Еј ало брачед ми…. до кај си ? Прекинвит нешто. Алоооо. Е сега те слушам. Аааааа…..Подмоље…..Мирен…знам дека немојш да поминиш тука….абе реков мирен не какај многу. То шо го гледаш ти, не е то, туку као ние во Охрид ги реновираме улициве, а им прајме на туристиве тур де и околу Охрид да се запознает со природните убајни на…..абе смири се требит да возиш. Знам знам дек е блокирано, ама слушајме. Ајде јас ќе те водам само уклучи на спикер фон зш ак те видат…

Значи сега ојш лево да влезиш Подмоље. Акууу акууу е планина така се стигвит до Охрид. Е сега вози дур прочиташ Лакочереј. Ајде чекам. Е така. Сега вози право па првата лево и ко ќе стигниш до Свирипичино јави се. Ајде. Стигна? Браво. Е сега врати се назад Лакочереј. Абре не пцуј, така ти реков зш од Лакочереј неможеше да свртиш одма десно, забрането е, а сега од север мојш лево за исток. Ами не ми се дери мене прашај го Бакрач зш сега се реновирет улиците, не мене.

Сврти лево ? Е така. Сега право вози дур не прочиташ Сарамзалино. Знам јас каде е, не туку се дери. Така се стигвит во Охрид за летнава сезона ова година. Вози и не мрчи. Знам дека се измачи ама не е лесно да се стигнит во Охрид….не не не се дери немат шанси да потрошиш појќе за бензин од престојот во Охрид, зш ко ќе стигниш, здравје Боже можда задутре, ќе виш колку е едно пиво.

Ам колку е….досаден си, вози…колку два литри бензин едно од 0,33. Ам како мислиш ти да пијаш пиво и да имаш прекрасен поглед на бразилцине шо летет светлечки играчки. Не мрчи вози дур не стигниш до Сарамзилино….стигна? Ај сега пичи преку Прдејци, па Пирава….абе не галами нека пишит снашката ….Како? Ам нека им закачит на децата деметрин нека заспијат и нека пишит. Е така. Значи, Прдејци, Пирава, Удово, Нов Дојран, Стар Дојран, Николиќи, влези во Грција и излези кај Меџитлија, па шибај до Лескоец пред Охрид и јави се. Абре не те лажам јас не сум Латас.

Е сега од Лескоец шибај до кружниот тек за влез во Охрид па одма лево по Ристо Чадо…..Сврти? А и стигна. Не се нервирај. Знам дека таму е забрането ама така се знаците. Сега десно преку оранжерите оди низ нивјето за да…..абе знам дека не си со трактор ама и ние така ојме. Е сега ќе излезиш на асфалт таму имат еден на Питу Гули шо стојт со знаменце. Тебе ќе ти се гледат дека креват зелено знаменце за да поминиш ама така стојт една недела зш камен е пијан зато полека преку четирите шахти и две цефки за канализација. Ме разбра?

Така требит де….стој сега кај дупката ќе се вратит булдужерот на рикверц и требит да ти го скршит задниот десен штоп. Левиот???? А мене десниот да би…отерајго во мајчина. Абре не дерими се мене ти реков….Бакрач ја прајт цела работа. Неееее кочиииииии. Не десно. То шо пишит “скопјани педери“ деца го имет напишано. Ти лево врти. Ајде врти врти и не јади трици…луѓе идат од Холандија, од ваму од таму истово го вртет, додуша голем дел од нив загинвет по дупкиве, не пак ти од Скопје.

Е сега преку бараки и пичи преку “експресниот пат “ до Трпејца и назад. Како? Не не аку гледаш 20 авотбуси не се то туристи. Секое сабајле заминвет по 20 до 30 автобуси, то се млади од НСРМ одет странство. Да де. Преку нос им е во државава да им е убо. А нееее. Не туку ми викај ко Сарма на Сител, мажје на Цаци. Не се дери. Знам дека немат експресен пат ама ти прај се дека имат. Јасно? Не не. Не е то споменик како во Скопје. То е контењер полн со ѓубре. Е од кај знам јас де зш.

Е сега кај кружниот тек сврти четири пати па крај езеро. Е зш четири. И јас сакам да те подупам малку. Нееееее не се лампиони. То се бели пеперуги на сијалици. Абре знајш ти пеперугана како….е така од ларва во палмите станвит пеперуга и после оп под палмите жена со големи цицки како на Хаваи. Ам како…мислиме ние на туристите не се куропецаме. Е така седнете си кај сакаш и напите се нешо зш јас немам ништо ладно после дојте дома. Ам сега колата….ја искрши ја искрши то е финтата.

Зш ова година сме поспремни за туристите сите говнарии да ги осетите во едно возење. Е па сега ти види. Се надевам пак ќе дојте. Ако не ене го селскин Дојран со патишта писта со ниски цени, со уредени плажи оди таму…..како? Е де знам дека помина покрај него и мојше да застаниш пред 4 сати ама тој е селски а Охрид е монденско место. Како ам. Шооо? Нејдаш пак? Нејдеј да ти се прднам во то туристите скопските педери, мрш говедо едно, ко слепец те водам осум сати…….абре шо сакате вие? Дан сакате бре езерово Скопје да ви го донесиме и капачи да газите наместо ко досега пешаци. Ак сакаш ој кај грциштана за исти пари и вози само право по рамен пат како шутрак и каписе во сол. Смрден еден.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.