Шшшшшш…..затни то камарата да слушнам временска прогноза. Абре знам дека и тие лажат ама не од корист ко политичариве. Заполти то камарата чек: Денсека времето во Северна Македонија ќе е доста променливо посебно во западна Северна Македонија. Во северо-источна Северна Македонија ќе има ветер, а во југоисточна Северна Македонија услови за дожд. Во јужна Северна Македонија ќе стигне влажниот бран од од југоисточна Северна Македонија и со ветерот од северо-источна Северна Македонија, ќе се придвижи кон северено-јужна Сверна Македонија.“ ???????? Разбра бре нешто ти? Шо бидна со македонијава наша ја разбарушија, појма немам сега кај врнит, кај дуват, кај е наша кај е нивна, а најмногу појма немам ЗШ???? Како? Ар полека ќе се менат многу работи….пример….велам пример….МРТ, сега да е СМРТ, следствено на то би дошло наместо СДСМ да е СМРДС, наместо ВМРО да е ВСЕРО, абе све си идат на место. Она шо со години си го знајме, а не е озваничено, сега ќе ни дојт. Преку гла.

А тебе шо не ти беше јасно? Е како? Како мојше да не го разбериш баче Риста Буле ко чоеков си образложи многу убо во својата изјава, јасно концизно и недвосмислено. Ар не палардсви јас ќе ти објаснам, 116 пати ја слушнав изјавата за паркинзите, само молим те сконцентрирај за да не ме прашвиш нон стоп.

Значи според анјштајнов следвит вака: Ние до сега зона А и Б , а не како сега тоагаш зона Ц. Зато ние поевтинивме на Ц аку ја немат Ц, ама можевме и зона Д, ама не. Зато ние во зона А и поефтино, з`ш Северна Кореја Бомба не. А Јане Сандаски А со, Трамп зона Б, аааааа тогаш да, поефтино со не. И кога за зона А, ако е дневна влошка, значи Б зона е, а зона Ц не. Е сега го прекинаја во изјавата и не се доискажа му фалеше уште да речит: паркинго масовно паркинго на сите на цел град.

И сега жити леб шо не е јасно? Значи ако ти се наплаќат паркинг и в клозет мојш да имаш паркинг, а ти е поефтино зш плаќаш ама то не плаќање зш ти е поевтино ама не е . Е да му се прднам вака рече советникот Ристе јасно гласно недвосмислено и таман. Санќим Цицерон даде изјава. Луѓе…шо појќе вакви во раководни структури и не Северна……ами ќе станиме ЗВОЌМ илити Зад Вратата Од Ќенефот Македонија.

А неееее. Тука си грешка. Ќе ти објаснам зш. И овде ко кај паркинго на виделина излегвит масовноста. А шо помасовен си поголема можност имаш да тргниш во напад. Е зато не си во право за то во Грција. Виде напад за одбрана на името ? Виде масовност за да не го дајме името? Абре Господ златен секој викенд да ни е и продолжен и издолжен и секој викенд да ги нападниме Грциштата.

Зш види, ко ќе ојме по плоштади за одбрана на името, не дека не сме масовни, се собираме негде двајспечес патриоти. А ова брате е друго. Јуриш 50-60 000 патриоти на напад кон Грција и изненадити непријатеља и напасти га сплеште. Како ам. И удри по нив со шо мојш да стигниш, абре со све шо имаш во тебе: со еври, со долари, јени, леки, ирански динари, наши денари. Како ам све шо да им фрлиме им влијат. Тие зш целите се напраени уше и сконцентрирани се да слушет, а не да гледет, и ние подмукло дур не гледет фрлај то парите под шанк, зад шанк, мавај бакшиши….абре ќе ги сотриме.

А за да им ја испејме “Едно имаме“ ќе почекет малку. И колку појќе чекет не гледет толку побргу ние ќе ги сотриме со еврите. Корен немат да им остај ме.

Тук станви облекви се понеделник е, се вратија патриотиве од Грција ама гарант сношчи многу касно легнаја и можда не может да станет та јас и ти да ојме да протестираме пред некој институција…..ар која било….ак сакаш и пред млекара. Санќим 30 години не слушат некој. Станви ајде да сме ние двајца масовни.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите