Амор аман. Аман ц ц ц ц. Шо зборвиш вака. Алал мор сестро шо ми го отвори очите. Добро бре кај нас кој е председател?А? Хорхе Дон Твистос или Гебелс? Иванов или Хитлер. Кој ни е ја водит држава Зајко или Чаушеску. Абре како сме дозволиле вака и во овај сегмент на жените да им прајме дискриминација. Добро бре луѓе зар малку сме ги и уште ќе ги дискриминираме за она горе – долу, над –под, пак сега сме ги и за плата?

Абе убо рекоја неколку сестри пред три дена дека ете ние како машки сме им навлегле подлабоко на жените….во дискриминацијата……па сега тие и помалку плата земвеле од нас мажиштата да би мачки не дрпале шо вака сме им праеле, да би. А искрено и по нив се гледаше дека се дискриминирани. И убетките од бисер им беа дискриминирани и онај кармин шо мојш да се лапаш, а да не се ваѓат, им беше дискриминизиран. Да не речам.

Мада види ко се подумав малку се сетив на милијарда момиња и жени на кои се сопвиме, а не ни теквит дека баш нив сме ги. Дискриминирале. Сврти се онде глеш жена кај шо балансират гуми во сервисон, сврти се онде…..ене видија….ене ене вработена во Нискоградба и копат канализација. Зато мене ко ќе ми се затнит шољана од комшине шо фрлет празојперје и шишки од пиперки, а јави се да ми пратат некој со сајла, опааааа џаааанг жена ми пратиле. Само и само ради то шо ние маживе нив сме ги. Дискриминирале.
Тук види вака. Кај шо го спомнав онај твистерон горе, Фред Астер, знајш дека гадно се заебав со него? Мислев ненадмината ќе останит мислана негова. Е која, она тогаш ко поврати дека ни требит “разумен компромис, а разумен компромис е онај кој бил разумен“. Или дека “немат ништо поуспешно од успехот“. Виш мозок. Јас шо ако имав успех кога тој успех не ми беше успешен.

Е јас реков ќе останит цар на веков. Ко то петокот ти се појавуват еден батка, кој искрено не ми теквит од кај го познавам, излезе и викат: “ Власта на Грција му го нудит името како што разголена студентка му се нудит на студент“. Си реков мајката. Шо му текна овај, кој и да е вакви големи мисли да кажвит, да не речам топла вода да измислуват? Шо ампа имат вака шо трасна?

Си велам….абре чоекот да возит 20-годишно Пунто, раскантано, па можда е и од мајка му, па му дуват промаја во глата, не ми се вервит. Не ќе да е така. И да го мават промаја немават во глата туку во бубрези, кичма, мичма и др. Ај си реков да гуглам малку да се сетам од кај го знам и дал е заведена ова прекрасна мисла во аналните…евааа грешка….во аналите на говорите. Абре кај да кликнев ерор 404 , фаце нот фоунд. Штета. Вистинска штета.

Мада уште поголема штета ќе е ако, не дај Боже, Господе златен спасителу наш, еден и единствен Господару, н е м о ј А м а н, да си дозволил Зијадин Сеља да излезит од коалицијава за реформа на НСРМ. Аман. Кој после ќе ни ја реформират скапанава држава. Чоекот мојт многу да напрајт зш имат цели, скроз, потполни два ( и со БРОЈКИ -2) пратеници.

Немој та црна судбина да дозволиш да не најт да не е на власт чоекот кој рече дека ние македонците сме сме варвари, како ќе се живејт без чоекот кој ни рече дека сме канибали? Мислиш ти ал не како ќе ми е мене ако во просперитетот мој, како Македонец, не ме водит чоек кој рече дека македонците ќе ги бркат од на работа и ќе вработивит албанци место нив? А? А шо мислиш ти…..ќе можам јас мирно да спијам ако од коалицијата го снемат шокот кој рече дека ќе го запалит македонскиот парламент? Стап ќе спијам. Зш го сакам многу немат да спијам. Зш сакам да го гушнам, да си го галам, да си го мазам и Џоле да си го викам.

Абе тој колку е азар за доброто на сите нас никој немојт да го заменит. Абре никој ни тој дури. Нити 10 Амди Бајрами нити 20 Лилиња Попоски, луѓе кој зрело размислувет и со мирна совест се шетет од коалиција во коалиција ко оние од тротоар на тротоар.

И слушај. Немој некој од денес на така Амди да го викал Кока Кола. Тој е Црна Чарапа зш та ојт на све.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите