По по по по шо провокаториски народ сме ние ова е чудо чудосано. Абре колку сме завидливи неможам ни сам да си се обајснам. Абре како мојме вака? Како? Леле колку клет народ сме ние. Види….не бадијала Александар Македонски ги клал рацете на газот и рекол: “колку јас шо ги глеам рацеве на газот толку овај народ арно да видит“. И во право е бе. Клети сме ние пре клети. И не бадијала не дупит Ван Хојте како сакаме ние….уф….како сакат тој.

Шо потреба од вакви работи. Владата на држава Мјанмар им даде дозвола на Али Амети и неговата ДУИ да клајт двоглав орел…….уф овде морам да дообјаснам и да бидам до крај искрен. Тешко ми е, можда ќе го кркам како Тошета ама од вистината не се бегат. Искрено ми се јави амбасадорот во Србија од Мијанмар, Уније Мија Аја и ми кажа дека Теин Сеин, претседалеот негов, дозволил орел да се клајт ама моно. Не стерео.

Е тогаш на сцена настапил првиот светски првоборец за права шок Али Амети и му објаснил на Теина, нормално преку Унијета, дека ептем е хегемонистички, не толератно, нацисто-фашистички и крајно македонистички да се клајт орел со една гла. Зш гла ко гла, ако е сама со кого ќе општит така. А ако не му дозволет да си го клајт орелот со двеве глај, тој мислит, не е сигурен, претпоставуват, дека мојт да дојт до нереди во НСРМ како и во Мијанмар, кој ќе резултирет со ЧЕ ПУКАМ.

Во прво време Мија Аја ко да не му се слушало и тогаш чистокрвниов Македонец го прашал дали слушнал за Липково наше па овај вториот му рекол дека знајт зш зет му за две сестри од прва брачеда докторирал за хидро инжинер баш во то село, а ментор му бил командат Шпати. И дилот паднал. Кренаа ДУИ-ОВЦИ со две глај. А незнам зш ние се воспаливме зш еве мене лично тој орел мене појќе ми личит како страчка сплескана од шлепер на шофершајбна.

Ова го објаснив за да ти е јасно кој дозволил да се кренит двоглавиов орел. Страчката. Зш ти каков си никаков како Македонец мојш да помислиш дека нашава Влада им дозволила, па после увидела дека се посрала, дека го испровоцирала македонското население и се потпосрала уште, па одлучила после да напрајт контра крст само да не смирит. Ама не. За овие 30 години НСРМ немала таква кокошкарска влада. Почев од Бранета.

Е да се вратам на провотикаторската тема наша. Морам да признам, рака на нога, се дрнзафме во наша држава, шо се викат Македонија, во која ние сме газди на ова држава, во која ние сме христијани, да градиме…молим те…..се дрзафме……да градиме христијански симбол. Ајде молим те.

И ај шо напрајвме крст туку во шо беше провокативноста? Во неколку работи. Да сме начисто. Јас сум реален. Шо е право право е. Ај шо сакаме да крениме крст, во државава наша, туку прва провокација беше шо не е обичен крст…..туку дво крст. Да да. Имат две прачки. Една вертикална една хоризонтална. Можда тебе толку ти е батеријата и не ти теквит ама јас одма ја увидов провокацијата….ДВОглав орел, ДВОкрст. А? Ееееее требеше да ти цртам?

После……по нацрт планот крстот не смејт да преминвит дозволена димензија зацртан со Охридскиот договор. Шо значит то? Пример…..ако двоглавиов е 100 метри, ние морат да пазиме нашиот симбол, крстот, да не е повисок од 175 метри за на загрозените да им останат нивните 25 метри. Мада шо и да прајме на крајот на денот на сите ни следвит по 2x2x1. А искрено ако продолжиме вака со провокации многу побргу ќе се пикниме во то шо не следвит.

Туку и уште една работа мене ме мачит. Аман бре аман, кога еднаш засекогаш ќе ги сфатите бре на згрозените? Кога еднаш ќе почните да ги разбирате бре, да ги сфатите? Алоооо останаа најнесфатениот народ во цел свет и пошироко. И како после другарчињата на Аметија да се сфатет сватени ко само 24 и пол канали им се дадоа на Три Макс. А? Да се разбериме. Никој во светот нив не ги сфаќат ама ова нашево не сфаќање ни било ни ќе бидит. И токму конфликти ( пту пту пту скраја да е ) би се предизвикале само од нашето не сфаќања на овие луѓе. Аман. Ако не мојме како народ, како појава, да ги сфатиме бар нивниот миротворец Амети да го сфатиме. После тој ќе им објаснит. Лојалниот ако сакат мојт, ама само ако сакат и на течен македонски, да не речам ќе ги пљукат, ко ќе им објасвит.

Јаз`к да ни е. Арам да ние. Да ни е, да ни е, да ни е еден СРАМ да ни е. Дури ради нашите провокации I turpëruar. Останаа луѓето не сфатени.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив