Денес, манипулацијата е една многу интересна општествена игра. Игра во која доколку ги немаш благовремено правилните информации тогаш убаво и многу добро си наебал. Не станува збор за тоа што ќе изгубиш, станува збор за тоа постојано ТИ да губиш и да бидеш под нечија контрола. Контролата може да биде од спроведена од страна на индивидуална особа или од страна на некоја организација преку некој медиум. Како и да е, сите информации со кои се среќаваме се субјективни. Со порака. Порака која треба да те држи во страв, а тој што најдобро знае да го контролира стравот на својот народ, тој најмногу се задржува на власт. Сето ова се вика пропаганда. А пропагандата не е ништо друго освен порака чија цел е да влијае врз мислењето и однесувањето на луѓето. Денотацијата на пропагандата е да пропагира (активно шири) една филозофија или став. При пропаганда, најчесто не се работи за обезбедување на неутрални информации, туку на намерно искривен податоци, логички грешки, кои иако понекогаш се убедливи, не се нужно и точни. Со добро смислена порака, се може да се менува вниманието на читателот, а тој да нема претстава за течението на времето. А, сомнежот секогаш постои. Иако некој некогаш се сомнева, да знаете, тој верува во тоа што го дознал или разбрал од некој за нешто затоа што сомнежот и верата се како издишување и вдишување. Не можеш постојано да вдишуваш без да издишеш. А оној кој никогаш не се сомнева, тој не верува вистински, тој само обожава – верува во се што ќе му се каже. Најчесто пропагандата се употребува во политички контекст, особено кога се однесува на напори спонзорирани од влади или политички групи.
Пропагандата не е нова финта. Сите ја практикувале. И од лево и од десно. Разликата е во тоа што техниката и можностите не биле исти. Свесно или несвесно ја живееме секој ден и таа постоела од памти век. Почнувајќи од античка Персија , па до “Октомвриската Револуција”, “Нацистичка Германија”, “Студената Војна”, “Војната во Југославија”, “Авганистан”, “Ирак”, “11 Септември”, “Слетувањето на месечината “, “Убиството на Кенеди”, ” Ватикан”, ” Бугарска пропагнда”, ”Српска пропаганда ”, ”Грчка пропаганда ”, ” ”…у пм…многу ги има…
Една пријателка ми кажа дека уште од 1947 година почна психолошката војна против СССР. Смислено беше да се истакнуваат благодетите на американскиот хедонистички начин на живот за на Советите “вода на уста да им доаѓа” додека слушаат за потрошувачките асортимани од САД. Намерата беше да се развие копнеж, преку филмовите, музиката, рекламите за да се посака американски сон кој полека но сигурно ќе го направи советскиот систем неодржлив. И тоа и се случи. Ако го контролираме светот (народот) со сила, тогаш не е важно (не заболе) што тој мисли и чувствува. Но ако ја изгубиме контролата со сила, тогаш останува зголемена потреба да го контролираш однесувањето на народот и неговото размислување.
А, за да контролираш еден народ или некој поединец, мора да се има техники преку кои се комуницира. Извршителите на пропагадните активности се дел од науката “Односи со јавноста”. Постојат техники како повикувањето на патриотски чувства, неосновани воопштувања, намерна неодреденост, преголемо упростување на комплексни прашања, рационализација, апелирање, употреба на кратки пароли, на еуфемизми, создавање стереотипи, непотврдени претпоставки, употреба на мислења на познати лица или авторитети и итн. Сето ова го прават луѓе, професионалци кои не чувствуваат барем ронка жал или срам. Туку гледат радост во парите и високиот его-социјален статус. Да се разбереме, мојата професионална работа не е да бидам портпарол или да пренесувам туѓи ставови. Џабе моите не ме пратија да студирам во странство за да си создавам свои ставови и да праќам лични пораки преку моите филмови. Да можам самиот да ја разберам вистината и сегашноста. Засега ќе си останам она што сум, а фала му на Бога, не сум “ништо”. Но иако сум “ништо”,” нула”, има неколку луѓе на кои ова што го пишувам и тоа што го снимам, барем малку им е интересно, затоа не би сакал да ги разочарам. Го подржувам фактот дека нема ништо негативно во пропагандата доколку таа се користи за добри дела ама преку к*р ми е дојдено да ги слушам моите колеги со нивната филозофија дека пропагандата е неутрална како рачка на пумпа. Дека може да ја употребите за добро и за зло. И како тоа сите сме добри и големи хуманисти, ќе ја употребеме за добро и ќе им овозможиме на глупите и игнорантски маси да станат маргинализирани и издвоени од било каква можност за одлучување. Верувајте ми, вака е!
И денес, кога ќе речеш дека објективно гледаш на сите настани кои ти се случуваат секој ден, луѓето прво ќе те направат будала и на крај ќе ти кажат дека си песимист. Не си ти крив, тие се! Околината такви ги направи. Тие немаат предрасуди ама ги мразат сите околу нив. А, што се случува со медиумите? Колку тие се објективни? Ветар во магла се објективни. Основна задача на организациите кои пропагираат е да се имаат инфилтрирано во структурите на општеството. Преку финансиска поддршка да заробуваат членство од сите возрасти и категории, од средношколци до новинари, универзитетски професори и академици, од сите сфери на културата, економијата, науката, здравството, правосудството и литературата. Тие отворено велат дека нивна цел е да ја сменат структурата преку донации, да создадат поволни услови за субверзија, да се здобијат со контрола во сите сфери од животот, имаат намера да ја фокусираат својата енергија и влијание врз медиумите и културата. Еднаш ви кажав, пропагандата престанува да биде ефикасна кога нејзинито присуство ќе стане очигледно. За да се сведе човештвото на робување, пропагандата или рекламата ги избира дискретноста, приспособливоста, уверливоста. Живееме во првиот систем на човечката доминација над човекот пред кој дури и слободата е немоќна. Наспроти тоа, тој систем се обложува на слобода, во тоа е неговиот изум. Елегантно ве потчинува. Понекогаш диктаторите се плашеле од слобода на изразување, го цензурирале оспорувањето, ги затворале писателите, ги гореле контроверзните книги.
Винстон Черчил имал околу себе десетина експерти со кои често не се согласувал, но само преку нив ја осознавал реалноста. Слободната и независна демократска мисла поголема штета доживува од партиската интелигенција, која отворено применува заплашување за замолчување на неистомисленици со нивно маргинализирање. Кампањите за лекувањето на болестите на општеството станаа придружен елемент во оваа ригорозна битка. Луѓето кои шират пропаганда се исклучително чувствителни на секоја критика и ја доживуваат како смртна закана, а тоа, пак, интелектуалците ги води во се подлабок општествен молк, Се создава атмосфера на страв и самоцензура. Се стеснува просторот за јавна дебата. Тие што контролираат успеваат да ги замолчи и оние малку интелектуалци што имаат храброст да го искажат јавно својот став, со тоа што ги етикетира во негативна конотација. А со самото воведување на пазарната економија и во суптилната област на културата, во услови на кревко дефинирани вредносни критериуми на преминот од стариот во новиот општествен систем, отвори пат за многу лесносварливи и неочекувано брзо прифатени содржини со сомнителна калорична вредност кои се дел од некоја пропаганда. Кога веќе функционираме така, тогаш е многу тешко да се регулираат односите во доменот на културата, на вредностите и на човековото достоинство. Државните структури, повикувајќи се на човековите права на слободен избор, се амнестираат од секаква одговорност за естрадниот невкус, не помислувајќи колку поразно влијание може да има отсуството на соодветно вредносно образование и воспитание и во другите неуметнички сфери. А, секој прост народот, навистина, го добива тоа што го сака, но не ја санкционирајќи секоја безвредна и срцепарачка понуда, а со тоа секоја државата добива – некритични граѓани, какви што посакува секоја манипулативна администрација. Орвеловото општество, добро кажува. Некој ден, Големиот брат убаво ќе ни ја порача песната дека “незнаењето е сила, незнаењето е моќ”.
Меѓутоа, многу работи можат и да бидат изманипулирани од религијата. Многу војни се провоцирани од религијата. Сега нема да ви филозофирам за пропагандата од Ватикан. Сакам да ви дадам до знаење дека имаме психопати кои се длабоко религиозни. Нема потреба да испратиш авион во облакодер и да убиеш илјадници луѓе. Всушност, тоа е лоша стратегија бидејќи и најлигавата држава ќе се почувствува одговорна да возврати. Но ако се насочиш кон мултикултурна “сензибилност”, немоќната држава ќе го свие опашот и ќе направи се за да ти даде се што ти треба – вклучувајќи ги и клучевите од тие облакодери. Во нашиот случај религијата може да биде спорна и од друг аспект. Не знам дали религијата ќе ги зближи луѓето, односно учениците, бидејќи тие потекнуваат од различни вери. Образованието забрзано почнува да ја маргинализира и да се оддалечува од својата примарна функција. Се доведеме во ситуација на интелектуално осакатување на младите генерации. Дојде времето кога глупите предмети, како историја и географија, од наставниот програм ќе бидат исфрлени. Од математиката доволно е да знаат собирање и вадење. Главни предмети ќе бидат биографиите на поп-ѕвездите, мафијашите и сериските убијци. За време на часовите ќе може слободно да се пуши. Кој не сака, може да пуши во клозет.
Знаејќи го сево ова, сигурно ќе се прашате што се случува со медиумите во Македонија, посебно на тие кои не сакаат да бидат портпароли на некоја филозофија или став? Тие медиуми или намерно се бојкотирани од страна на на некои луѓе, организации или се комлетно уништени со кривични пријави. Скоро сите медиуми имаат врски со политичките партии. Денес постои еден медиум кој покрај сите предизвици и опасности да ја има гореспоменатата судбина, останува независен и пред се објективен во информирањето. Дај Боже субјективните медиуми да го следат примерот на ohridnews.com.mk и да разберат што значи објективно и точно информирање. На редакцијата од ohridnews.com.mk им посакувам да си дочекаат уште многу години успешна и цврста работа и да застанат како вистински бренд во слободното информирање. Им благодарам за нивното разбирање и огромната доверба што ја имаат во мене како автор на колумни. Да бидеме здрави и живи и да си дочекаме уште многу години виртуелно дружење.
И така драги мои. Денес се ви е дозволено, никој нема да ве искара ако направите хаос. Ич не ги заболе. Системот ја постигна својата цел : дури и непокорувањето стана еден вид послушност. Постои стара поговорка која гласи: „Од тоа што се плашиш, нема да куртулиш“. Е па мислете му ја!
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.