Абе колку си го сакам чоекон. Да не речам си гу љубам. Ама ќе речам. Си го љубам. Ова обзирен чоек ни бил ни ќе бидит. Од мал го памтам ко играше со топчињата меѓуножни в песок. Во десната рака држеше калаш, а пак во левата секогаш кантарот на правдата. Шо и да праеше кантарот не го пушташе. Обзирен и саосечаен чоек до дното на душата. Е требит од него да учиме како све се постигвит со мирно, со памет и со трпение.
Секогаш раката му беше мирна ко пукаше на припадник на АРМ за да не го ф`тнит. Паметно пукаше и никогаш не погоди женско створење нити мали деца туку важни припадници на бранителите на НСРСМ. А најмногу имаше и имат трпение како да ја сјебит државата. Еве веќе 20 години трпеливо си го прајт то ама никогаш не се напрчил да се фалит.
Туку пак со својата позната мирнотија се испрај гордо, пак со кантарот на правдата во левата рака, нормално калашњиков во десната за секој случај, се испрај и гордо рече: созреа времето НСРСМ да имат премиер Албанец. Зато Зотери Аљи Амети еве јавно Ви се извинвам ако некогаш лошо за Вас сум рекол, ако лажам корона нек ме имат фатено од некој скопјанец во Тинекс изминатиов викенд, да би гостин шо дојде викендов во Охрид в нос ми кивнал, три пати, да би гостинка ме залапала и со пљунка ме заразила ако лажам.
Ве сакам Шок Амети, немојте да вервите колку Ве сакам. Бубаче мое мило. Можда појќе и од колку вие шо ја сакате НСРСМ. Ова го изјавував при мирна свест и совест дури поголема од Вашата кога опервете луѓе шо Ве угнетвеа во нашава држава. Уште еднаш јавно: извините Господине Амети. Уф заборајв една работа. Од шо сте посветени на љубовта кон ова држава немавте време да го научите македонскиот јазик, немат да разберите дека Ви се извинав зато вака: Me fal zotni Аmeti.
Е така. Абе неможев. Ми тежеше на душава бре бате морав вака јавно да му се извинам на некогаш угнетениов командат, а сега можда иден премиер на држвава. Како ам. Па шо ако сум Македонец. To не значит дека сум издајца, нечоек, газо лижач и лажго. Не така?
Како? Имаме време бре. Ќе досјебиме све во државава. Шо да ти кажам? Колку е македонскиот час или полицискиот? Ааа имат разлика и то огромна. Е па полицискиот е лажен. Ех од кај знам. Гледам не сум ќор. Излгеда во државава јас и Боки 13-ка, Тито по ново, немаме дозвола да се движиме во тој полициски час. Не не…на Катица и дадоа дозвола. Да бе, Јанева, ама сега ја викет Ката Гашчана. Е од кај знам јас з`ш. Таа имат за настап. И Мицале имат, ма тој настапвит во ресторан. Да да. Зато море чоек думај со тиквата ко ќе зборвиш нешто. Не траскај зелени.
Ко сега за викендов шо се деси. Сите урла бабала на Филипчета. Ај заколни се во Алија и биди искрен. Кој тур оператор го наполнал вака градов за еден викенд? Ааааа….виде у ком грму зеци леж? Виде? Ајде сега јавно и ти да му се извиниш. Не само лупај. Све бре то беше смислено за да закрепнит Охрид, Струга, Битола…..посебно Охрид на економски план. Да се созејме малку.
И друга работа. Виде како Суљо го уби во коронана? Е зато ич нему се плаши. И плус то. Народ шо живејт наспроти манастирот на чудотворецот Св. Наум немат шанса да заболит од корона. Туку обратно. Сите оние шо дојдоа позитивни во градов, вчера ко се вратија се тестираа и ќе виш дека ќе испаднат негативни. Ко ти велам. Слушај ме ти мене.
Абре и со маските си беше све испланирано. Ака не е испланирано чуму карантин. Добро кај беше ти четвртокот ко не викаа сите охриѓани на плоштат. Е па и јас бев таму. Сите бевме. Си чекавме на ред на сите ни даваа маски и ни ги хевтаа на три места. За горната буза, за долната и за носот дан случајно ни паднат. Е сега уште попаметно. Онде кај подмоље имаше пункт. Како шо идеа гостите полиција им ги пленеше.
Сега де сега ќе ти кажам шо беше поентата. Ко ќе седниме во ресторан, кафич, секој келнер си ја знаеше финтата. Јас нарачвам кафе и бам нормална цена, 100 денари напрсток кафе. Еми зш имам маска значи сум охриѓанец и поевтино кафе. Немат маска? Опаааа….дојденец, гостин, џанг 200. Како ам. Мети си. Репај мајкаааа. И после само еден викенд градов економски опааа дранг на ноѕе. Феникс. Како да немало коронска криза. Еееее зато ти викам не брзај. Секое з`ш си имат з`т.
ЏИМИ
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите