ПРЕД СКРИПТУМ
ГОСПОД
да им дајт
СИЛА
на семејствата во Франција и цел свет кои имаат некој загинат во тероризам, да го издржат она шо не можат да го сменат
ПАМЕТ
Да го сменат она што можат
РАЗУМ
Да напрает разлика помеѓу првото и второто
(Господ да ги простит недолжните мртви)
ПИСМО ДО КАЈ ШО ТРЕБИТ
Здраво драг Франсоа Оланд
Во овие тешки моменти знајме дека глата не знајш кај ти е, ама некој како нас од НСРМ, земја која зависит во развојот од тебе и сите други лидери од цела Европа, која не ја гласате да влезит во ЕУ (не знам ни дал требит да влезит) заради глупостите на Поранешната Турска Република Грција, мислит на тебе и ти нудит помош.
Помошта ја научивме од вас, сите европски демократи пред 15 години кога многу арно ни напрајвте и многу арно видовме од вас. Зато ние од ко видовме арно, благодарение на вас, се молевме сите вие да видите арно поголемо од нас Македонците.
Она на шо сакаме ние да ве поучиме за да го решите проблемот е прво да напрајте координативно кризно тело и то одма, итно, да не поминит појќе од месец до два. Во то координативно тело обавезно поглавица да го клајш Хавиер Солана. Тој можит да ти затребит, можит не, ама мораш да го имаш.
Ако не дај Боже влезите во директен конфликт со терористите, тој е специјалист да најдит колку сакаш автобуси за префрлање на терористи од едно на друго место, за да не се откријат на првото место случајните американски инволвирани со сила и со ќотек. Ама ова ќе го напрајте ако му се јавит Обама, а ако ти речит без да се јавит да знајш дека е камен пијан и не знајт шо зборвит.
Прај ко шо ти велам зш ние сме ептем искусирани. Во тимот ќе го клајш и Робертсон. Во даден момент тој ќе кажит дека тие не се терористи туку ептем загрозени борци за права. Исто Робертсон е специјализиран, беше на аџилак во Америка за фрлање на анатема. Анатемата ќе се фрлит на секого кој после неговата промена на терминот во „борци за права“ речит „терорист“. А ќе се манифестират со појава на херпес на јазикот.
Никако тепање на терористите по гла. Никако. Само по газ. Ако ти убиет некој бранител на земјата, ти дај му уште два да оперет. И нека пазет твојте ко ќе употребвет сила. Да не е прекумерна. Ко ќе го акнит некој тер…еве ќе закачев херпес….борец за права, секој твој бранител да ја измерит силата на ударот и со минимум 10% да вратит. Нормално ако преживејт. Ако не, ова не важит. Нагласи му го ова.
После следвит шетање или постручно речено шепуро – бадијалџење. Ова се прајт во моментот ко ќе дојт Фуере и ќе се шеташ како паун и ич такво да не те болит дур твојот народ се плашит за својте деца, татковци кои се мобилизирани за да игрет карти со борците за права. Ова ќе ти го речит Солана. Слушај ме ти, не туку какај. Значи ќе преговараш. Ама земиси вазелин зш пржит. Многу.
За некое време од ко ќе завиеш во црно илјадници семејства ќе оформиш независен суд, нормално меѓународен за да имат непристрано судење на борците. И да осудиш некој од борците после некое време ќе им дајш амнестија и на крајот почни со интеграција на голем дел од борците во новата француска влада.
Ќе побараш податоци од командантот на борците да ти дајт статистички податоци кој борец колку убил од твојте бранители. Дан заборам ова кај шо ги спомнав твојте бoрци. Ко ќе завршит све, немој да си им дал пензија зш одма ќе ги кренет сите пет и немат да работет. Е сега можда не сите пет туку онолку колку му останало дур ги тинтрал борците.
Значи според статистиката кој опрал најмногу одма данк министер за Одбрана. Напрај до овде како шо ти викам и шупи си. Со тек на време ко ќе дојт момент за то ќе ти кажам за понатаму. Сега напрај го ова и ќе видиш колку арно цела држава ќе видит. Бар ние видовме ептем арно од вашите совети порано. Зато да дајт Господ вие 100 пати по арно да видите од нас.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив