Одма синко се прилагодвиме на новонастанатата ситуација во НСРМ. Немат мрдање. Абре ние сме гумени прилагодливи, да не речам ко омиленине гумени куршуми на директоркана Жугичка. Сега не би сакал баш да сум нејзин куршум з`ш ко шо се гумени Господ знајт како ги пикат, така да не би сакал да заглавам во….Сме гумени прилагодливи и не смеј ме да сме не свиктувачки, ко да сме од челик. Ко вистинскине шо ги барат Нонковиќ да се мават по македонскиов народ. И со право не му е жал з`ш пустиов тој не е Македонец. Не сум сигурен, мислам дека е гремлин, мислам дека е бургиндиец, незнам. Знам само дека од шо ги сакат ќе барал да се употребет ко ќе прајт некое весеље домаму како матури, свадби….и да ј Боже да му успејт. Ама би го прашал нешто…ко ќе престанит да е известувач, дал мислиш да се вратиш во НСРМ после таква изјава, Нонковиќу џ(Џ-со голема) Џубре едно.

Тук сине ние да си продолжиме со нашето. Значи од денеска наместо 47 грама мартадела купвиме 48,41 грам, ќе земиш не 4 туку 5,2 јајца, рсни таму не штеди купи 309 грама патлиџани, а не ко до сега бедни 300….е како бре з`ш бре синко, е како не ти е јасно шо прајме. Прочита ти или не дека од лани, годинава, просечно платата се кренала за 3 %? Е така. И одма се прилагодвиме на промените. До крај морат да ги искористиме бенифитите шо ни се даени. Ако давет чапај ако мевет бегај.

Види го. Не ми врти на политика одма. Не бегат Зајко, знајт шо прајт, само требит мене да ми објаснит з`ш јас ништо не го разбирам. Е како з`ш? Толку боја да се потрошит и пак на исто да дојме? Некогаш незнам дал е со негојте или со од Колета другарине. Толку џева пустион и испадна по она српската “тресла се гора родио се миш“, мада јас би го менал во “припотресао се Зајко родио се миш“. Сега да не речам дека Зајко роди глушец, зш прво биолошки е неможно, ама така ми гледат работава.

Абре “Екошпар“ помалку боја потроши, а напрај светски печки на пелети. Овај мана по све и сешто да молерисвит и пак Коле главен. А пустион и жал ми е. Се равчалија и тој и Рада 10 години, па да му се прдна, египетска пирамида да беше Коле досега ќе го урнеа. Незнам шо трпение ќе беше ова од луѓево. Се породивме чекајќи крастајчаров да је кренит НСРМ. Дури и Ван Гал ги смири навијачите на Јунајтед и освоја FA куп, а овај ништо.

Море жртви, море затвори, море шо не за пак на крајот да испаднит “ова дупче не е дупче“. Пак назад истата влада, пак сега за Залета нова борба, пак сега снимај шпиуни за нови бомби и пак ќе барал техничка влада. Можда пак пустиот пред да побарат техничка влада, требит да ојт на технички преглед? Не знам.

Само знам дека од другава страна се нешто се влечат потези за државава да ни станит Швајцарија на Балканов. Конечно се напрај клучниот потег за НСРМ да станит главна трговска трансверзала. Конечно нашава држава ќе станит најаката туристичка дестинација и конечно ние како нсрм-ОВЦИ ќе го прчиме и не ќе требит да работиме зш парите само ќе се сливет во нашите џепој како рекине по улици после есенски неочекувани дожџој.

Конечно се асфалтира пристапниот пат до кратовски Страцин. Конечно ќе се поврзит трговската трансверзала, да не речам коридор, кој од Страцин, преку Букурешт, Романија, Волгоград, Кркали дистрикт, Казакстан, преку Шинејист, Монголија, ќе стигниме до Шангај, да им однесиме од крастајцине од Зајко, а ќе мојме да набавиме од познатине патики “шангајки“.

Е сега од Страцин преку малото Лепановце, каде се асвалтира магистрала од цели 400 метри, патиките ќе ги транспортираме до Шопско Рударево и таму се асвалтираја 3-400-тини метри, директно во Швајцарија кај шо имат многу крави. Не не нас не не интересирет кравите, ами ќе ни ги дает лепешките од кравите и директно со шлепери преку Минхен ќе се вклучиме на уште една магистрала, исто многу долга, наречена Минхен- Кавра, кај браната Злетовица, преку Свирипичино, Крушодари, директно до плантажите за крастајци во Муртино, Струмица. Лепешките како ѓубриво ќе ги користиме за унапредување на крастајчарското производство. Е од тука пак преку Страцин и да не се повторвам, Шангај и си пичиме по атуобанојте и развивање на трговија.

Шо значит дека ние како македонски народ, со помош на крастајци, крастајчари, лепешки и многу лепешкари ќе ја крениме нашата НСРМ. Ајде народе не чекај, врти се во круг.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив