Види види. Кочи малку. Немој одма со притресвење, напади, фарбање во разни бои, гдомнувања и други срања. Абре седи мирен. Тој лично им рече да го сликет, да го селфирет дур е на операциона маса и зато не туку ги колни сестрите и докторите од Гевгелија, посебно таа анестезилошко-фотогравско-фотошоповско-постирачка женичка. Едноставно го остварила аманетот на пациентот кој побарал да бидит сликан онака распаран во меон зш имал секакви слики ама вака рушен не.
Ам види го сега….не се гледал тој. Ама како да го кренет него? Ај жити леб кажи. Ако го испраеа ко ќе рснеа цревата на плочки и персoналот ќе се посрамотеше со таква никаква слика. Вака си е легнат, се гледат раната ко онакво од камила, а ако убо се загледаш ќе видиш дека покрај со раната и тој е не друг начин застапен на сликичката опната на FB од страна на она шо ја спомнав горе со појќе професии.
Еве не се нервирај туку убо загледај се и анализирај. Лево првиов шо го имат распарано глеш како ја ширит ранана? Еее така, да ми си здрав и жив. Ти теквит и тебе понекогаш само чоек требит да ти дајт мануел јусер гајд како на Хорхета и пак ќе ја посериш работата. Ете како ти текна. Ја тегнит раната за да мојме да му го видиме панкреасот негов. Е сега, оди на десно и гледај натака.
Она раскезенана со запчињана мили како зајаче? Ееее та го држит слепото црево од овај нарачателов, а ова е раскезена зш му е мало цревото на овега. Да ми си здрав и жив. Така. Даље. Тој до нејзе шо е ко Зоро го глеш? Ееее така. Баш тој шо му прајт ѕееееееее на панкреасот од овега….тој тој….приметвиш шојмат обесено на вратот? Не не не се слушалки, ај загледај се убо. Ај. Такааааа, баша така. Имат напраено ланче со жолчката ….
И ни остана ова шo e нај на крај. Се загледа убо? И? Не не не дванајспалачното, дебелото црево му е? И сега ај заклучок од све ова? Така брате, така, него го имат најмногу на сликава, а ќе наебет овие шо сакаа да му го напрает ќејфот на овај распараниов. Е како. Гарант ќе кркет драконски казни. Прво ќе ги опнат со по минимум минимум 400-500 денари од плата, ќе има забранат да прает појќе од една слика неделно и на крај ако не им ги земат мобилните јас еве на. А не….Тодоов немат да ги казнит зш тие нити пушеа нити мочаа надвор од школкана
И немој молим те не почви сега. Нејќам да прам муабет за политика. Никого да не ми го спомвиш, за ниеден нејќам да чујам. Никако ни за Зајко ни за друг. Абре мани го аман веќе. Е како зш. Слушај ваму. Море ти еден слушај ваму. Ако се случеше да не го аболицирет ќе бевме закинати од една благодет да сме современици на еден Молие….Милоери….Молер….не ми теквит како беше…во новата ера.
Па како зш. Прво и прво измеша поими. Грешно ја сфати шаренава револуција. Односно шаренилово. Се префрли на шарена држава. И му писна да ја фарбат државава град по град. Ваљда така ќе го избркат Колета, а му запна богами ко баба на депилација. Ваљда мислит ако исфарбат све ќе се збунит другиов не ќе знајт кај да влезит.
Мада неколку работи напрај убај за државава уште не дојден на власт. Ами ко ќе дојт……малеееееее. Па види вака. Прв во историјата на НСРМ ја крена гумарската индустрија. И то конкретно производството и продажбата на балони прв пат е повисоко од она на куртони. Изгледа тој не планират да не дупит ко сите политичари ама ќе не дует.
После то се отвори нова стопанска гранка и ја намали невработеноста. Вработи дувачи на балони. И на крај никогаш на олку високо ниво не била молерофарбарскава индустрија. И на крајот се покажа таман како трета опција. Зш преку онаквото ни беше 100 години од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Конечно на политичката сцена се појави БДСМ илити Бенетон Демократкси Сојуз на Македонија. Зш ни на Флавио Бриаторе не му успеа олку бои да измешат.
Дури можда ќе го решит проблемот со името и проблемите со милине грцишта. Да се мениме од НСРМ во НСРБ, Независна Самостална Република Бенетонија.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив