Останавме без имунитет пред заразата од себичен индивидуализам.

До тука сме стигнале. Мој живот мое право. Како вистински либерали(поради себе) можеме да го наметнуваме ставот “Јас мислам дека било кој, кој е против било каков начин на живот, едноставно многу греши”. Прочитајте го уште еднаш и веднаш ќе го прифатите од проста причина има современа, новомилениумска целна група, простете, целна единка ЈАС. Мое тело мое право. И престанете, немој да ми попувате би изјавила една урбана феминистка на патот кон гинеколошката ординација (бидејќи за жал немало 100 насто ефикасно контрацептивно средство па забременила).И ќе биде една од многуте кои тоа го направиле -чудо големо! Уште вечер ќе може да се забавува по ноќните локали а веќе за неколку дена повторно да биде сексуално активна. Дете, што ќе ми е дете?  За нервози! За главоболки! За непроспиени ноќи. И ова што го имам е доста а и маж ми е против вели друга жена! Да се заробам “свесно” а може да уживам, да напредувам во кариерата.Читам државата ќе го забранува абортусот. Во ред!

Но исто онака како што сметам дека деца за пари и поради пари не треба да се раѓаат(за деца треба место во срцето) исто така сметам дека никаков закон нема да го спречи абортусот. Закони постојат  против кражби и насилства па секојдневно ги има. Проблемот не е во законот, проблемот е во совеста. Пилатите на денешницава истите оние кои на друга жена во ист месец на бременост контролирајќи ја   и велат дека се е во ред истите тие на оваа другава  ќе и помогнат да го исфрли плодот небаре се работи за зараза! Мислам на гинеколозите секако! 
Еден ваков закон ќе ги направи екстрапрофитери.  Воедно ние цивилизираните еманципирани женски персони ќе докажеме дека сме со помалку совест и образование од простите, неписмени домаќинки наши баби и прабаби, да не  одам подалеку.

Како инаку ќе објасниме дека во денешно време со сиот овој напредок во сите сфери бројот на абортуси не се намалува туку се зголемува? И ако некогаш тоа најскришно го правеа несреќно прелажаните девојки денес на прагот на третиот миленниум тоа го прават жените  во брак! Кој е сега малоумен? Оние кои по слободна волја и сопствено убедување го одбрале мажот со кој сакаат да го споделат животот со “некакво “оправдување бегаат од одговорноста која е последица (абортусот не е причина туку последица). Ако таа важи за зачувување на работно место, за правилен ток на нештата тогаш повеќе од сигурно одговорноста е суштествена во односот на правото на живот. Ако ја тргнеме за некои најбитната компонента религиозната, онаа според која животот почнува девет месеци пред раѓањето како израз на благодат,  бидејќи човекот е жива икона Божја, што им останува  на антропоцентричните ако не оваа прашање да го разгледаат од етички аспект. И повторно се доаѓа до истиот резултат кој го штити човековиот зачеток. Без разлика дали ќе се повикате на деонтолошката,консеквенционалната, на теоријата на доблеста или теоријата на правото, секоја од нив дава ист одговор. Правото на живот е во основата на секое друго право! Со попрости зборови:За да имам право на избор,право на образование,право на чиста животна средина,право на ова или она јас треба да сум ЖИВ.Значи правото на живот мора да се оствари за да ги реализира сите други права!  А пак ние од “најеманципираните” до најтрадиционалните немаме аргументи со кои ќе  оправдаме и  одземеме нечие друго право на живот! Ако мислите дека не се работи за живот од првите мигови на зачетокот грешите! Телото само го фрла или му смета туѓото тело. Би добиле сепса ако она што се развива во нас  е заразно, мртво какво ли го мислите? Сите ние колку не имало и не има на земјинава топка, имале и сме имале и ќе имаат ИСТ развоен пат од зачеток до раѓање. Нема (барем засега) друг начин. Па мајките во замрзнувач не ги чуваат очите, рацете, нозете па ги голтаат во првиот, вториот или третиот месец или можеби ги лепат? Икс,Икс или Икс Ипсилон си го знае развојниот правец, не грижете се!

На нас жените е дали НАСИЛНО ќе го спречиме развојот или ќе оставиме на свет да дојде нов човек. Ако погледнете во правниот законик секогаш, ама без исклучок секогаш, злостор извршен врз бремена жена има поголема тежина отколку таа да не е. Се смета како злостор врз најмалку двајца.Драги девојки, жени, чувајте го сопственото достоинство и здравје. Немој да бидете убијци на јас би рекла тројца најмалку. Се убивате себеси во детето, го убивате мажот во детето и најбитно го убивате неповторливото човечко битие детето во детето. Зарем не е премногу? Од друга страна мислите за себе за своето психичко и физичко здравје бидејќи ако не двете ама едно сигурно ќе  нарушите.

Женските друштва би требало помалку да се занимаваат со торти а повеќе со едукација на  жените  за заштита од најразлични тортури. Да се борат секојдневно мажите да ги вклучат подеднакво во одговорноста околу бременоста. Лесно е да се рече тоа е женски проблем, но не е и не треба да е! И државата треба да даде алтернатива. Доколку има жени кои немаат некакви услови а сакаат да го родат детето, државата треба да излезе во пресрет. Да отвори прифатни центри, да овозможи вработување, да се грижи за намалување на трошоците на семејството (на милион начини). Законски да ги притегне сите мажи да плаќаат алиментација ако до таму дошло! Значи не да нуди закон без алтернатива туку со, бидејќи абортусот не е проблем само на поединецот, семејството, државата туку и на нацијата во целина.Ќе ја има или не! Да не му се поклонуваме на новиот бог на денешницава Стандардот на кој свесно му принесуваме невини жртви  а несвесно забораваме дека ако ништо друго а тоа имаме дом, топол, бескрајно грижлив, извор на безусловна љубов- мајкиното срце!

                                                                                                          

                                                                                                    Ирена Чакареска
                                                                                            [email protected]

                                                                                                  (ова е четврти мој текст на
                                                                                                            на оваа тема Би напишала
                                                                                                            уште четири илјади само
                                                                                                            да сме побогати за една де
                                                                                                            тска насмевка)