Мајка пусто. Колкав да си дете и си. Не се имаме видено зш не сме мрднати…мислам мрднати сме шо дозволивме олку кал во малава, ама не сме мрднати од дома. Си се секират и та. Ко шо бев јас засекиран за струјава шо поскапе и паника ме имаше фатено дур не излезе онај, Господ здравје да му дајт и памет на Ваљон Сарачини.
Ја трасна изјавата….“Со поефикасно затоплување, поефикасна изолација и поефикасно осветлување може да заштедиме од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу 700 гигавати-часови“…и жив остана.
Кажа чоекот дека то за поевтинвење од глата да си го избришиме. Како ам. Арно ама имало чаре поскапувањето да не ти е поскапување. Паметен дечко бе. И во право е. Непендеци сме. Шо било ова данк климите, печките и се шетаме голи по гашчи распашани. Морат полека полека да се навикниме како шо ни рече Ваљонче.
Чекор еден: поефикасно затоплување. Решение: имат неколку. Климата наместо на 24 степени, се уклучвит на 13 и земаш четири ќебиња, војнички ѕиври и волнени чорапи и си ужуваш гледајќи телевизија ама не цела програма. На пример вестите не цели. Само најавата и па па. Оние пак шо се со парно на струја, наместо цел радијатор да горит со 10 ребра, ваѓаш онолку ребра колку шо имаш членови во фамилијата и матинат секој по едно ребро в гас и добиваш внатрешно топлење. Башка кај да ојш низ станот ти е топло.
Чекор два: подобра изолација. Решение: најлесно. Најлесно ами како. Шо кој таков дремиш и ги калапиш парите под перница. Наместо да купиш леб и четири зденки денес за богат ручек ќе си купиш нова ПВЦ дограма. Абе толку коштат, ама ние не знаевме, ова детево од Сарачиновци ни кажа. Ко ја кажа ова изјава мислев дека му се гнасни ушине ама то ти било мозокот шо му течел од вишок шо го имал. Зш народецов наш не дека немат пари, туку не му теквит, арнооо ама си имаме ние вакви ајнштајновци да ни кажат. И да ти кажам искрено со ова изјава го заеба и покојни Кљусета ко ни рече да се откажиме од машините за перење.
Е сето ова ни го кажа Ваљо стана од прес конференција и ги згасна сијалиците во салата. Симболично ни кажа дека не очекват деној на живеење без светло, дека самостална Република Македонија ја очеквит мрак. Фалимендери шок Ваљони.
Во мрак во мрак ама многу од парите ќе заштедиме. А пак со заштедените пари ќе му излезиме во пресрет на, за греота, многу сиромашните свештени лица. Така бар рече, дека се сиромашни, Преспанско Ресенскиот владика Петар. И искрено Перица е во право. Зш пази не е лесно тек така да се одржвет толку мерцедеси, аудиа па и понекое волво. Само за бензин кизнајт колку им требит…пример..Кутри тие. Пак сиромајот владика се дрзна и го искара македонскиот народ дека ја обезвреднил духовната храна, а од друга страна давал по 10 000 евра на пиење и јадење на свадбите. Ам ај тебе да ти ги втикачиме, за духовно да не нараниш.
Убо кажа чоекот. Ама една работа мене ме скокотна ко плачеше за пари. Зш нигде пустиот тој не ги спомна огромните средства со денацинализација вратени од државата на црквата???? Им се врати и то шо требит и то шо не требит. Зш бре дедо владико не спомна ништо за црквите кој не се клаени под заштита како културни споменици дека никој од македонската црква не ги ни опулвит, а не да ги реновират. Така пропадвет. Шо е напраено напраено е со пари од народецот напатен. Еве на пример ова година не купвите “мишелин“ зимски гуми за џипојте тро од тро ќе подновите бар едно мало црквуле. Или нив ти ги давет за здравје?
Незнам бре Петре дал имаш слушнато за слоганот од УЈП….“твојот данок е твојата иднина“. Е ко ќе почните ти и твојте другарчиња да шетате на погреби, на венчавки, на крштевки со фисклани апарати и за славата ко ќе ти в тикачам на гладно срце 500 денари, а ти да ми дајш фискална , јас лично ќе се заложам да ти се помогнит.
Јас незнам како можеше бре владикива без никаков срам и намус да барат пензија од државава. Никако не ми влегвит в гла. И кизнајт колку време ќе се думав ако не беше свеченото отварање на триумфалнана порта. Конечно и та блесна. А низ неа се се гледаше како блескат Аце Великион. А до него блескаше и МЕПСО. Убајна.
[email protected]
рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на
OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.