Пту, пту, пту помина нова година. Помина и Божик. Помина и стара нова година. Помина и искрено убо помина. Зш еве јас дишам. Џанум колку гледам дишиме сите. Све некако како на арно да тргна. Се сплотивме сите. Сите постевме. Кој заради Божоќните пости кој заради политичките глупости, важно постевме. Така некако пончавме сложно како никогаш и све со договор кој се испочитува. Се договоривме 14 посни сарми да ни стигнат за сите празници и ни стигна. Слога. Дал имат поарно од слога? Немат. Не дека неможевме поинаку да поминиме ама така се договоривме.

Абе ко ти викам се на арно тргна. И веќе сигурно е дека вервам во Дедо Мраз. И во Бога. Си посакав кај него и си се помолив на Бога само едно: да тргнит на арно. И тргна. Ќејф ми беше….пример…..Рада, Бендевдска и нивните им другачки шо беа толку повредени и претепани до смрт, бар така пискаја, секој ден ги гледам на мирни демонстрации здрави и живи покрај спасителот Бранко. А го приметив и Јани ете Дедо Мраз му донесол нов џемпер и со него сега е по улици. Незнам додуша шо прајт по улици и дал ќе го постигнит она шо го сакат по улици кога не го постигна онаму кај шо требит. В парламент. Ама како и да е ме радвит шо се сложна и професионална партија шо прает све да му ги исполнет желбите на спасителот Бане. Друго не е битно. Важно неговите желби да станет реалност. Бар на еден ден да седнит на столон од Колета.

А и Бранко ме бендиса. Се израдвив шо ќе ојт на избори. Е сега нормално ако му се исполнет некој услови. Мада ова малку ме потсети на син ми ко имаше 2 години зш требеше да му исполнам 300 желби за да јајт. Е сега некој ќе му ги исполнев за некој ќе го излажев, добронамерно, ама ќе јадеше. И на крај јас пак победвев. Ко шо ќе напрајт Коле.

Ме израдви многу и Мендух Тачи. И мислам дека требит најмногу да му заблагодарам на шок Тачи шо денес сум жив. Алал да му е. Објасни чоекот зш на 24-ти декември не застанал зад Банета: “…..Замислете ситуација на 24 декември во парламентот да бевме јас и моите пратеници и 50.000 Албанци пред Собранието….ќе имаше директен физички конфликт. Ако јас со неколку илјади албанци ги газев барикадите и тргнев кон полицијата и поддржувачите на власта, тоа ќе беше директен конфликт меѓу Албанци и Македонци….“

Аааа фалимендерит шок Тачи шо не излезе. И навистина ми е страв сега шо ќе беше ако ти излезеше. Ама дали требит само мене да ми е страв или и на Колета и Банета и на сите македонци?А? Дан сакаше ти нешто со ова да му порачаш на некој нешто? Ко на пример….викам на пример….да не си игрет со тебе и дека ти не си Бранко да те фрлет ко партал од собрание зш мојт да дојт до…..че пукам.А? Как да е, ти ова го кажвиш со години а тој шо требит да го слушнит се прајт на Тошо. Само малку ме инзервира една најава на телевизија: Тачи му го сврте грбот на Бранко????? Овде се збунав малку. Можда чоекот го рече ова на албански па погрешно беше преведен. Највероватно, после све шо се случвит во македонскиот политички блок,  оригиналната најава требит да е : Тачи побара Бранко и Никола да му се свртат, да не речам напучат,  со грб“. Незнам. Можда ќе е игрет она играна стара шо ја игравме ко деца, пучи газ. Пример. 

Глеш. Све на арно ојт во новава година. Еве на пример “бајковизија“ или некој како шо ја викет “Сител“ кажаа дека при последната посета Нимиц си заминал од Македонија посран израдван. Е сега не дообјаснаја зш толку се потпопсрал од радост ама, како све во новава, тргна на арно и за името на Македонија. А како ќе се викаме не кажаа.

Мада да бидам искрен мене не ми е важно како ќе се викаме зш на “бајковизија“ ми кажаа дека грциштава, за разлика од нас се на работ на економски колапс, дека сме најмалку задолжена држава, дека ние сме ти биле на 43-то место од вкупно 177 земји на листата на индексот на економски слободи за 2013 година и е најдобро рангирана од земјите во регионот. Зад нас ти биле дури и Србија и Хрватска и Словенија, а замисли трите држави да ги поминиш и со борина да бараш не ќе најш и ни една дупка по автопатите. А ебати автопатот без дупки кој мојт да те заспијат и да напрајш беља. Не така?

Е сега како обичен чоек нешто малку ме збуна и никако неможам да го разрешам. Сумирав све од старата година. Ми е криво шо и та шо помина и 5-6 предходните поминаа во: Никола требит да си ојт од власт зш незаконски донесе буџет….Бранко не смејт да дојт на власт зш ко беше тој ја заеба економијата….Никола да си ојт зш истепа пратеници…..Бранко да не дојт зш со сила сакаше власт…..Никола да си ојт зш чудно ојт….Бранко да не дојт зш се пијанит…..Никола да си ојт зш беше Боксер…..Бранко да не дојт зш има бубуљици…Никола…Бранко….Никола…Бранко…..Никола…Бранко….Е до кога де???? Е то е шо ме мачит и шо неможам да го разрешам. Нејсе друго, све луѓе шо се викет Бранко и Никола ме накострешвет. А кутрите ни криви ни должни сме. Како и ние жителиве на НСРМ шо ни криви ни должни не мојме ова јоклама да ја разрешиме. А дур ја разрешиме ни останвит да си играме пучи газ.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.