Па да. Е вака одлучив овај пат. Седум години пишам колумни за “„OhridNews„. Пред то некоја година за “Вечер“, пред то неколку инцидентни, кој како сакаше да ги објавит во дневните печатени медиуми и ај да кажам дека десет години ме читате (мада појќе е ама ај пљукни му се). И некако секогаш ја истурав душата за она шо не ме бендисвит ама појќе сакав да кажам нешто во името на народот во името на читателите. Сега решив да напишам една ваква.
За оние шо ме пратат од почеток ќе се сетат дека пред еден век излезе една моја колумна во порталот “Ајвар“ ( го поздравувам Стронг и Мастеркилер), чиј сопственик го заврши својот живот уште непочнат. Слава му. Таа колумна се викаше „DON’T YOU ДАВАЈ ГАЗ МЕ“. И одеше под рубрика “Призма“. После то следвеше “Вечер“ под раководство на Предраг, рубрика “Јас мислам“. И да. Го добив централниот термин во двобројот за викенд. Дојде Глупатас јас си ојдов. Не ни сакав некој кој е фелационистички расположен кон секоја власт да ме цензурират.
При една пригода, пијав кафе во аеродром во кафичот на Гордана Нацева со Искра Трпева (најмилата моја другарка) и Зоран Витанов (почит кон него и фала му ) од Социјалистичка партија на кого му било понуден термин во истиот медиум да пишит колумна. Чоекот ми рече дека после она шо го прочитал за то шо јас го пишам не сакат да пишит. Едноставно мислел дека немат да е читан.
А не. Не сакам нарцисоидно да се прикажам. Сакам да кажам друго. Дека после една деценија и појќе сакам нешто да кажам мене шо ми тежит, а многу помалку вас, мои драги читатели ( како баба Рада шо велит) без кои јас би бил обичен Латас, непочитуван и нечитан. Уф ќе забораев. Си ојде Предраг од “Вечер“ , а јас од дома му реков на Латас, дека мојт да вовлекуват, а не да пуфкат во однос на мене и соработката со мене.
Реков ќе кажам мене шо ми тежит. И ќе кажам. Извините ак ве удам. Ама ете решив да кажам дека и јас покрај сите мои настојувања да ги прикажам работите, сатирични, иронични и комични за шо полесно да ги поднесиме, имам нешто шо ми тежит. Имам нешто шо сакам интимно да споделам со вас, нешто кое и покрај смеата шо ја предизвиквит мојот пишан збор, сепак е се то трагично. И не ми е криво да ви се отворам. Зш сте мои.Ако пишам све, а вие читате ќе ве избркет од на работа. Многу ќе е. Ама она шо сакам да кажам е дека последниве години, ај да речиме три години, покрај други работи одам и на погреби. Освен двајца, другите шо ги погребавме едвај имаа 40 години. Мозочни удари, инфаркти и триста други причини шо ни ги тргнаа нашите луѓе од нашиот секој дневен живот.
И ако едно време ко ќе одев на погреб на така млад чоек не спијав една недела, сега ми е исто како пред 20 години ко ќе ми речеа дека тој и тој имат мајасол. Демек ќе поминит. И она шо јас сега во моето отворање према вас сакам да се прашам или заедно да прашаме некого…….мислите ли бре тиквари едни зш сето ова се случвит?
Мислите ли бе нарциси дека во НСРМ се умират за јадење? Мислите ли бре аждери дека легвиме со математика како да вратиме пари, од каде кредит да земиме, како тој да го враќаме……и на крај. Лажови, безобразни, никакви, од 1990-та наваму, свесни ли сте дека не сјебавте и дека ради начинот на живеење кој вие ни го неметнавте лакомци едни, кој префрли 50-та година требит да добиет Оскар за долг животен век во НСРМ. Баш така. Ма то е SCFI, научна фантастика да се преживејт 50-тата.
И ве прашвам сите вие шо толку години ни ветвите дека ни е убо, ама ние не осеќаме зш или вазелин не сме се намачкале или дека ни каснет рецепторите за убајна, дека ради вас е ова? А?
Па дајте бре имајте мадиња и излезите и извинете се на сите фамилиите кои изгубиле чоек заради инфакрт на 40 години, мозочен удар на 42 години, на фамилиите каде девојчината им станале проститку на 16 години за да можат да купат патики, за пукањата сред бел ден помеѓу тинејџери зш овај на онај му ја опулил девојка во цицките….да бројам уште???? Ме разбравте или не? Не вервам. Ниеден од вас за овие 20 и кусур години не сте прошетале низ град без обезбедување, покрај контејнери, покрај депонии, покрај, пазари и покрај продавници кои продавет леб од завчера за пола цена да видите дека баш тука е сконцентриран македонскиот народ.
Е па зато пишам. Зш ме болит. И то многу ме болит. Околу мене све се вдојци, вдовици, сираци, питачи, деликвенти…….аааа да ..искрено не сум ни јас далеку од некоја од овие категории……аааа да искрено…..сите сме блиску до овие категориии….. Ме болит. За нас ме болит. За народот ме болит. За мене ме болит. Е да. Тука сме на иста бранова должина со вас големите од 90`та наваму. И вас ве болит за нас. Ептем многу ве болит. За нас. Искрено ми идат да го извам кубуров и да ве отерам сите……чек звонит инкасаторон, да му платам све шо требит со си камата, да му се извинам шо неам платено па ќе се вратам да ве отерам у 600-то……..мада незнам зш. Чек ми падна кубурот.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.