Ич бре. Ич да нeјдаш. Не бре. Ни петок, ни другиот петок…ни петокот после 5-6 месеци. Не. Не одам странство. Ем така де. Зш? Абе не те лажам еве јасно ти кажвам и пренеси им на сите другари и на родителите мој дека ќе сум отцепен од светов уште некој месец. Ар ти реков не одам странство. Не не….ни Сенди не не погоди. Камо да не манеше Сенди, полесно ќе поминевме. Не…ни торнадо…туку ни прает канализација и водовод нов. Е како сме оделе дома? Кој како. Јас например некогаш се договорам со планинарсконо друштво и ме носет како ќе стигнет. Да, не се секирај и за храна се снајџвиме. Секој втор ден со хелихоптер ни фрлет од црвен крст хуманитарни пакети. Как да е ќе преживејме уште некој месец.

 Ете зато и јас како и многу други посакава да сум американец. Никош до сега то не сум го посакал ама овај пат ете……за све имат прв пат…така велет. И то да ти кажам искрено од ко мана Сенди на Њујорк тогаш посакав да сум државјанин на најголемиот миротоворец во светот. Америка. Ам како. Е зш баш сега? Е зш да не де.

Сенди ги мана, а нив види за чудо све им функционират. И директен пренос имавме и интернет им работит и телефонија. Абре све. Ние со една канализација овде сме одсечени од светов санќим на Магаро снег не фати. Нивната Сенди е полесна од нашава работа овде. Кај нас ни Сенди ни Менди, интернет паѓат ко ненормален, телевизијава ми сецкат баш таман Руни да шутнит пенал и јас пена на устава фатив. И да ти кажам поарно да си бев таму по улица ајкули да ме бркет зш побрзо нив ќе им избегам отколку на инкасаториве кај нас. Таму и да шетнале неколку ајкули ќе се најт дерман, овие нашиве инкасатори, извршители….бетер од партизани се. Тук ќе ти скокнет од под скали, од зад врата, од кањонон шо е ископан за канализација и  водовод. Море ак требит плочка за на влезна врата ќе се напрајт и ќе те чекат. И не дај Боже нас Сенди да не манит не за друго, по улици наместо ајкули ќе почнет да шетет влошки, тампни, шпорети, кондури стари, бубањи од машини за перење, празојперје, скапани компири  и други ситници шо фрламе во езеро и в шоља.

Иксрено во мојата намера да станам американчиште некако ми даде потстрек и Хиларка Клинтоница. Видија ти неа шмекерка!!! На Хорхета наш му се јавила на телефон и то доцна навечер. Шо толку важно имаше да му кажит. Џанам убо шо му се јави, ама не толку касно, требит да мислит малку и на реакцијата на г-ѓа Иванов. Мојт во незгодно да ни го пикнит председателот. Ама сигрен сум дека та немат чуено дека е женски глас, зш ај жити леб мислиш дека ќе му вервеше дека е Хилари. Абре бегај таму. Кај касно пак од Америка пак Хилари.

Нејсе се јави шо се јави Хиларка ами многу не пофалила. Алал да и е. Многу било убо шо толку многу сме се ангажирале во НАТО, во Авганистан ама пак не прочитав дека ќе имат за то некој фит бек. Не дека не имет како магарено ко ќе требит некоја работа да се завршит ама бар то кутро ко ќе донесит дрва ем ќе го погалит газдана ем ќе му дајт карамела. Овие само не фалет и ништо не давет. Да ни даеа бар солени стапчиња. Ако не пак нек продолжет ко досега…. бес сол…само стапчиња, а ние….

Здравје. Ќе влезиме и ние  некош и во ЕУ и во НАТО, а дотогаш требит да го поминиме законот за бранители кој досега ако не се лажам имат едно 100 000 амадмани. Петров вода мојт на Аметија да му носит. Ај шо поднесвет амадмани и не го сакет овај закон  тук пак си се сакет во коалиција. Посебно ме бендиса изјавата на Мехмети шо кажа дека сепак требит да сватиме, ние копуциве, обичниов народ, дека  тие и покрај све,  биле патрнери, партнерски се однесувале, партнерски не се согласувале и партнерски се спротиставувале. Ко нејасно да ми е. То ти е исто ко женати, како брачен партнер,  да ти речит….да, ние сме брачни партнери, ама партнерски не ти прам јадење, партнерски те мрзам и партнерски не ти давам.А???? Само дали не се доискажа Ермира или јас не разбрав едно. Дали ако поминит овај закон и пукањето ќе е во духот на партнерството.

“……..Во празниците, кога се чистеше црквата немаше ни влага, а разумни луѓе ја чистат просторијата односно самиот храм, така што немало од повеќе влага за да може со месеци да се самочистуваат фреските. Јас им благодарам на сите што си земаат право да коментираат, но нека ја остават црквата за црковните прашања, рече г.г. Стефан……“

Вака рече дедо Стефан за чудото или пак за нечудото, кој како си сакат нека си есапит, во Св.Димитрија за самочистењето на иноните и ни порача, така речено, да не се мешаме во црквните работи. Сполај му на Бога шо толку памет му дал на дедо Стефан да ни кажат да се држиме понастрана од црковните работи. Арно ама јас за него ќе му се  помолам на Бога да му дајт  тро исаф и тој да се тргнит од парите на народот, да престанит за шо ќе стигнит да не цицат, за мала молитва, за голема молитва, за крштевка, а и да му речит на попојте да не ми давет  ишарети на излегвење од црква да фрлам некој денар на икона. Ако сакам јас то ќе го напрам сам, а не некој поп да ми намигвит ко некоја  фукара од кај зградана на  МРТВ. И малку исав со денационализација и на то шо требит и на то шо не требит. Да имав контакт ќе го прашав дали се подзамислил зш се појќе и појќе луѓе за некој обреди, ај да речиме крштевка, одет во католички цркви? Јас незнам. А тој ?

 ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.