Аман полека, полека. Без паника. Не скокајте одма за новините во школството за децата од прво до трето одделение. Некој негде имаше изјавено како е тргнато со реформиве во образование ќе ни одело јабана школството. Одговорно тврдам немат да ојт јабана. Немат зш веќе е посрано и за нигде ни е. Е до кај ќе ојт?

После прочита ли дека наставната програма е земена по теркот на наставните програми на Кембриџ? А не од Свирипичино. Не прочита. Зато скокаш. Одма по социјални мрежи загрижени родители, професори како сето то ќе се постигнело. Абре луѓе полека овие во министерствово за образование не се вработени за да тресет зелени та децава да ни се мачет, туку вработени се да тресет зелени за децава да ни се мачет. И шо сакаш.

Све си имат план за да си течит образовниов процес како мед и млеко. Од септември ќе изучуваат биологија, хемија, физика и научно истражување, а предметот Запознавање на околината ќе се замени со Општество. Програмата по математика ќе биде поделена на пет подрачја -броеви, математички операции, геометрија, мерење, работа со податоци и решавање проблеми, а бројот на часови од четири ќе се зголеми на на пет часа неделно.

Е сега минорниот проблем со можда, викам можда, недостаток на време ќе се решит плански. Уште во фаза на фетус на детето во првите три месеци ќе му се прајт селекција за шо е способно и ќе се вршит запишвење со соодветни тестој. Во второто тромесечие на бременоста ќе се веќе селектирани кој ќе учит броеви, кој геометрија итн. А во последното тромесечие ќе знајт кое во клас е и кој ќе му е класен.

Од раѓање до почетокот на школото ќе се прочешлат материјата на атомска физика со ракетно планирање, основи на органска хемија со молекуларна аналитика и еден дел од биолигијата, поточно анатомија на тело со основи на форензика. Е така. И чим си почнит детето во прво појќе од спремно ќе е да ја научит буквата А.

Е сега решен е и проблемот со бројот на часој. Во понеделник си го носиш детево нашкола со два куфери и петокот ако преживејт ќе ти го вратет назад. То гледај го позитивно и од економска гледна точка. Замисли какви трошоци се секој ден да го носиш. Не така?

Е јас имам само една замерка до образовниот систем. Милијарда предмети кладоја да се учат, шо е нормално, да можат децата уште во средно да се вработат во НАСА, а за пракса да ги примет во Пентагон, а во моментов најбитниот предмет не го кладоја. Магионичарство. Во моментов најбитниот предмет во НСРМ.

Без овај предмет и без знаење на тајните на магијата немат шанси да се опстанит во нашата силна држава која итат према економскит просперитет и благодетите кои ќе ни ги или можда уште сега ни ги нудит. И обавезно на секое дете ко ќе го завршит овај клучен предмет да му се дајт не магионичарски стапчиња туку стап. Зш после објавата на завод за статистика дека на четиричлено семејство му се потребни 32 000 денари за да преживејт месецот, а просечната плата е 21 000 денари…..само со стап мојме да преживејме.

Е една работа многу ме бендиса. Се потсетив на еден филм одавна шо го гледав. “Големото синило“ со Жан Рено и Жан-Марк Бар. Тууууууу филм убав. Само овај римејк беше во продукција на НСРМ. Груевски и Заев. Во сино. Све во сино. И тие во сино. Со мали бели примеси и детали за да му го напрајме ќејфот на грците.

Ме потсетија зш во оригиналот двајцата главни ликој некогашни другари изгубиле контакт и на светско првенство во гњурење пак се сретнаа. Не оту овие во римејков се другари, ама ете така некако симболично.

Само една разлика најдов од оригиналот со римејков. Во оригиналот само тие двајца се наптреварвеа во гњурење и само тие двајца ја предизвиквеа судбината да се удает. А во римејков некако со нив ко да ќе се удает плус 2 милиони луѓе незнам. И во оригиналот не се сеќавам, зш заспав, кој од нив се удај, а римејков ќе го пратам ревносно да видам кој ќе е давеникот. Зш за другиве 2 милиони знам дека веќе се удаени.

ЏИМИ
[email protected]

Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.