Е така. Уште останвит ние да ми отвориме сметки. Ама трошоците за отворање на сметките да паднат на товар на НСРМ. Тие немат потреба ни да се појавувет да се потпишат. Еве јас ќе свртам еден круг ќе напрам гајрет и ќе се вратам до банка. А шо велиш ти ? Само да прашаме комшииве во шо валута ќе им префрлат да знајме дал девизна сметка да им отвориме или денарска.
Алал да му е на Храдинај. Тој не ти бил премиер, тој ти бил премиер и пол скоро дава. Одма ќе им префрлет зжш ете и министерот им Хамза рече одма ќе се префрлат зжш УЧК немат време за чекање, то шо им останало им е време за убивање. Абе косоварите имет многу пари, преполно пари. Нагло им се зголеми буџетот после јаката стопанска зделка шо ја напрај ја со најголемите демократи на светот, Американцине, како и со европејциве, ко напраја зделка со чоечки органи.

Да бе да, ко ти викам. Да знаев и јас ќе го даев делот од дебелото црево шо ми го изваја, а не да го фрлам Струга во ѓубрено. Е сега ќе земев помалку пари ама колку сакаш ти за црево со дупки.
Е тука не си во право. Добро како мислиш одма да реагират нашава влада ко неколку дена немаа телефон луѓето не можеа ни дома да си се јавет да прашет дал помалиот се посра, кафеаво ли е зелено ли е, до кај е свекрвата со пиперките за ајвар и други важни работи.

Иначе одма ќе се затрчаа и ќе реагираа ако не друго кај нивниот амбасадор шо е во НСРМ. Бар нему можеа да му ја акнет нотата. Не бре како протестна. Ти будала си. Не ќе расипвиме мубает со “Републике е косовес“ заради неколку убиени кај “Диво насеље“?! Не биди нетокму. Не трчавме ние први да ги признајме за сега да се караме. Не бадијала цело време им прајме фелацио, туку да не се редиме во трошоци за лубриканти ко ќе ги викниме на “Котката питката“. Да си поиграме.

Тук друго мене ме мачит. Кој ги сјеба скопските песој? Абре како не ги сјеба ко ојдоја јабана, ко без бубрези ќе останат. Кај ќе мочет пустите тие ко “Паркови и зеленило“ мајка му плакаа на дрвата. И сега клај се во нивна состојба да преташ ко заклан, а бешиката полна со мочка. Не бе….не така. То си било во програмата на град Скопје. Програма напраена уште од времето на Коцета. Не не. Тој не ја напрајл туку овие од СДСМ го сумиле дека на пауза не мочал в клозет туку по дрво се инфиртриле да го шинат. А Пере ако почекат со менвење на доректори можда и глај ќе сечат.

Е сега дојде време не време Коце ќе редит лего коцки наместо бекатон коцки и мојт да наебит Петре пусти. Мада тој појма немал дека се сечело. Арно ама од кабинетот на Перете им стрескотија на секачиве и им рекоа од сега шо и да прает одма да му кажет на Перета зш колку и да не сакет сега тој име татко на градот.

А песојте ќе ги спасит Пимен. Ептем тој ги сакат. Замисли во моментот ко го стегаше прасето ко се мрсеше до папук му напрај селфи на прасулето и ги запраша од “Анима“ шо да се прајт со песојте бездомници. И тие уште не му одговориле. Абре оче голомеше, ам ај бре христијану наш светол намали од то мрсотијата на гезмина и ете дај им пример на здруженијата и напрај прв еден стационар, а не на чедата твој да ги им кажвиш наместо тебе за прасулето да ти се напнет да се напнале према градоначалнициве.

Ам те се напнати за тебе зжш тебе мешето толку ми ти е напнато шо ако пукнит ќе ги сјебат сите кучиња во Скопје. И не барај кинези да носиш, зжш да менеше малку ти наместо кртина да каснеше и ти од некое куче? А Пимене? Не за друго онака ради триглециридите, холестеролот, умот, алчноста, незаситноста….А? Не Пимене, не. Не ни требиш ти. Кинези сакаме. На шо дереџе си дојден мислам дека Кинезите и литургија поубо ќе држат од тебе. Бар немат да се мрсни.

И не обвинви дека прасето тие изваено низ нос. Тебе и на твојте другарчиња со мерцедеси немојме ни игла низ нос да ви истајме. И да се решит некој да ти ваѓат прасе низ ноздринките твој ќе имат за ваѓање цела кочина и то појќе од Пекабеско. Остај тро пресветли оче да каснет гладните, а ти префрли ми се на некој птичар, јазавичар, далматинец,  така и на “Анима“ ќе им помогниш.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите