Делетејааааа пушетејаааа пак ќе биде наша најмилааааа……чингерлаки чингерлакики…..мајсторе секни малку. Ми ѕвонит телефонов. Ало…кажи брате. Абре идај ајде в кафана сме славиме. Како шо бе? Ар ти Македонија живејш или во Либиска Џамахирија? Па среќен сум ами како. Па се пушит овде. Не бе каква таа. Абре идај каква слава е овде. Па ја легализираме. Да бееееее……Во моментов.

Е така седни си до мене. Зајко можда не даде здравје со коронава, ама него Господ да му дајт здравје за легализацијава на тревчево. Ај пробај и уживај. Е вака ја бидвит бре брате. И како да не славиме. Го гледаш онај шо свирит на алигаторон? По, по, песни….Абре каква виолина на алигатор свирит.

И то види цела група еден инструмент немат, а песни бреееее….Газдаааааа, ај речи му на лавот уште по еден стог јонџа да донесит. Ај, ај, не сум ќор, каков келнер. Ко влегов почна да ме служит келнер и келнерка, а после 10 потпушвења продолжи тој лавот и ова хиенава со големи цицки.

Значи еве Зајко ни помогна да се напушвиме легално па морат и ние да му помогноме за понатака. Јас застанвам на негово место з`ш ем тој е крут ем јас имам тактика. А го имам и Мицко. Да бе. Заедно ќе работиме.
За со братјата закаснивме. Ама за едно им мерси. Ни го закачија после грците, ама ете коректни ни остајаа место и за другите. И за возврат џанг нашата граница наназад и им ја давам Струмица, Штип, Делчево…..Како големо МЕРСИ.

Да да. Но ме чекет уште предизвици. Уште вета. А јас имам план. Ама сега пушнавме од легализиранава јонџа и сме спремни и све знајме шо не чекат.

Прво на сите да им е јасно и да не ветоизирет морат да знает дека имаме кубур на појасот. Ние не сме народ без корен. Но останавме само корен. Само жили имаме, гранка јок. Сега сме спремни за сите предизвици. Не бадијала се легализира пушењето. Ние од ко сме родени пушиме ама бар сега си е законско.

Попушивме кај грците, кај блгариве, сега ваљда следвит на србите. Па да бе пред нас ќе влезат. Сите. Ам то е тактиката. Последни да влезиме за шо појќе да пушиме. Легално. Со нив кратко и јасно решаваме. Знам з`ш вето ќе клает. Вето за Прохор Пчински. Е како? Е па тој припаѓал на Вардарска Македонија. Нормално дека нас некогаш ќе ни текнит за Бујановац да имаме територијални претензии. З`ш како шо викат тута ние бетер ќе сме од Александара и мојме цела Европа да ја македонизираме. И плус за секој случај ја тегниме границата негде до Арачиново.

Значи го пресушвиме Вардар и јас снемвит Вардарска Македонија. Спремни сме. Следвит вето од Словенија. Ние пуш од то јонџата, пуш на словенците и признаваме дека навистина од Ресен им носевме по 100 тони јаболко за литар фруктал, но дека семето било словенско. Го менвите името – немат појќе да велиме ЈАБОЛКО-туку- ЈАБОЛКАУАУ. Крај.

Пушни и тушкај си. Џанг вето од Албанија. И одма реагираме. Уште не кажано з`ш вето, ние менвиме во: Tetovë, Kërçovë и Strugë. А? Е том грму зеци леж. Од НСРМС ќе останит Охрид со си Дебрца, кај шо ни е единствената фабрика за марихуана, па и најпогоден терен за одгледвење коноп. И оп, Охрид, като Монако. Град држава. И тогаш болит ме стојко дал ќе не примат. Не ни сакам. А? План? А? Пушни си !!!

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите