Море шо ти е животов. Сега си горе сега долу. До вчера беше Сулејман Величествениот, а од пред некој ден слушам на реклама ти станал кроасан 7 дејс и то не обичен, ем мини ем кроасан кој го следел кафето. Пуста Хурем шо напрај од султанон. Ц ц ц ц.

Абре да не мојш да ги разбериш ова луѓево. Сакет нешто да добиет кое добивајќи не го сакет, земајќи сакет да го вратет, а пред да го добиет се тепале да го имет, а ќе го заимет не го сакет. Ваков хаос во мозоков немам имано. А и да имам имано, немам имано до олку така да сега не можам да се справам со овие математики кој до сега ги немам имано.

Ко овие од СДСМ. Се тепаа со мандативе ко никогаш да немет имано мандати, а сега од ко ги имет испадвит дека имет немано мандати и сакет да ги вратет или поточно сакет да ги немет имано или не знам ни јас како да ги формулирам…..важно еве не ги сакет и си се понашет ко никош да ги имет немано.

А не ги рзабирам и овие шо ги имет имано последниве осум години и ќе ги имет уште бар четири. Ал ги сакет овие в парламент ал не. Некако ко со сила да ги терет да им влезат, а овие пак не им влегвет. Ако е така незнам шо се думет. Власт се. Ко шо ги избркаа еднуш на клоци и сега нека ги втерет с клоци внатре в парламент.

И онака не им требет дур имат тампони кој ќе пополнвет дупки и ќе кревет рака по наредба како Стевчета Јакимовски. Чоекот заслужвит да е фактор во парламентот и јас го поддржувам. Ме бендисвет луѓе како него кој за да ја остварет својата цел, парламентарна партија, не бирет средства, лижење, пушење, позајмвење на печати, пљукање по бившите другарчиња( ЛДП, СДСМ ) , драпање мадиња….е во ова е најдобар.

Знајт тој кај драпат само требит да пазит некогаш дан се затрупат со прфутот та да заминит во заборав. А пред то не му рекоа. Амети не се сети, а мојше да му речит да научит и албански да да бидит консензуален кондом. Ама ваљда му е јасно дека кондомот вршит ептем значајна работа. Битна за многу идни генерации, ама ко ќе си ја завршит работата го фрлет во некој жбуној да се исушит така.

Батали политики и сексој. Туризам. Омилена тема за охриѓанец и основната дејност во Охрид шо мојт да те напрајт миљонер. Како беше она поговоркана….ако по утрото така ќе си сркат…..не… кој другему гроб копа така ќе си легнит…..ти бре не….аааа да….ако по утрото денот се познават…да…..тогаш ќе имаме убав ден односно убава да не речам џам армиран, туристичка сезона.

И еве јавно прв јас можам да ви соопштам дека во Охрид сите туристички капацитети, сите легла, сите кревети и мандраци се закупени уште од сега. Ова шо можам да го соопштам е за мене голема чест зш знам дека вие појма немате дека е така. И да се разбериме нити многу нешто срчирав, нити бровсирав, нити инвестигирав ами на сред центара града Охрида, во центара на НСРМ – овскиот туристички центар видов олкав нааааааа рекламен билборд кај шо пишит – ТУРЦИЈА БЕСКОНЕЧНА.

И сега? Заклучок? А ја да видам. Логички. Кој будала или глупак од надлежните би дозволил да се рекламират друга туристичка дестинација во центарот на најголемата балканска туристичка дестинција, Охрид, ако не ги имаш сите туристички капацитети во твојата туристичка дестинација распродадено. Таков чоек би бил тиквар ако то го дозволит. Ама ете логички мојш да заклучиш дека се распродаени. Зато ко ќе критикуваш дека рекламираме други градој во Охрид немој со заклучоци да трчаш како Хорхе пред….ова..како прле пред магаре. Таков потег би бил самоубиство, харикири на туризмот во Охрид, наместо туристи би добиле рендани мадиња. Не така?

Абе то ти е исто ко на пример да ојш на пазар на некоја тезга кај некој шо продават јајца и да видиш табла на неговите јајца: ој купи му ги јајцата на овај до мене. Не е малку глупо а? Ако не ги имат сите продаено овај првиот неговите јајца не би клал табла да купвиш јајца од кај првиот негов комшија. Зш ако напрајт така, ко шо викаш ти со билбордов, комшијата би ги продајл својте јајца, а овај со таблата би останал така оџвргален со јајцата негови в раце.

Ние не сме прости да напрајме така да ја сјебиме туристичката сезона и да ни останат нашите јајца в рака. Или прфутот. Не така?

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.