Абре незнам што да речам за овај новиот пушачки закон. Ал е арно вака ал не. Мада имат и позтивни и негативни страни. Е сега шо е негативното. Еве на пример сега дур пишам седнат сум на пристаниште на кругон за да можам да пушам. Дур пишам. Или пак седнат сум овде да можам да пишам дур пушам. Незнам пак, да пушам дур пишам, да пишам дур пушам…..Господ да чуват и да бранит…и голман да станит. Се шашардисав. Две букви се “у“ и “и“. А ги замена беља се прајт. Жими се. Можда овде не голема ама замисли да мениш една буква на зборот писта. Писта ти е она шо полетвет авионине. Е сега ај де заменија “с“ со “з“.А? Ќе мениш, ќе мениш ама ќе слеташ. Туку шо ми беше зборот? А за пушењево.
Порано со пушење појќе се дружевме. Ќе појш негде , во некоја кафана, ќе попушиш, ќе си попрајш муабет …. Мада види. Не беше примарна цел пушењето за да се се сретниш со некого. Тоа си идаше само посебе и си се подразбираше. Седвиш, пијачка, како си, шо прајш, ми ми ми …и си пучите. Оф ..пушите. Виде шо напрај една буква? Све спонтано. Зжш глупо е некому да му речиш: “Ќе се најме мор ваму и ваму да попушиме?“. А? Кажи колку е глупо. И види не само шо се дружевме, ами дружењето ни беше в кафана. Си седиш, си пушиш, си гледаш момиња дотерани, во миничи, со деколтеа…и пушат. Убајна. А сега шо? Нишо. Сувилајна со праз. Не одам в кафана, а дома ми ми идат Шуле да пушиме, сејт ко куп во тренерки, ни минич имат , ни деколте…абе нишо. А како да клајт и минич и деколте ко дома ми се купосал не во кафана. И тој не е крив. Не така?
Послем сцени секакви. Ја глем една излегвит од продавница со 100 кеси, и да искористит, одма почна да се брцат во ташната, се мачит да ги извајт цигарите, ај едвај извај едно цигаре и таман да го клајт в уста и таман да го запалит и падна. Ај ојдов , и го вратив в уста и го запалив за да мојт да попушит дур не влезит негде. По улица. Глупо. Пак сега сите пупшат по улица. Охридов ко Велес се напрај. Чадојни. Друго пак шо ми сметат. Ела види кој ја возит колана. Чадој внатре думани. Па па па па. И ко ќе излезат од кола во очине подујани. Нааа ко кромид. Ко Латаса ко кажаа дека наводно бил шпиун. Јас пак невервам дека бил. Требит чоек да е ептем безкичмењак, вол, бескрупулозен, дајгаз, коњ, свиња, тинтрач, душа продаена, расипан, пенисо пушач…за да ја шпиунит својата држава. А Латас не е таков. Не вервам.
Е сега рака на нога имат и позитивни работи овај македонскиов пушачки закон. Најбитно ако не скроз, бар да намалиме со пушење. И некако е глупо море ем да плаќаш ем да пушуш. А? Не така? Бар да е обратно, да ти плаќет а ти да пушиш…..подруго е. Мада дал ти плаќет или си плаќал за пушење пак се трујаш. Како да се свртиш газот одпозади. Ама една работа бар ќе се средит. Сите се труевме. И оние шо пушат и оние шо им пушат се трујат. Аха. Пак за непушачите уште позезнато. Ем да не пушиш ем да го вовлеквиш. Чадот. Внатре. За нигде.
Ама искрено мораше да дојт до ваков закон, пушачки. Суми Коле, а можда и осети, дека македонците се големи пушачи, како народ, и сакат да напрајт малку ред. И плус то ваљда е непушач чоекот шо го донесе овај закон. И сега чим тој непушит, нејќет и македонциве да му пушат. Нормално. Мада мислам дека ко ќе е со овие големциве, од ЕУ, НАТО, Фуере, ако не друго бар протоколарно подпушвит по некоја. Онака колку да ги задоволит нив. Нормално ако се пушачи тие и ако му понудат да пушит. Абе ќе си дојт се на свое. Ваљда ова македончево ќе престанит еднаш да пушит. Не години , ами векој све некому му пушит. А шо доби? Бинек.