Така ами како. Ја дотеравме полицијава. Кој на друго работно место, кој на боловање, кој на праење ајвар, кој на суд….службено мислев. Ама ете нови 650 парчиња се примија. Кажа едно дете на телевизор дека многу научило за ова година дур беа на обука. Интересно. Гледав. Ама многу сакав да видам шо ќе кажат оние шо се начело на полицијата. Оли и Митале. Се напрајв уше.

“Во официјалната спроведена анкета, резултатите кажват дека само 9% од народот во НСРМ имат доверба во полицијата. 29% проценти имет целосна недоверба, а останатите 30% делумна доверба“…да бе. Олливер прокашла вака. И то со си шлајм. Ко да ми фалат проценти во математикава. Нејсе.

“Неодамнешната уште по официјална и по спроведена по анкета , кажвит дека 60% од народот во НСРМ имет доверба во полицијата односно то значит дека полицијата имат целосна доверба кај народот“.

?????????? Кочи. Чек малце. Се збунав ко Хорхе на прашање на англиски јазик. Сакав да побарам помош од пријател ама Боцески бил на карате и морав сам да се мачам. Џанк дигитронот. 9+29+30=68 Уф. Мене ми идат 32 вишак. Сега јебига , мојот не е министерски….дигитронов. Ама пак математика е математика. Или пак ако сакаш интелегенција е интелегецнија. Или пак најпосле ак сакаш, напишан текст е напишан.

И сега таман ова го решив излезе Мите морееее Митеееее…..рече 60 % имале доверба. Незнам как да сватам. Ама сигурен сум дека некој овде на народов во НСРМ му прајт нешто од областа на сексот во здрав мозок. Како не сум ти јасен? Ар ај истреби се. Како да речам во јавност дека некој не дупит во здрав мозок. Па то ни Латас не би го посрал во јавност не пак јас.

Тук ми текна. Ти теквит пред некој месец ко ти кажвев дека сиријците не требит да ги бркаме од НСРМ и да не им браниме да ни влегват? Е така….зш не оти знаев зжш ќе ни притребат тогаш ама еве сега оправданост. Зжш последно ко да чув од некој од овие педериве на партииве дека со некој проект ќе се вработеле нови 2500 души. Ам сега не ми теквит од кој. Двајца се.

Как да е. Факт е дека ќе ни фалет луѓе на ваква динамика на вработвење. Ко шо рекоа дека секоја недела ќе се вработвет по 600 души тоќе е заебана работа. Види вака. Една година имат 52 недели шо значит 31 200 души. За 5 години , како шо рекоа дека проектов ќе трајт ќе имаме потреба од 156 000 душиња. Да бе. Е сега имаш овде три чариња.

Или да ги матинаме бебињана на работа или да ги станиме умренине или пак ете ко шо ти кажав сиријциве да ги акинаме по фабрикине. А как да не. И мене ми текна. Не идет во обзир да примаме во НСРМ американчишта имигранти во потрага за парче леб, зжш ко ќе разберат колку работа снага ни требит со ова динамика на вработвење колка е платата ќе нагрнат кај нас. Не. Сиријците и крај.

Как да е ќе се снајме за работни ресурси. Ги имаме со багер да ги туркаме. Тук да се спремам и да  му ја летнам за Кочани. Само незнам дал да облечам кравата или обичен лептир. Ачик црвена кошула или портокалова. А не не.. та со ракајте одпозади ќе им ја однесам за кочанци. Нив им требит. Требит да стигнам бар пола сат пред да почнит свеченоста и пред влез од Кочани да мавнам 2-3 деметрини, да сум смирен на веселбата, ама и 3-4 линекси дан се потпосерам од радост. Еееее море знајш шо значит дури од Франција да стигнит и лично Андре Булер предеседателот на Алазас лигата да ти донесит како донација количка за обележвење на фудбалски стадион. Алоооооо не креда, не фломастер алоооооо морееееее количка. И то цела. И то попраена. Да бе ја попрајле пред  Андре да ја донесит. Зш оваа не е заебанција море количка е и то од големине. Бебе немат шанси да ја туркат. Абре Господ знајт како ја имет транстпортирано, како се имет мачено французине. Дали со воз од долгине, дали со брод од големине, дали со онај дебелион руски транспортен авион.

Само незнам шо напрај ја со ќенефите шо ги расклопија. Мислам дека и нив ќе ни ги донирет, а ние ќе сме пресреќни. Само дали ќе ги ги исчитат пред да ни ги  баптосет или не незнам. Мада нас немат да ни сметат и со си гомна да ни ги  донесет. На толку тони македонски гомна не ќе е на одмет уште некое килце да ни дает.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите