Слушај ме ваму. Предлогов морат шо побргу да го дајме во собрание да почнит процедурата дур не пукнала позицискава коалиција па после пак да ојме на избори, пак ова, пак она. Ти кажав како. Само ова е спас за Македонија.
Значи прајме дупли избори. Ќе употребиме европско знаменце и на првите избори одбираме кој 120 души ќе се цел живот пратеници. До смрт. На вторите избори ќе гласаме кое партиско име ќе го носат. Дали СДС дали ВМРО и решена работа. Секогаш истите луѓе на власт само да гласаме, да менвиме име. Оние шо ќе се на власт ќе морат да лажет, а опозицијата ќе кукат и ќе лает против другите. Како досега. З`ш еве гледаш дека овие 30 години нас ништо не ни менвит кој е власт кој е опозиција. Истото се зборвит како и да се викет. Вака бар ко ќе ги клајме доживотно ќе се нафатирет и ваљда некош ќе престанет. Не така?
Ти викам. Морат да се реагират з`ш незнајш утрото шо носит. Ноќта е трудна. Све се менвит. Еве Мицко ја мена теоријата на Каракамишева кој тврдеше дека младите се селат заради невозвратена љубов. Мојт и то да е точно з`ш последниве години многу љубови завршија на сметка на една глобално популарна заедница.
Е арно ама сега Мицко велит дека младите бегале ради егзистенција, ваѓале бугарски пасоши, а не ради не возвратена љубов или национална припадност. Не вервам дека е ради то. Кој завршен доктор не нашол работа како таксиста ај наброј да те видам? Или пак кој прајт поубав бурек од дипломиран економиста или правник. Јас немам сретнато друга држава кај шо имат поспособен келнер од градежен инженер како кај нас.
И сега види. И ВМРО и СДС се напаѓет кој е заслужен за ваквата превработеност во НСРСМ. Е сега да немат забуна јас само ќе ги потсетам дека овие 30 години тие најмалку беа на „влас“ и не се криви, а најмногу на власт беше Лабуристичката партија. Таа е крива. Бранко е крив.
Дури Мицко рече дека ко ќе сме влезеле во ЕУ, здравје Боже онаму негде во 2070 година, сите ќе ги искинеле бугарските пасоши. Гарантирам – рече. Пази море Мицале. Еве ти уште една провокација кун бугарите. Одма ќе скокнат за кинење на пасошите на луѓе со бугарска припадност и данк пак некое вето. Та после и 2070-та ќе ја сонвиме.
Како шо ќе го сонвиме Ибрахим Ељези кој од Мицкота беше предложен за вд.заменик директор на КПД Идризово. Се испречи кој ако не вечитиот кочничар на ВМРО, СДС. Излегоа на прес и пролааја дека Ибро ти лежел затвор 4 години за трговија со дрога. Абе Господ да чуват и да бранит.
Па токму таков чоек ни требит за затворот да го водит. Ги знајт сите дупки во Идризово. И од кај бегет и како бегет. Башка и бизнис момент имат, а и лошите работи од улица ќе се тргнет. И овие од СДС не се разбрани. Јес дека чоекот напрајл нешто лошо во животот свој и за то си одлежал колку шо требит. Молим. Како велит Владо Јаневски во негована песна: Секое лошо за добро е. Ам како.
ЏИМИ
П.С. Следува летна августовска пауза. Ќе одам со Баба во Катлановска бања.
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите