Добро е. Уф. Неспав месеци. Сега спијам како бајче. Море како бебе. Спијам се помочвам и не осетвам зш ми е нарајат душата. Браво за ЈСП. Браво за Коцета. Браво за Жерновски…..грешка. Жерновски бркаше магла немојт да го најт чоек. И то шо прајт пресој ни мое ни твое , сакам кажам незнам речам.

Ама сепак браво. Пензионерите го добија и недела како ден во кој ќе се возат бесплатно. Њама платно. И така требит. На популацијата врз која треба да се гради иднината на НСРМ требит да им се дает вакви…..какам….уште поголеми благодети. И то оправдано. Како ам. Потребите нивни се сврсисходни и неодложиви и морат, не само заради нивни успех, ами и преку нивниот успех, успех ќе си имат и нашава држава.

Пензионерите требит да пријавувет испити три пати девно. Панзинерите секој втора недела имет по две недели колоквиумски недели. Како 95 годишните пензионери ќе им однесат кифли и јогурт за доручек или пак обична посета да напрает на својте родители ако немет бесплатен превоз? Како?А? Како?А? Браос. Еден голем браос да е. Браос.

Од шо се прерадвев за пензионери замалку ќе забораев дека се потпострав од радост со Бучккота. Секс…уф….екс премиерот. Неговата алијанса прокламира политика на нова позитивни енергија и нов ентузијазам и то со нов тенк. Шо реков? Нов тенк? Незнам од кај ми дојде ова. Как да е му вервам. И се надевам ако дојт на власт дека ќе организирт дочек на нова година, шо ќе не потсетит на огнометот во Струга пред неколку години, кој беше организиран повод на новата територијална поделба, за која сега тој истиот какат…..пардон…ојт во WC.

Негде прочитав, не се сеќавам каде и од кого, жими Самарас, дека сме биле задоволни од новиот веб сервис за вработување. Да сум појасен како Тупурко шо беше. Значи овај веб сервис го посетиле многу премногу не вработени кои барале работа и некој изрази задоволсто од истото. Аферим, ашколсум.

Јас не сум задоволен. Морат во све па и во ова да ојме на нагорен тренд. Како е тргнато овај веб сервис ќе бидит се појќе и појќе попосетен, се до оној момент дур не се мафнет младите од НСРМ. И ќе се разочарам. Зш во држава ќе останет само оние шо се возет бес пари и невервам дека тие ќе се вработвет зш ќе го изгубет право на дечкиот додаток.

Е рака на нога во Охрид немат бесплатен превоз за популацијата која НСРМ ќе ја кренит на ноѕе. Кај нас се возат коли. И следствено на то се паркирет. И следствено на то се паркирет и на погрешно место. И следствено на то имаме пајак. Пајак. Пајаци сите имаме дома зш не мојме да варосаме.
Јас зборвам за камион кој го викаме пајак зш ни ги креват колите. И ко прочитав дека од први јануар кренале само 32 ( и со зборој трисет и две ) возила се разочарав. Абре кој бедни 32 возила? Дали е то нормално. Абре кревај све зш ко ќе се вратам дома немам кај да се помочам, кај да фрлам ѓубре, па недај боже сега со грипов мојт и дриска да ме фатит. А јас кај ќе се искупарам ако имат возила. Само тро да свртит и позади општина да видит како е.

Мада сум оптимиста дека ова ќе земит засил заради пораката на фискална од ко ќе ти кренет…..возилото….ПОВЕЛЕТЕ ПАК….алал да им е. Ам ак лажам еве на видете … http://www.ohridnews.com/vesti/65850 ….. санќим ме почастија со ќебапи. Важно вие повелете пак ние ќе ве репаме. А то шо немат Охрид ни газот кај да го паркираш без да платиш, не e битно.

А да. Заев беше во Валандово и рече дека ак дојделе на власт ќе ја департизирале држава, зш во моментов НСРМ била држава на партиска книшка. Да бе. Све шо било ВМРО-вско ќе го мафнеле, од чистач до министер и ќе клаел негови луѓе односно од СДСМ. И така требит. Зш тие шо ќе ги клат Зајко СДСМ немет книшки , ами се зачленвет на гас папири и СДСМ не е партија туку друштво на незадоволни поединци шо не се на власт. И вистина е така. Во моментов она шо Зоранчо го викат партија и опозиција на све личит само на партија и на опозиција не. Можда грешам. А? А ако грешам нека изгорам.

ЏИМИ
[email protected]