Од среќа све мие равно. Среќен сум како мајка на бебе ко ќе видит дека се покакало кафеаво и потврдо. Ко ти викам. И да виш од дента ништо не ми сметат. Богами. Еве три четири пати поминат сум кај економоски, кај трњана шо се стигнати до пола пат и на секое врвење се драскам, се копачам и абе ич мува не ме лазит. И ќе врвам. Ќе врвам дур не му текнит на Шикалон дека требит ради безбедност да ги исечит. Ако пак не се сетит то да го напрајт ваљда ќе погинит некој таму зш ништо не се гледат и тогаш ќе морат да…
Море ништо не ми сметат. Ни туристине шо ми се мочет под тераса, ни шо фрлет ѓубре под колине дури и раскопаниот пат до зградана ми гледат како писта. Како ам. Влада добивме али шо. И то нова. Додуша не е баш нова ама нова е. На тој свечен чин ги собрав дома сите испеавме “Македонците се борат“ и си ветивме од тој ден како на прочка дека појќе нема да се пљукаме дур едниот спијат, дека немат ко ќе излегвиме од клозет заинет да му го земвиме гс папирот на другиот, дека нема под нос да си редиме смрдени чорапи…..абе сите работи си ги простивме како на прочка.
Зато шо веќе кога во нашава Република Македонија почвит нова ера морат и дома кај нас да почнит. Не така? Од неколку причини сум посран од среќа. Како на пример да речиме ме бендиса шо ете министер за одбрана е Фатмир Бесими од ДУИ. Кој подобро ќе ја одбранит државата од оние шо ја напаѓаја. А? Виш. Ги знајт сите финти за напад, сите дупки во државава од кај может да влезет и да…..Или пак ме бендиса трансверот на Колета Тодоров од образование во здравство. Од ко ги збудале сите професори и ученици со прекрасните реформи во нашето ни образование тој ќе си ги примит во клиниките и лесно ќе мојт да им ја поставит дијагнозата. Ако не едно маја гери и па па.
Послем….со избор на старо новата влада продолжвит проектот Скопје 2014. Да бе. И сега очеквам во Скупје да се поставит најзначајниот споменик: Цар Самиоил и неговите 14000 ослепени. Таман. Ќе си се пополнит секоја дупка шо остана празна.Како ам. По еден квадрат за секој војник то се 14000 квадрати…..тууууууу ти ибам то лепотата.
Уште не почнати со работа ете се донесоа некои закони кој одма Република Македонија ќе ја фрлат во незапирлив прогрес. На пример законот за знамиња. Да бе. И наше и албанско само шо ќе се оформит единица кој ќе се качвет на бандери да мерат дал се албанските помали од македонските. И сега кај е есапот? Со ова се решават проблемот на безработицата. Толку и толку бандери по двајца вработени…..тиииииии…не само 25 % ко шо велит Коле, невработеноста ќе се намалит за 99,102 %. Мхм.
Ете поефтина и зелениот картон. Сега имат само годишен зелен картон. Зш ние богативе македончиња едно едно сме во странција. Не сме застанати. Да бе. Е сега очеквам и сигурен сум дека и то ќе дојт. Да се намалат телефонските импулси за меѓународни разговори со Буркина Фасо, Либиска Џамахарија, Тували и многу други држави кај шо е полно со наши сонародници браќа и сестри.
Ете од 18 на 5 % се намалени даноците за туристички услуги. И ова е добро. Зш ова година бар Охрид е удаен во туристи. Да не претерам ама негде над 19 % капацитети се досега пополнати. Е сега со ова намалување јас би клал и едно зголемувања на ДДВ. На гс папирот. Би го клал од 18% на 50…море на 70 %. Е ова од причина шо колекторот не ни е баш среден, а во нашиов Охрид кој стигна какат и колекторот се оптоварвит ептем. А со зголемување на ДДВ за гс папир ќе се намалат какативните активности и на туристите и на жителите посебно на политичарите, на глава на жител , по единица чмар , а со то ќе се намалит загадувањето во самостална Република Македонија.
Како и да е ќе тргнит работата. Шо бе ќе тргнит, та е тргната сега ќе пролетат. Нормално со Коле на чело и со Божја помош. Да бе. Премиерот беше во Св.Петка и рече: „Се надевам со божја помош, многу работа, труд, посветеност и одговорност, да бидат постигнати целите кои треба земјата да ја однесат на повисоко скалило“. Да бе. Рече и запали свешча за Македонија. Само не видов дали ја запали долу или горе.