Ко слушнав за ова, дека сме големи пушачи се осетив ептем некако горд, ко надуен да не речам. З,ш и јас имам придонесено за големиот рејтинг на Република Македонија како пушачка држава. Ми идеше вгради да се мавам, дупка да си напрам како дебрчанине. И не само јас ами сите македонци секој со свој начин на пушење имаме придонесено за вакво котирање на Република Македонија. На табелата на пушачи. Да бе. Баш така. Сите сме на некој начин пушачи во нашата Република Македонија.
Јас например пушам секогаш. И сабајле и навечер и со кафе и без кафе….Имат некој пушит само навечер. Некој само сабајле. Еве на пример Лила од Кочани дојде Охрид з,ш таму немало многу кафичи кај шо мојт да тргат а онај мажје нопак не ја остават дома да му пушит. Му солзеле очите….да би в золза се удајл. Ама виш се снајде жената. Ако немојт дома да пушит кај мажје, си ојт во кафичиве и им пушит на толку луѓе шо се натре, а никој збор не и викат. Како ами. Придонесвит за пушачкиот рејтинг на Република Македонија. Или пример не вервам дека Боки 13 – ка пушит в кола. Нормално ами како. Му сметат воланон. Мојт да се измешат со рацете шо да фатит. А ко ќе не возит гарант тргат ко смок. Придонесвит Република Македонија да е…
Е сега едно ме чудит. З,ш после олку пушење на македонскиот народ од Република Македонија уште не немат во НАТО во ЕУ и други западноевропски институции? З,ш уште, и покрај толку висок рејтинг, пушачки, не не имет признаено под нашево уставно име Република Македонија? А ние се рушивме од пушење. Секаде пушиме. И на шалтерине по иснтитуции и во продавницине коа ќе ги видиме ценине на призводине. Попушвиме и ко ќе ни дојдет сметкине дома посебно она за струја. Ако децана ни побарет да им купиме нешо и тогаш пушиме з,ш шо да побарет е скапо и морат да запалиш, да попушиш. Сега на пример јако попушивме ко се зголемија камативе од кредитиве. А тек шо ќе бидит ако манит некоја инфлација….па па па. Секој град ќе е ко Велес. Заачаден. Од пушењето на макеоднскиот народ во Република Македонија.
Ај сегде ама и секој пушит. И требит да се почнит со давање награди за најдобри пушачи на Република Македонија. Пример јас би предложил, ако веќе Бранко ги заборај оние штедачине од ТАТ, сега на овие млекариве од Свед милк Коло несмејт да заборајт да има дајт награда з,ш во моментов немат луѓе шо од нив појќе попушиле. Плус за да бидат најголеми пушачи во Република Македонија најмногу им помогна баш тој. Коле. После не смејме да ги заборајме пензионериве. И тие саде попушват. Пак пустиве ем стари ем секаде пушат. З,ш со онолкава пензија шо им останвит друго освен да пушат. И то сегде. И во аптека и по ординацине и во…сегде бе сегде. Ова само како пример. Имат уште многу кандидати за наградата најголеми пушачи на Република Македонија.
Е сега некој ќе речит не е доволно само ние како народ во Република Македонија да пушиме ами требит и политичариве наши да пушат. Ама јас не се сложвам и тие да пушат. Зашо ти е се задолжени за друго. Тие се они кои требит да ни обезбедвет услови за ние да пушиме шо појќе и појќе. Е сега можда, како за пример можит да тргнет два три пати од цигарето и да ни го дает ние да го допушиме или попушиме. Е ако вака тераме до крај, политичариве да создавет услови а ние како народ во Република Македонија да пушиме шо појќе и појќе, гарант ќе не признает под уставно име. И слободно тогаш можит за цел живот да останиме како ПЈРМ и да ги шиниме оние од ПТГР ( Поранешна Турска Република Грција ). Убедени ќе се дека ПЈРМ е Поранешна Југословенска……а вусшност ние ќе си сме Пушачки Јака Ребулика Македонија. Како ами.