Ај не туку ми го напаѓајте Мицко, Мицале наш. Ај не туку тресите зелени дека тресел зелени. Наводно според вас, хејтеришта едни исхејтеросани, лупал ко Максим по дивизија за состојбава на НСР(С)М. Грешка. Не ко по дивизија. Па како да знајт кутриот дека држвава не ја криминализира СДСМ, дека СДСМ мојт да ја докриминализират. Иначе од мајка си е криминилазирана. Фабрички.

Од кај да знајт чоечето дека неговите сегашни сопартијци владееа цели 11 години, дека неговата матерална партија цела деценија прислушкуваше, приведвеше новинари, притвораше неистомисленици, немојше да скријат убиства…А? Од кај да знајт? Како мојт чоекот да знајт дека Зоне плаќаше мермери, a редеше стиропор, вработвеше сопартијци пекари за началници на МВР, дека…..можда како сега шо се прајт. Ама од кај да знаааааајтттт????

Нерви искинав. Како кога он није из одавде. А и вие врло веома много добро го знајте то. Како мојт да знајт кога до пред некое време беше долгогодишен член на лабуристичката партија во Папуа Нова Гвинеа, Папуаа е на месечина и живееше таму и ништо од овде, ништо од то шо го праеа неговите другарчиња и сестра му Зоне неможеше да сумит. Дан му се сона? А на месечина немат ни интернет ни WiFi ни мифи ништо.

И џанк право од месечина падна како председател на ДПМНЕ во една непозната за него држава и состојба во неа. Иначе јас сум сигурен ак беше Мицале во државава последнава деценија не ќе се бламираше вака ко сега и не ќе велеше “подржми го копилево да се искарам со ороспијава“.

Вервите горам од желба, сакам да изгорам за да ви вратам шо сте хејтери и само мразите некого. Многу горам. Сега незнам дал горам ко Зајко шо горит од желба да кажит како е организирано мажењето на Зоне во Унгарија ама сепак горам. Абе чоеков ко жарче да е. Гореше да кажит и за “Смилковско езеро“, не кажа, гореше и за…..абре нека кажвит побргу жал ми е искрено дан изгорит од пусти желби пепел да се сторит. Скраја да е.

Тогаш ни МПЦ не ќе не` соберит. Жими Господин на квадрат. А глеш шо сторија пустите? Само за арно наше влегоја во бизнис. Како ам. Незнајш? Ар пред месец дена купија парцела од 9000 квадрати од државата. Мада не ми е јасно зш купвија ко државава им поклони све живо и диво, ко на слепци освен дневнана моја. Ко им поклонвеше не ми беше варосана иначе ојде јабана и та.

И да ти кажам паметен потег. Во паметни работи ги вложвит парите од народецов наш шо како глупи манијаци фрламе пари по икони, носиме масла, донираме за цркви….Абе 100 кратно ќе ни се вратит све ова. Јас колку шо разбрав уште малку на крштевка за 50 евра ќе клавет во леѓенине и топла вода за бебињана. За 100 евра ќе те венчет и одма џанг бебе ти давет. За 200 веќе и вградинка заодено. Ама така де. Не ќе прајш деца, пак прај глупи попкрети в кревет, па стенкај, пак диши забрефтано, пак после то да се заплакниш ак е зима таѓаците котка и на крај џанг цигарето во уста и пак: “злато како ти беше“, санќим со комшијата беше жена ти. Прашај ја на месинџер ебате беља.

Како рече? Асоцијации? Ај ај пак….Фискална…поп….ДДВ..прогресивен данок….ај уште нешто… дрпање народ…..Мијалков? А не. Чек….ахам да бе да….МПЦ…да бе да се сетив. Некој филм од Спилберг ќе да е. Да да. Ам шон рече одма мерецедеси, крадење народ. Криминал. Абе види вака. Шо знајт поп шо е криминал. Шо знајт политичар шо е криминал. Фукај пари и носи.

Не бе. Не се секирај. Кај и да е ќе се средит. Не бре то е вагинален дим. Дур речиш оториноларингологија ќе се средит. Ќе дојт и то време.

Како? Е па дотогаш пијај си дијазапам…не….дијапазам….как да е …. пијај и тушкај си!

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите