Е ова е бре држава оваааа….ваква ја сакав. Ваква и никаква поинаку. Ако некој ја менит ќе се изнервирам и ќе постапам кo секој патриот, ко секој Македонец. Конечно ќе го грабнам кубурот од појас, дојде време, ќе го тргнам настрана да не сметат, сам ќе си купам вазелин и ќе се натртам убо да не се мачит тој шо ја растурвит држвава. Е паааа доста е бре луѓе. Доста му е на македончето. Па челик да бевме ќе попушевме, попуштевме де.

Ова го немат и во Америка кај Трамповци. Абре дур само Венко ме бранеше од короната ми беше убо се осеќав сигурен некако ….Ама од последниве изјави ко видов и Мицале дека се грижит за мене, за моето здравје абе….абе….абе коронава ко сестра си ја осеќам. Ко дел од мене. Ко ништо да не ми мојт. Верви ко го чув то се купарев на шоља и проливот абре секна наеднаш. Одма. Дури сношти ко ненормален седев пред влезон на зградава имав посолено бибер и кој како влегвеше киваше, а јас вдишвев. Сега молим те ќути си за ова дан ме разберет и ќе ме акнет во кластер “Бибер“.

А шо име е то. Ако ми го дает то име ќе си пукнам шо не сум влегол во кластерот “Мекици“. Мада мислам дека фалит во името и сирење. Ама не предложвам зш мојт Мицко на прес да ме сјебат да кажит дека е неодредено то име, да барат дал сирењето е овчо, дал кравјо, дал мешани, па бијано…

Да не го замарам туку да го остам да се сконцентрират да ме чуват здрав. И зато не јајте трици дека чоекот манипулират со датумот на избори. Дека бегат од избори. Не, не и не. Нему му е јасно дека народов воошто не зависит од то дал имат нормална влада туку ….абе шо ја дам јас трици ко во секоја влада се техничари од разни средни школи то и го заслужвиме. Мојме и вака. А потреба од некоја јака одлука, бам Стево вонредна џанк одлука на Влада ни моја ни твоја. Зш ова влада сегашнава техничкава ми е еден викат другиот не слушат. Дилит од вибер, блок на скајп…

И во право е чоекот шо барат одложвење за средина на јули. Абре не напаѓајте остајте го да истрчат уште еден круг ко кокошката. Не одма да се дајт. Така ем ќе ги задоволит барањата на притискачите ем на негојте членој. Така ем пак ќе дозволит да го дупат ем пак ќе се покажит јак ем ќе си го издупит членството ко секош. Зш една недела си е една недела. Многу значит. Некој луѓе да се испосексаја една недела покасна немаше да се родат некој од овие килавиве шо ни ја водат државава. Спас.

А Трујар Османи незнам зш е љут на покачвење на бројот на заболени. Тој важит секогаш за смирено чоече. Како шо рече смирено за Бајрамот дека мојт верниците да се џипет кој кај сакет да не почитувет ништо јас очеквев и сега да е смирен. Та со благ глас и зачешлано тупе да подпризнајт дека и тој носит вина за новите кластери. Не не да се промрквит да се предимислуват, туку да признајт.

А за премислување вервам дека ДУИ ќе се премислит за премиерот зш и вервам дека ова е она старата “Плаши Али децата и од СДСМ и од ВМРО“. Не бре луѓе ќе побарат нешто ради реда ко на пример некој тендер за неговите другарчиња, да го поткренит процентот од 10 на 30 %, можда и презимињава наши да се менат од Петкоски на Петкичи, така нешто ради реда за мир во државава и соживот. А и шо да напрајт ќе напрајт за сите Албанци. Во ова е докажан. А некако шо зли језици оговарају дека се борел само фамилијата Тендеричи.

Ти викам ради реда. Зш и тој сам ко го се испазари за командантавет Форина за председател на собранието рече дека све е исцрепно од договорите. И е. Јас во то не се мешам не се секирам шо и до каде е исцпрен, не сум сигурен. Ама сигурен сум дека на овие шо им даваме мандати глајте 100 посто им се исцрпени.

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите