Да ти се плукнам да ти се наплукам, ракајца да мавнам, море еден балгам како палачинка да залепам, море ебате то одморот ако си дојден во Охрид, а со кола ако немојш да стигниш до масата кај шо имаш резервирано. Ма каква е та туристичка организација да не им го пружит на туристите единственото доживување, си јадиш на маса колата до тебе и си ја галиш на фаројте. А?

Абе не смејме то да си го дозволиме во Охридов кој е среден како пицино око и спремен за туризам како баба за секс. Мада мене ми е малку чудно зш туристине со коли не ги гледет неколкуне појќе катни гаражи во градов кај шо может и таму да се паркирет, сега јес да не е то задоволството, зш ко ќе се фтикачиш в кафана и пијаш пивце, цицни од него и сакаш остај го на маса сакаш на хауба.

А и ги изградивме не дека не ги изградивме. Уствари мислам дека ги изградивме. Море морат да се изградени зш секој градоначалник шо беше и е во Охрид, уште не залепен за фотељата то го ветвеше. И јас без да видам знам дека се изградени зш види некој политичар ко ќе ти дајт збор морат да го оддржит, зш сиве години ние за градоначалници немавме кокошкори шо лажет туку мажишта шо го одржвет зборот. Не така ?

Мада и ние населениево им излегвиме во пресрет. Еве пример јас и многу други шо живејме позади Општина, ако требит нашине коли ги паркираме Подмоље за да можат туристиве да ни се натерет и в дневна. Еве јас лично имам тргнато цел мебел, само телевизорот го остајв, и можам да примам две коли во дневнана. Децата спијат на тераса то се уште две коли. Спалнана празна е и тука една кола. Е сега тука е малку заебано, чекаме да дојт некој за да легниме в кола, а ко ќе си одет не будет и после продолжвиме на паркет со спијање.

Мада искрено. Сите овие работи јас лично ги прифаќам заради неизмерната радост која деновиве….еве се расплакав од среќа, се размрсулајв…..среќа која ме натегна и уште не ме пуштат….синееееееееееее дај паломааааааааааа….извини дур читаш ак негде е замачкано мастилово од солзи е….абе еве сега липам од среќа и потскоквам од столчево….абе алооооо….отворивме нов кружен тек во Охрид!

Не знам за вас ама јас сум возбуден, растреперен еве се збинав ги пушам упаљачов наместо ….И уште….оф леле почнав да икам…а како да не се потприсервам од радост кога најпрепомтенајмногу се среди све со овај кружен тек. Абе ко рекоа дека со него ќе се поврзат главните сообраќајни артерии во градов Булевар на Туристичка со улица Бистрица…лелееее ко рикнав среќно плаќејќи како родилка на бокс.

Еееее долгогодишниот завет е исполнат. Бистрица е поврзана….јас дури би рекол дека Бистрици за Охрид, за НСРМ, за балканов и за Европа не е артерија туку аорта. Алоооо АОРТА за цел свет. Море шо….во оваа конфузија створена од солзи, среќа и радост, немат да згрешам ако речам дека ако Охрид е организам абе улица Бистрица е чигер на цел свет. И то со си отворенана канализација.

Зш сега ојш на Туритичка и вртиш на Бистрица и од тука пичи право за Минхен, Париз, ЊУ Џерси, Сиднеј….а кај шо го спомнав Сиднеј. Ти теквит на оние камионине во Австралија шо ги викет возој и шо имет маки по неасфалтиранине патој шо носат храна до разни вукојебини баталени места низ цел континент? Е и тие ќе минвеле низ Бистрица. Значи збогум сиромаштијо, збогум не вработеност, збогум бомби, збогум лопати и индуструски зони. Абе само ќе се сејме и ќе го прчиме и од патарината на Бистрица не само шо ќе останиме лидери во регионот, ами ќе станиме и светски лидери.

Ми снема палома. А неам пари да купам. Ама аку. Засега ќе се избришам со сиве ветвења за подобар живот во НСРМ. Ко шо си го бришам газов. Ама уште малку. Дур ја научат дека улица Бистрица е најважната аорта во светската сообраќајна комуникација, а можда и пошироко.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив