси устата да пишит такви глупости за НСРМ, за државата која еве сега стана и лидер во регионот со еболата, то е вид на алкохол . Кој?
Гарант го имат пишано Бранко. Гарант. Зш кој друг мојт толку многу ја мразит држава па да искакат дека најгорливи проблеми нашата НСРМ, демократска, економски стабилна, со економски просперит посебно за младите, испод една година, да траснит дека имало уназадување на слободата на говорот, пак уште судството не било независно и згора на то како брбушка од овца на целиот шлаг имало одсуство на политички дијалог. Кој?
Абе како немало слобода на говорот. Глупости. Абре ти мојш во ова демократска држава колку сакаш и шо сакаш да кажиш. Е сега дал ќе те слушет то не влегвит, да би кол му влегол на тој шо го пишеше извештајот, во неслобода на говорот. А најсвеж пример за то е една од седниците од советот во Охрид.
Ете, по повод празникот 11 октoмври зборвеше претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца Гоце Георгиески и ко дојде делот кај шо велит дека економската ситуација во НСМР не чинит и младите бегет од државава, Бакрач и советниците од ВМРО излегоа од салата. Пази каква коинциденција. Не заради говорот на Гоцета, ами да ти се трефнит пред седницата сите од ВМРО, заедно со Бакија, да ти пијат увин чај и им се примочало наеднаш и колективно. И одма букнаа коментари: те не сакаа да го слушет, те не им беше по ќејф говорот те……абе не јади бурек ќе се напрајш ко свиња без заби. Се измочаа луѓето и си се вратија во столчињата. Е сега шо се трефна тие да се вратат ко заврши Гоце то беше чиста коинциденција. И Снежана Лупеска кај ојде имаше пиздарија. И сега да речиме та ги урна кулине??? Ај ти се молам. Абре шпекулации. Зато викам јас зли језици оговарају.
Ама најмногу ме изнервира као немало слобода на говорот. Абе ако немаше, немат да не имаше толку колумнисти во НСРМ па слободно да си го изразиме она шо мислиме како пишана реч. Не така? И то не само со ова влада. Сите влади биле такви….овозможвеле слобода на говорот без некој да те цензурисат.
Еве тргвам од мене. Во времето слободно можев да кажам и кажав дека највероватно Кљусе се ……….. до пари со продажбата на Тојотите. Слободно можев в лице да му кажам дека е ……. не видено. Ми фалит нешто? Ми фалит влакно на глата?
Ко беше Баненце еееее колку пати имам пишено дека ко го решаваше проблемот со октоподот, ко викаше дека ќе кратит краци, можда, не дај Боже, можда викам дека не се реши проблемот и не беше фатен октоподот зш испадвит дека глата на октоподот е ……….., тој и никој друг. И ме цензуриса некој? Ме уплаши некој? Ми фалит влакно на глата? Не бре брате.
Колку пати и без цензура, а посебно без страв имам напишано, и то со си име и презиме, отворено, дека прв кој е турна држава во амбис е …….. ………ски и никој друг. Без око да ми клепнит. Абре со име и презиме. И? Ми фалит влакно на глата?
Исто така и тогаш посочив еве и сега ќе посочам и то јасно и гласно со име и презиме дека …….. ………..ски е крив за нарушвење на демогравскава карта на НСРМ со то шо им даде стотици иљади државјанства на , на, на……абе шо ќе му молчам јасно и гласно ќе кажам на …….арине. Без страв. И имало негде цензура? Нит имало нит ќе имат. Напротив си имало секогаш слобода на говорот.
Исто така се сеќавам во времето, еве бре јасно и гласно ќе кажам, во времето на ..Б.. можеше шо сакаш да кажиш и секое не задоволство да го искажиш. И дека за ич пари купи фабрики и земјоделски задруги и дека еве јасно и гласно кажвам, ги префрли на женаму ……. ……..ска. Абре све јавно кажвам и влакно од глава не ми фалит.
И за ова Влада можам да кажам дека министерон ………. не е саглам, дека онај пак ко за вградинка е еве со име и презиме …….. ………. Слободно без страв можам да кажам дека како ја водат НСМР последниве 25 години сијте ојдовме у ше….. ….чке ….рине. И имат овде цензура. И ми фалит влакно од глата. Е сега искрено требит да пазам шо ќе речам за берберот зш мојт да се инзервират и несамо да ми прифалит цела коса туку да се инзервират и да ми летнит глата. Не ради слободата на говорот, туку заради берберот. Тој е посра работата.
Џими
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.